Ајде да ги разјасниме дилемите на форумашите
Virtual Cockpit беше стандардна опрема кај Ambition само кај возилата кој пристигнаа во првите месец-два. Потоа, се тргна Virtual Cockpit oд стандардната опрема, а на негово место се стави Front Assist како стандард. И покрај тоа, сите лагерски возила кои доаѓаат во Македонија се со доплатен Virtual Cockpit. Со аналогна табла, покрај моето, досега сум видел само едно возило.
Цената на Virual Cockpit сега е 373 евра, а на мене апсолутно ништо не ми значи.
Во меѓувреме, наместо Swing радиото со 8,25" eкран стандардно стана Bolero со 10" екран, кое е кај мене и кое исто така нема вградено финкција за навигација. Исто така ништо не ми значи навигацијта, имајќи Android Auto и Apple Car Play.
Од дополнителна опрема, освен Dynamic пакетот, имам ставено задни паркинг сензори, темпомат, TOP LED задни светла, 18ки фелни и амбиентално осветлување внатре (мора да се стави со Dynamic).
Спортското подвозје подразбира 15мм пониска суспензија и нешто потврда вожња, нешто што апсолутно ми е позитивно
П.С. Уште не сум почнал да ја возам колата, а мислам дека немањето физички команди за климата ќе ме нервира доста