Денес убав ден за решавање на проблемчиња:
1. Возачката врата престана да се отвара од внатре. Проблем со сајлата кај внатрешната квака (сликата не е моја, бурми не носам)
:
Го решив со малце „палена жица“, додека си нарачам оригинална сајла, па кога ќе откаже пак ќе бидам спремен.
2. Задните кочници мислам дека допираат премногу на дисковите. На подолги релации, поготово на отворен пат, се осеќа поголема топлина на задните бандаши во однос на предните. Прва работа што приметив е дека рачната ми е презатегната, дури и до прво запче се осеќаше отпор од сајлата. Малку ја олабавив рачната, да видиме дали ќе има подобрување. Многу зе*ано е наместен механизмот за подесување на рачната. У суштина, треба да се извади целата пластична конзола, како што е прикажано на „видеово“, ама успеав малце да ја олабавам без растурање.
3. Ми се појави чуден звук пред некој ден (акнав во исечен асфалт кај Brikolage, веројатно последица од тој удар), вака звучеше при забрзување:
(видеото не е од моето Mito, ама ист беше звукот):
Читајчи по нет, мислев држач сум скинал на мотор, среќа испадна само едеа попречна шипка, оваа на сликата, малце се искривила од ударот и допирала на издувната цевка:
Потрошено време - убаво сончево пладне во двор. Потрошени пари - 0 денари