Како што си е ред, да го преставам и новото приватно/службено возило кое ќе се вози оваа година. Kamiq-от помина 8000км и 6 месеци кај мене и беше причина да решам дека секое наредно возило ќе биде бензин.
Станува збор за Octavia Ambition 1.5 TSI, украсена со дополнителен Dynamic пакет (спортско подвозје, спортски седишта, спојлер на 5та врата, затемнети стакла, комплет црни лајсни итн.), 18ки фелни, амбиентално осветлување и уште неколку ситници.
Возилото ќе го регистрирам и почнам да го возам на почетокот на следната недела, па тогаш ќе споделам и повеќе импресии околу возилото и моторот.
П.С. Спуштена е, бандаж има, ми фали уште ремап ако некој има за давање
Сега за сега само слики од салон: