Автор Тема: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive  (Прочитано 39488 пати)

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #255 на: 27 Јуни 2023, 20:47:20 pm »
Мераклија човек.
Никогаш не вели никогаш.

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #256 на: 27 Јуни 2023, 22:16:24 pm »
Е ова се вика мерачки друже, ке рече некој времето кошта бла бла, али сигурен сум дека послем ваква операција идеш искулиран и напунет со витамин среќа и исчистен мозок од секојдневни срања :D

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #257 на: 27 Јуни 2023, 22:46:06 pm »
Tebe covek da ne te ostavi sam vo garaza :)
Alal neka ti e meracki si go cuvas vozilceto.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #258 на: 27 Јуни 2023, 22:49:42 pm »
Да му е мерак човек кола да ти донесе 😊

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #259 на: 28 Јуни 2023, 07:24:24 am »
Само пофалби, милина за очи, мелем за душа
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #260 на: 27 Октомври 2023, 21:19:35 pm »
Мало тизерче за блиска-блиска иднина, надајмо се на доволно слободно време.



Постов најмногу има за цел да направам споредба и да видиме однос цена-квалитет на деловите тука и Немачка. Деловите се набавени од daparto.de, освен оние кои не се. Шала на страна, daparto.de функционира така што листа одреден производ во сите продавници во кои е достапен, со најниска цена па нагоре, по продавач. Е сега, има мала цака во поглед на доставата, односно баш во мојот случај еден од производите го платив нијанса поскапо (правам муабет 2-3 евра поскапо), за сите продукти да бидат од еден продавач и да платам достава само еднаш, која чинеше 7 евра. Поточно, ако заштедев 3 евра на делот со нарачка од втор продавач, ќе платев 6-7 за достава. Небитно, само сакав да ја илустрирам можноста.

Планирам вака - ќе излистам што е набавено, по цена од daparto.de, па цена од autocentar.mk затоа што само тие имаат некаква цена на веб страната и трета колона цените на autocentar.mk, намалени за 20%, пошто досегашното искуство ми кажува дека деловите локално ги набавувам со мање-више таа цена - 20% поевтино од педерите.

Одам со ред.

Продукт:                                                         Количина                   daparto.de            autocentar.mk             -20%
- Свеќички Hella 8EH 188 704-231*                       4                         7.48 (460,00)              632,00                   506,00
- Задни амортизери Optimal А-3912G                     2                       43.68 (2.686,00)        7.066,00                5.653,00
- Преден десен амортизер Optimal A-229GR           1                       41.22 (2.535,00)        3.474,00                2.780,00 (Нема Optimal, цена на Monroe)
- Преден лев амортизер Optimal A-229GL               1                       41.22 (2.535,00)        3.474,00                2.780,00 (Нема Optimal, цена на Monroe)
- Буфери и лагери Denckermann D600229              2                       18.82 (1.157,00)        4.038,00                3.231,00 (Нема Denckermann, цена на NTN SNR)
- Стабилизатори Optimal G7-1527                          2                       17.56 (1.080,00)        3.028,00                2.422,00
- Држач за мотор Delphi TEM003*                          1                       20.83 (1.281,00)        2.429,00                1.943,00 (Нема Delphi, цена за Swag)
- Пумпа за вода Valeo 529515                               1                       39.89 (2.453,00)        5.047,00                4.038,00 (Нема Valeo, цена за Ina)
- Манжетни на амортизери Meyle 6146400010        2                         9.66 (594,00)           1.388,00                1.110,00 (Нема Meyle, цена на Sachs)
- Сајла за куплунг Sachs 3074 600 146                  1                       18.95 (1.165,00)        3.281,00                2.625,00
- ПК каиш Conti 5PK900                                        1                         5.70 (350,00)              947,00                   758,00
- ПК каиш Conti 4PK765                                        1                         6.52 (400,00)              915,00                   732,00
- Бобина Bosch 0 221 503 472*                             1                       67.30 (4.139,00)         8.169,00                6.535,00

Вкупно:                                                               20                    338.83 (20.838,00)      43.888,00              35.113,00

*деловите се за Опелот, не се на сликата

Разликата е следна:
- daparto.de со autocentar.mk, 23.050,00 денари
- daparto.de со локалната продавница каде стално купувам, 14.275,00

Многу. Еве, заради bulk price, локалнава да ми даде дополнителни 10% попуст, 31.602,00, што е разлика со daparto.de во износ од 10.674,00, ШТО НА ОВОЈ СТАНДАРД И ПЛАТИ, Е БЕЗОБРАЗЛКУК. Квалитетот, еве, не го земам во предвид, туку чисто цената, иако на листата има инфериорни делови по репутација кои би ги купил од тука. Трета работа, која исто не ја земам во предвид, е достапноста на деловите, која во најмала рака е questionable.

Доставата би ја пофалил. ДО МИНУТА, БУКВАЛНО, кога кажаа дека ќе бидат доставени деловите, тогаш стасаа, прописно спакувани во голема кутија.

Е сега, кога ќе имам слободно време, ќе имам занимација и следува...



...по следнот редослед:
- глицерин
- задни амортизери со заштитни гумици
- предни амортизери со манжетни, буфери и лагери
- стабилизатори
- центрирање
- пумпа за вода
- антифриз
- пк каиши
- уље
- филтри

Сајлата ја земав за резерва.

ЕДИТ: Табеларниот приказ на мобилен е shit, пошто од компјутер пишав. Додавам слика од истата.

« Последно менување: 27 Октомври 2023, 21:27:58 pm Diesel »

Отсутен damjanku

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 301
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #261 на: 28 Октомври 2023, 00:36:09 am »
Не споредувај Оптимал со Монрое и Denckermann со NTN/SNR во никој случај.
Инаку мислам дека ние сме државата со најскапи делови за возила во цела Европа мислам...

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #262 на: 28 Октомври 2023, 00:43:29 am »
Ај сега размислете кои делови се произведуваат во Македонија? И споредете цената на пиперките на пример или јаболка, пошто тоа се произведува кај нас и споредете со Германија ..многу нормално е дека Германија деловите се поевтини кога единствен трошок им е да ги произведуват.


Директна споредба, едно Tutku или PopCake кое се произведува во Мкд/Србија, кај нас кошта 15 денари, а во Германија во турските маркети 120 денари  ;)

Отсутен damjanku

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 301
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #263 на: 28 Октомври 2023, 00:56:07 am »
^Да ама еве за пример Србија да ја земеме и они немаат некое големо производство а имаат за голем процент поефтини делови од кај нас дури со 30-40% за одредени делови.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #264 на: 28 Октомври 2023, 00:59:53 am »
Не велам дека кај нас не се скапи, ама споредба со Германија нема смисла. Во Германија делот ќе е 20€, ама работна рака 1 час е 110€ и ко ќе видиш Македонија е пак поефтино  :D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #265 на: 28 Октомври 2023, 08:25:55 am »
Не споредувај Оптимал со Монрое и Denckermann со NTN/SNR во никој случај.
Инаку мислам дека ние сме државата со најскапи делови за возила во цела Европа мислам...

Не се ставени за споредба, туку ставени се пошто првите ги нема тука да се купат, а вторите се алтернатива, што би купил од тука да требаше да купувам, па така цените да се споредат.

Не велам дека кај нас не се скапи, ама споредба со Германија нема смисла. Во Германија делот ќе е 20€, ама работна рака 1 час е 110€ и ко ќе видиш Македонија е пак поефтино  :D

Правиме муабет строго за цени на делови, не за работна рака. Секогаш можеш барем нешто сам да сработиш, без разлика каде си - тука или таму, а има разлика каде си кога го плаќаш самиот дел.

Производството на деловите и Германците веќе го пренасочуваат на големо надвор, каде е поевтина работната сила, така да мислам дека муабетот не ти држи вода.

Башка, на тие плати таму, и овдешните цени се ништо, при што тука веќе идат до израз другите елементи - квалитетот на деловите и достапноста.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #266 на: 28 Октомври 2023, 10:38:05 am »
Ај сега размислете кои делови се произведуваат во Македонија? И споредете цената на пиперките на пример или јаболка, пошто тоа се произведува кај нас и споредете со Германија ..многу нормално е дека Германија деловите се поевтини кога единствен трошок им е да ги произведуват.


Директна споредба, едно Tutku или PopCake кое се произведува во Мкд/Србија, кај нас кошта 15 денари, а во Германија во турските маркети 120 денари  ;)

Дел за кој што во македонија ми бараа 230 евра го земав од бугарија за 85. Ист производител. Како ли да се довезе до македонија кошта 3 пати повеќе отколку до бугарија не знам,

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #267 на: 04 Ноември 2023, 18:45:21 pm »
Нарачав навлака за воланот од кај Кинезите, 700-800-ки со сѐ шипинг.. Сакав едноставно ќефот да си го направам пред да го отстапам на професионалец што ќе го среди воланот со квалитетни материјали и стручна работа.



Еве една слика "пред"...



Излезе дека sewing is a skill I do possess, kinda, sorta.....





Ради глупото зимско сметање на времето, не можеш да си го извадиш, а да не се стемни, монтажата ја терав со фенерче... Јес да ми одзема околу 4 саати сета заебанција.



Неколку забелешки - материјалот е синтетичка, вештачка кожа, тенка доста. Иако на сликата изгледа одлично, во живо е солидно, но далеку од совршено. Не ме бендисуваат споевите, многу се издадени, заради опшивката. Се секирав да не мириса материјалот, но, за среќа, нема мирис никаков.

Нека тера сега за сега, па, како што реков - ќе оди воланот на "правата ствар" во иднина.

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #268 на: 05 Ноември 2023, 09:58:04 am »
Супер искочило, ја нарачав за МЛ воланот зошто немаше за б класа соодветен па што ќе испадне ќе видиме, иначе според тебе ќе трпи хемија за чистење повремено? Ја сакав да го дадам на професионалец али професионалците нејќеа да договороме термин донесам колата сабајле демонтираат сами среди воланот и вечерта да си ја земам, а гимнастики по карго итн не ми се прават.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #269 на: 05 Ноември 2023, 10:29:00 am »
Ќе се навикнете, нема да има потреба од професионалци. Мене ми сметаше моментот што немаше ист grip како кожен волан, едноставно синтетиката си го прави своето.

Потсетник за модификацијата од далечната 2021 година: