Автор Тема: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive  (Прочитано 38474 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #180 на: 25 Февруари 2022, 18:41:16 pm »
Баланар, ај не се прави на тошо, ти наведов неколку аргументи зошто е така, а сите поврзани со зафатнината на моторот, па ти бирај.

Плус самиот си постирал без да прочиташ најверојатно.
...во зависност од категоријата на возилото, носивоста и/или зафатнината и јачината на моторот.

Како јас се правам на Тошо, ти дадов факти за твоето возило и моето и зошто јас да плаќам повеќе 1000 денари - ти ми викаш немало шофер твоето бидејќи не знаеше што да ми одговориш :)

И како Nm и километрите поминати (како да знаеш кој колку вози) се "валидни факти" за користење на јавен пат?
Си напишал 5000 vs 20000km. Демек послабите коли по кубикажа минуваат помалку?
Си напишал 90nm vs 200nm. Демек оние со 200Nm корнат асфалт LOL

Сами си поставувате некои докази што никаде ги нема за давачката за која дискутираме, ниту пак некогаш некој ќе ги докаже.
Не дека не знаев да одговорам, напротив, мојата без шофер знае да вози и секогаш ќе биде полесна од твојата, колку и да имам сопатници ;D
Секоја понатамошна дискусија е излишна додека убацуваш патници во колите :)

И да, распоредената тежина на оските го амортизира повеќе асфалтот, како и Nm, како и контактната површина на гумата, како и изминатите км. Исто како разликата на co2 импактот во милиграми.

ПС зошто не купи Ајго, или Јарис за да патуваш од Штип доколку немало разлика меѓу малолитражно возило во поглед на изминатата километража?


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #181 на: 25 Февруари 2022, 18:45:19 pm »
@balanar

ОК, така си мислиш, нема мака. Пак селективен си, или си грешка.

Трошоците за АО, каско, екологија и сл. што ги спомнуваш, сигурен сум дека се пониски, споредено конкретно за двете возила што правиме муабет. За Астрата плаќам АО 3200. Колку плаќаш ти АО?

Навлегуваш пак длабоко со глупа теза - може ќе помине тродупло? А ако не помине тродупло? Ако помине тродупло помалце? Па на крај краеви, како ќе ме ограничиш колку возам? Не зезај.

Се ти се темели на "што би било кога би било" и "ако". Претпоставки.

Си го возел, пример, Валандовско брдо? Пример, стариот автопат Смоквица-Демир Капија?

Возиш како по шини, ама опасни шини. Бразди има патот, точно по линијата на движење во десната лента, од камионите - нивната тежина и големина на гумите.

Ете ти еден аргумент плус за тежината и ширината на гумите кај возилата и како го оштетуваат асфалтот.

А по твојата логика, четиричлено семејство треба да има четири коли, за да плаќа помала такса, пошто нели, помалку ќе тежи колата кога нема сопатници. Јебеш нето тежина по сообраќајна на возилото.


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #182 на: 25 Февруари 2022, 18:47:56 pm »

И да, распоредената тежина на оските го амортизира повеќе асфалтот, како и Nm, како и контактната површина на гумата, како и изминатите км. Исто како разликата на co2 импактот во милиграми.

ПС зошто не купи Ајго, или Јарис за да патуваш од Штип доколку немало разлика меѓу малолитражно возило во поглед на изминатата километража?
Пак ќе те прашам и тебе и доста му ја трујам темава на Дизел - како ти знаеш кое возило колку километри поминува годишно? Имаш некоја кристална кугла и знаеш дека коли со помала кубикажа се возат помалку? Смешки...

П.С Не земав Ајго затоа што немам потреба од мало возило од технички и практични причини.
И каква врска има што возило возам јас со тоа дека давачката Патна такса (вака како што е поставена) е мизерна?
Ти зошто не возиш Ауди А8, за да не плаќаш повеќе за патна такса или не е заради тоа?

А да - која е врската на CO2 со патната такса? Многу сакам да знам.
« Последно менување: 25 Февруари 2022, 18:59:14 pm balanar »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #183 на: 25 Февруари 2022, 18:50:49 pm »
@balanar

ОК, така си мислиш, нема мака. Пак селективен си, или си грешка.

Трошоците за АО, каско, екологија и сл. што ги спомнуваш, сигурен сум дека се пониски, споредено конкретно за двете возила што правиме муабет. За Астрата плаќам АО 3200. Колку плаќаш ти АО?

Навлегуваш пак длабоко со глупа теза - може ќе помине тродупло? А ако не помине тродупло? Ако помине тродупло помалце? Па на крај краеви, како ќе ме ограничиш колку возам? Не зезај.

Се ти се темели на "што би било кога би било" и "ако". Претпоставки.

Си го возел, пример, Валандовско брдо? Пример, стариот автопат Смоквица-Демир Капија?

Возиш како по шини, ама опасни шини. Бразди има патот, точно по линијата на движење во десната лента, од камионите - нивната тежина и големина на гумите.

Ете ти еден аргумент плус за тежината и ширината на гумите кај возилата и како го оштетуваат асфалтот.

А по твојата логика, четиричлено семејство треба да има четири коли, за да плаќа помала такса, пошто нели, помалку ќе тежи колата кога нема сопатници. Јебеш нето тежина по сообраќајна на возилото.

Па вие почнавте да мешате тежини и километри, не јас.
Само ви укажувам дека не ви се валидни тие параметри затоа што ги нема никаде поврзано со патната такса.
Никој не ограничува километри, Микиус прави нелогични споредби 5000 vs 20000km, не знам од каде знае кој колку вози.

Тоа што ми збориш за оштетени патишта се од камиони и товарни возила за кои има други давачки за патна такса.
Не се од Аудито на Саше нели?
Тие оштетувања НИКАД нема да ги има од обични возила.

П.С АО полисата ја плаќам 4500 со целосен бонус.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #184 на: 25 Февруари 2022, 19:08:30 pm »
Неколку поенти ќе издвојам, на кои вешто избегнуваш одговор.

- Кој друг параметар да се земе при пресметката, освен кубикажата, според тебе? Не е кубикажата, ама да не е ни тежината, ни гумите, ни габаритот, ни цената на возилото.

- Дали прашањето е кој колку користи јавни патишта, или кој поседува кола? Штом поседуваш кола, МОРА, ЗНАЧИ МОРА да користиш јавни патишта, hence давачки за јавни патишта.

- Давачка за јавни патишта и патарини ја оквалификува како дупла давачка за иста работа. Еве, да не плаќаме. Кој ќе биде резултатот? Немој само да ми кажеш "администрација ќе нема од што плата да земе". Излитена фраза е таа. Германија, Норвешка, Шведска, немаат патарини? Или немаат администрација?

- За сите иста да биде давачката, како што кажа, 2500, е неизводливо. Една од причините за купување на помало возило е и висината на трошоците за поседување на истото, во која спаѓа и оваа такса. Некој купил кола со 1000000 кубици, тежи 100 тони, троши како ламја, и исто да плаќаме? Зошто? Сум купил помала кола, за да за одржувам и возам за помалку пари. Тој со ѕверот кур го боли колку троши или колку тежи. Е па, затоа и ќе си плати. Штом има пари за таква кола, има и за давачки.

- Разликата што ми кажа да ја барам во АО, каско и сл... Тоа не е мерлив параметар. Сам си кажа - зошто ти плаќаш 4500, јас 3200, ако тоа е на било каков начин релевантно на темава?

Дали ќе оштети или не обична кола пат, ни јас, а претпоставувам ни ти, не сме инженери и не знаеме, можеме само да претпоставиме, но не и да тврдиме.
« Последно менување: 25 Февруари 2022, 19:17:18 pm Diesel »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #185 на: 25 Февруари 2022, 19:13:51 pm »
Лелее, лелее, лелеее!

Ти навистина си бил...
Цо2 го наведов како пример како разликите изразени во милиграми сепак се разлики. Исто како разлика од 10, 20,50кг по оска.
Еден другар возеше 101, откако купи дизелче Лагуна, бетонскиот двор почна да му пука.

Значи, за различниот импакт врз патиштата, наместо да се прават не знам какви формулации, наједноставно е да се фатат за моторот.
Ако ги изоставиме турбомоторите, јас не сум видел 900 кубици во А6, или 3000 кубици во 106.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #186 на: 27 Февруари 2022, 15:22:24 pm »
One year ownership recap, за своја душа. Точно година денеска.

Околу 13.000 километри, 4 (летоска и 5) активни различни возачи цело време, градска-отворено 70-30, буквално trouble free, пу, пу, да не ја урочам.

- 03.03.2021 година, прва промена на уље и филтри, 2.850,00 денари;
- 11.03.2021 година, нов акумулатор, 3.000,00 денари;
- 15.03.2021 година, сите бришачи, 528,00 денари;
- 19.03.3021 година, дополнување и регулирање на притисок во климата, 2.000,00 денари;
- 20.03.2021 година, поправка на механизмот за џамот од возачката врата, стегнав два шрафа, 0 денари;
- 23.03.2021 година, втор клуч комплет со далечинско, 6.000,00 денари;
- 24.03.2021 година, заменети ПК каишите и лагер затегач, 3.600,00;
- 09.04.2021 година, заменет антифризот, 600,00 денари;
- 23.04.2021 година, чистење на клапната, 600,00 денари;
- 20.05.2021 година, сет летни гуми, со монтажа и балансирање, 9.400,00 денари;
- 22.09.2021 година, уље и филтри плус свеќички, 5.281,00 денари;
- 25.10.2021 година, половни челични бандажи за зимски сет, со монтажа и балансирање, 6.020,00 денари;
- 10.11.2021 година, раткапни, 800,00 денари;
- 27.11.2021 година, заменети амортизерите на петтата врата и набавена патосница за гепекот, 2.183,00 денари;
- 21.12.2021 година, заменети глицеринот и уљето во мењачот, 2.550,00 денари;
- 19.01.2022 година, сијаличка на средно светло, лев фар, 125,00 денари;
- 24.02.2022 година, уље и сите филтри, 1.903,00 денари.

Вкупно - 47.440,00 денари.

Ако цепидлачам, механизмот на џамот и дополнувањето на климата би ги рачунал како нешто вонредно.

На 5-6000 километри сркнува по 200-300 мл уље. Помалку од Астрата, рецимо.

Потрошња - по бордот, залепена на 6. Реално, 6.5 не префрлува.

Тоа е тоа. Мислам дека веќе се ми е покриено, останува само да мислам на гориво и редовни сервиси во догледно време, на мое огромно задоволство.

Со умреното Поло, не ни планирам споредба да правам.

Јас сум пре, пре, презадоволен од колава. Волим је пуно.
« Последно менување: 27 Февруари 2022, 15:28:18 pm Diesel »

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #187 на: 27 Февруари 2022, 17:08:21 pm »
Нормално презадоволен, кога е правена во соработка со опел.  :)
Уште долго да ја возите и уживате.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #188 на: 27 Февруари 2022, 20:26:45 pm »
Да, Опел им покажа на Јапонците како се прави кола.

:D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14234
  • Пудингот на шоферството
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #189 на: 27 Февруари 2022, 20:57:05 pm »
Па Јапонците почнаа со производство на коли  околу 60-70г после Опел. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #190 на: 27 Февруари 2022, 20:58:25 pm »
Опел тогаш запре, реално ;D

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #191 на: 27 Февруари 2022, 21:15:37 pm »
Па Јапонците почнаа со производство на коли  околу 60-70г после Опел. :)

Ако се вистина податоците на нет, првиот опел е од 1899, додека првата јапонска кола е од 1902 година.

Опел тогаш запре, реално ;D



Ауч. ;D

Да не речете дека сум пристрасен. Опел астра ф, како не има е*авано, така јас немам е*ано.
А ѕвезда на хауба додека имавме, само пари за гориво и регистрација одеа.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #192 на: 28 Февруари 2022, 00:26:13 am »
Колку коли има јапонски ? Едвај 5 модели ако успеј да наброј чоек ..ако беа толку убави, ќе беа и многу произведувани ( освем Тојота).

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34065
  • Таков е животот... јебига
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #193 на: 28 Февруари 2022, 00:29:06 am »
ПС зошто не купи Ајго, или Јарис за да патуваш од Штип доколку немало разлика меѓу малолитражно возило во поглед на изминатата километража?
Па нема никаква корелација зафатнината на моторот со максималната километража.
Еден другар возеше 101, откако купи дизелче Лагуна, бетонскиот двор почна да му пука.

 ;D ;D ;D ;D

Отсутен devourer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 362
  • Мерцедес е мерцедес се друго е кола!
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #194 на: 28 Февруари 2022, 03:05:14 am »
Колку коли има јапонски ? Едвај 5 модели ако успеј да наброј чоек ..ако беа толку убави, ќе беа и многу произведувани ( освем Тојота).
Што излупа сеа не си свесен.