Автор Тема: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive  (Прочитано 39496 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2351
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #240 на: 22 Март 2023, 11:15:16 am »
@Diesel После чистењето на гумите (со бандажите), практикуваш на гумите да им ставиш од оној спреј за заштита?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #241 на: 22 Март 2023, 11:37:10 am »

Зимскиот сет и раткапните испрани-дресингче-складирани.




Иако не е се препорачувало, демек, јас практикувам, чисто ради одржување на форма, односно еластичност.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #242 на: 30 Април 2023, 12:40:07 pm »
Решив проблем кој ме замараше многу - излупеното лого на воланот.



Свесен сум дека можев само да изолирам околу амблемот и наједноставно да го префарбам, но, како и сѐ друго што правам во животот, поготово на колите, се решив за потешката варијанта, пошто нели, има the easy way, и има the right way. Или, do it once - do it right.

Прво нарачав заменско од Али. Хромирано, исто.

Дисконектиран акумулаторот, два Т30 торкс шрафови од страните, се вади ербегот, стандардно.

Исто стандардно е и кај конекторите позади - за ербегот и за сирената...






Наредно, почнав со расклопување на ербегот. Постапката е pretty straight forward и не захтева посебен алат - поголем торкс (не забележав величина кога го вадев од сетот) и рачваста 9-ка.




Тука улетува 9-ката, иако мутерите не се стандардни хексагонални. Не се воопшто стегнати, само bottomed out, и затоа 9-ката завршува работа.




Морав да измислам начин табовите да не ми се враќаат и да го извадам металниот капак на до перничката...



Може изгледа смешно, но заврши работа.




Тука налетав на првото разочарување, пошто се понадевав дека начинот на кој е прицврстено логото на капакот е сервисибилно... Но, не. Фиксирано. Заувек.




Исто, набрзо, дојде и второто разочарување - заменското не одговараше воопшто на дупките од капакот. Имаше два пина помалку.



Реков, fuck it, почнав да ги сечам табовте на фабричкото лого за да го извадам и пробав нешто да комбинирам...






Иако изгледаше одлично, дојдоа на ред и третото и четвртото разочарување - воопшто не "лежеше" како треба, ниту пак беше цврсто на место и уште при монтажата, "хромот" почна да се лупи, при што пристапив кон најлогичниот потег - го фрлив заменското лого најдалеку што можев.

Пошто веќе ја укакав работата, почнав да смислувам решение, при што дојдов до заклучок дека најблиску до ОЕМ изглед и прописна поправка ќе биде фарбање. Хром финиш немаше начин да добијам, па се решив да барам најблиска нијанса до сивите елементи на воланот, централната конзола, копчињата и топката од мењачот.

Набавено прајмер, боја и безбоен лак. Color match - од прилика 90-95%, што и не е толку важно затоа што сите елементи паѓаат под различни агли и сите имаат различни нијанси во даден момент, како што ќе видиме подоцна.



Пробав најпрво да го излупам логото со алкохол. Не упали. Наредно - ацетон. Не упали.

На крај, "упали" шмиргла. 800 и 1200.




Пребришано со алкохол, да не има прашина од стругањето и прснати два слоја прајмер, со пауза од 10-тина минути меѓу слој. Брзо се суши.



Мислев лабаво да го помнам со 2500 водена шмиргла прајмерот, но пошто финишот беше беспрекорно мазен, не го направив тоа и одев директно на боја.



Исто два слоја боја, со пауза од 15-тина минути меѓу слоевите.

Оставив да се исуши, негде саат-два, па отидов со два слоја clear, со пауза од 15 минути меѓу двата.




Оставив да се исуши добро, ако не се лажам 12-13 саати, overnight.

Утредента, кога го видов финишот, останав запрепастен од одличниот резултат. Нема ни orange peel, сѐ е мазно, комплетната површина е покриена... Едино ако нешто би менувал, е еден заб потемна нијанса сива, но - не цепидлачам. И вака е топ.

Еве една слика од фазите...



Почнав со монтажа на деловите...

Пошто е оргиналното лого, табовите што останаа, си кликаат на место перфектно и држат одлично. Прво кога го вадев, обележав кој е горен, а кој долен дел, за да не оставам никаков простор за заебанција...



Иако држеше логото и така, сакав да бидам 100% сигурен дека нема да мрда и дека поправката бар малку ќе личи на ОЕМ финишот пред да почнам да сечам, hence the glue gun заигра малку...



Има разлика, но бар се потрудив...



Неисе, одлично дојде.



Почнав да го монтирам ербегот, при што постаката е, разбирливо, обратна од демонтажата. Нема потреба од никакво претегнување на ништо.




Исто и на воланот, обратен процес, по што дојдовме до the end result.





Јас - презадоволен. Најмногу ме утепаа нервозите со логото што беше фиксирано, срање квалтетот на логото од Али и чекањето при фарбањето, но тоа е... Се мислев за црна боја, но ептен ќе го затворев воланот и мило ми е што се одлучив за сива.

Еве и една before and after...



Ситна работа, ама многу ќеф ми направи.

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #243 на: 30 Април 2023, 13:14:37 pm »
Одличнооо се моли зеро да ти го смени ник нејмот во трпение

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5922
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #244 на: 30 Април 2023, 13:24:09 pm »
Искрено за ова треба многу трпение. Не е малку како бело логото или на слики така делува?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #245 на: 30 Април 2023, 16:05:48 pm »
Ако си го доизлупел, најверојатно истиот резултат ќе си го добиел   :D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #246 на: 30 Април 2023, 18:26:23 pm »
Се сомневам дека ти се допаѓа. Не верувам дека во живо е поубаво.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #247 на: 30 Април 2023, 18:51:32 pm »
Ако си го доизлупел, најверојатно истиот резултат ќе си го добиел   :D

Знам на што мислиш, на ќошевите, нели? Не сум ги истругал добро, површинскиот слој е тоа.

Се сомневам дека ти се допаѓа. Не верувам дека во живо е поубаво.

Не бе, оти? Стварно сум задоволен, со оглед на тоа што едино подобро од ова е замена со ново, ОЕМ. Баш во живо е подобро.

А само амблем во Миркат не даваат. Цел ербег само. Половен, не оштетен, нема.

Така да, all in all, стварно е повеќе од задоволително.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #248 на: 30 Април 2023, 20:03:52 pm »
Ја би го завршил со хром ефект спрејче.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #249 на: 30 Април 2023, 20:14:58 pm »
Ми беше фрка од нееднаков финиш, пошто не сум шприцал до сега.

Нема да е потешко со таков спреј?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #250 на: 30 Април 2023, 20:30:07 pm »
Ќе извежбаш на 2-3 површини претходно, не е фрка фарбањето. Обично 4-5 не многу влажни слоеви подобар резултат даваат од 1-2 влажни.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5922
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #251 на: 30 Април 2023, 20:53:27 pm »
Јас користев од Dupli-Color Chrome и според мене е тешко срање... Можеби од другите марки има подобри производи. А баш му се противев на автолакерот дека со спрејот ќе завршам работа и на крај џабе фелени пари...

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #252 на: 27 Јуни 2023, 20:10:22 pm »
27.06.2023 година, 144.476 километри - заменето:

- Масло Valvoline MaxLife 10W-40, 4l, 1.200,00 денари
- Филтер за масло Hengst H97W13, 300,00 денари
- Плочки Allied Nippon ADB3984, 1.000,00 денари

Вкупно: 2.500,00 денари



How not to make a mess кога се менува филтерот за уље, мала финта...



Од последен сервис поминати неполни 5 месеци и 4.670 километри. Не додржав до 5.000, пошто Mannol 504/507 5W-30 го сркаше исто како и Опелот, веќе имам спомнато. На 4.000 километри го симна на пола.

Engine bay detail пред промената на уљето...



Пред некој ден и бришачите му ги сменив...



Околу плочките - еден сет од овие Allied Nippon потрошив на Опелот, втор моментално. Никакви замерки немам, па земав исти и за Зуки.

Демонтажа - монтажа одеше по пеес, со чистење, подмачкување, прописен алат и слично...








И бандажите од внатрешна страна ги исправ, само заборавив да сликнам.

Супруга купила средство за подови некакво Ајакс, го ставила на задно седиште, тоа да не ти било убаво затворено од продавница, па се истури 50-100 милилитри, по што морав да реагирам ASAP...



И од таму имаше snowball ефект, си еба мајката...


















Од програмата "џабе работи, џабе не седи", издвојуваме...








На крај, добро перење од надвор, хемиска деконтаминација, глинирање и нанесување на силант, за до вечерта да заврне...


Присутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #253 на: 27 Јуни 2023, 20:17:09 pm »
Цениве милина, се на се не цели 50еу за сервис. За наши услови ови количиња милина.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #254 на: 27 Јуни 2023, 20:20:24 pm »
Ако не ги рачунаш плочките - 1.500,00.

И без работна рака, пошто сам си работев.