Автор Тема: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive  (Прочитано 39510 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #150 на: 24 Февруари 2022, 09:56:31 am »
24.02.2022 година, 129.124 километри, редовен сервис.



Заменето:

- Уље Mannol Energy Formula JP 7914 SAE 5W-30, 2 литри (имав 1.4 литри останато), 700,00 денари
- Филтер за уље Hengst H97W13, 300,00 денари
- Филтер за воздух Comline EAF755, 450,00 денари
- Филтер за полен Nipparts N1348007, 253,00 денари и
- Работна рака, 200,00 денари.

Вкупно - 1.903,00 денари.

Понеделник најверојатно, регистрација.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #151 на: 24 Февруари 2022, 16:41:19 pm »
Пари ли се 1900  ;D На здравје нека е, уште многу мали сервиси да ги служи твоите :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #152 на: 24 Февруари 2022, 16:50:24 pm »
Богами... 1900.

Фала ти, се најдобро да се враќа.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #153 на: 24 Февруари 2022, 17:21:02 pm »
На здравје сервис.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #154 на: 25 Февруари 2022, 11:33:36 am »
Регистрирана денеска. Техничкиот поминат без забелешки.

Трошоци:

- Полиса 5.079,00 денари
- Јавни патишта 1.535,00 денари
- Технички преглед 2.881,00 денари
- МВР 50,00 денари

Вкупно: 9.545,00 денари.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #155 на: 25 Февруари 2022, 11:42:18 am »
А зошто за Леонов мој е дупло за јавни патишта, заради киловатите или?

едит - Најдов.
Не бе, не се нормални во Северџанијава одамна. И ова и зелениот картон.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #156 на: 25 Февруари 2022, 11:50:03 am »
Сеа гледав и јас, за Астрата сум платил 2200.

Шо е разлогов, уствари...?

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #157 на: 25 Февруари 2022, 12:38:53 pm »


Не ја разбирам ебенава логика за умрениве цени, демек тие со помалку кубикажа повеќе ги оштетуваат патиштата? Помалку ги користат патиштата или што е работава?

Буквално, ова е насловот на таксата:
Цитат
НАДОМЕСТОК ЗА УПОТРЕБА НА ЈАВНИТЕ ПАТИШТА ЗА МОТОРНИТЕ И ПРИКЛУЧНИТЕ ВОЗИЛА

Ајде да ја разберам разликата во цена помеѓу мотори, коли, товарни возила и автобуси, ама разликава меѓу коли е најмалку речено идиотска и чисто легално крадење пари.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #158 на: 25 Февруари 2022, 12:41:44 pm »
Аха...

1.2 спрема 1.4.

А бе Зуки е бонбонче... :P

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #159 на: 25 Февруари 2022, 13:23:07 pm »
Абе сегде за појака кола ќе ти земат поќе пари,само на различен начин.Дали тоа ќе се вика еко такса,дали данок небитно. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #160 на: 25 Февруари 2022, 13:33:04 pm »
Па не е баш така.

Со новата плаќам помалку или исто регистрација, а возилото е помоќно.

Старата 1.9 - 120кс
Новата 1.4 - 170кс.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #161 на: 25 Февруари 2022, 14:05:13 pm »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Не ја разбирам ебенава логика за умрениве цени, демек тие со помалку кубикажа повеќе ги оштетуваат патиштата? Помалку ги користат патиштата или што е работава?

Буквално, ова е насловот на таксата:
Цитат
НАДОМЕСТОК ЗА УПОТРЕБА НА ЈАВНИТЕ ПАТИШТА ЗА МОТОРНИТЕ И ПРИКЛУЧНИТЕ ВОЗИЛА

Ајде да ја разберам разликата во цена помеѓу мотори, коли, товарни возила и автобуси, ама разликава меѓу коли е најмалку речено идиотска и чисто легално крадење пари.

Па фала богу дека треба/мора да има разлика.
Таман работа исто да се плаќа за 900 кубика и 3000 кубика.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #162 на: 25 Февруари 2022, 14:59:29 pm »
Па не е баш така.

Со новата плаќам помалку или исто регистрација, а возилото е помоќно.

Старата 1.9 - 120кс
Новата 1.4 - 170кс.

Валјда мислеше на кола со поголема зафатнина.

1.9 вс 1.4. Коњажата нема врска.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #163 на: 25 Февруари 2022, 15:46:32 pm »
Зависи од земја до земја,некаде се ориентираат и на коњажа и на зафатнина,некаде по еур норми и количина на издувните гасови,кога ќе направиш есап парите ти заминале.
Сега за сега со електричните во норналните земји има поволности во однос на данок,ослободување од патарина и сл...ама и на тоа ќе му дојде крајот.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #164 на: 25 Февруари 2022, 16:07:22 pm »

Па фала богу дека треба/мора да има разлика.
Таман работа исто да се плаќа за 900 кубика и 3000 кубика.

Не е еко такса ова, туку е користење на јавни патишта.

Како кубиците одредуваат кој користи јавни патишта помалку, кој повеќе? Можеш да објасниш?