Автор Тема: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive  (Прочитано 34986 пати)

Присутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7070
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #240 на: 27 Јануари 2024, 15:21:38 pm »
Благодарност до @Prcot за ќебенцето под хауба:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


и благодарност до @MartinAlfista за стоп светлото:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Мали, ама за мене многу вредни работи! :) Фала дечки!
Како си задоволен од стоп светлото, споредено со сијаличките на Мартин? Дали го има истиот cut-off ефект и дали ти свират на семафори?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #241 на: 27 Јануари 2024, 15:23:35 pm »
Благодарност до @Prcot за ќебенцето под хауба:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


и благодарност до @MartinAlfista за стоп светлото:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Мали, ама за мене многу вредни работи! :) Фала дечки!
Како си задоволен од стоп светлото, споредено со сијаличките на Мартин? Дали го има истиот cut-off ефект и дали ти свират на семафори?

OE е светлото, за жал. Требаше од Али да му кажам да ми нарача, за да може да му парирам на Мартин со ледовите на таблиците ;D
Вака ми го донесе, спакувано сам да си го отпакувам:

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #242 на: 27 Јануари 2024, 15:30:44 pm »
Ледовите на таблица се непревазиџени и те молам друг пат да се потсетиш на старата добра форумска изрека "ако не ти се свиѓа, не коментирај" 😎

Ако коментираш се надевам дека ќе се најдеш позади Симо на оној семафор кај Мавровка што е црвен преку 3 минути а зеленото трае 11 секунди, и ќе држи на кочница цело време додека го чекате заедно ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #243 на: 06 Февруари 2024, 17:25:05 pm »
Денес 4-та регистрација. 3 цели години со ѕверчево.
Вкупно цирка 35.000 километри поминати за ова време.
Кој би рекол дека е 16 години стара кола со 236-7 илјади километри поминато.
Немам доволно пофални зборови за аутово, ептен ми легна на срце :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен comang

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 135
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #244 на: 06 Февруари 2024, 19:10:47 pm »
16+ со толку свеж дизајн. Затоа сакам Алфа

П.С
А да не зборам за 159ката
ex AR 145 1.4TS, ex AR 159 1.9JTDm
AR 145QV.....

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #245 на: 06 Февруари 2024, 19:40:48 pm »
Италијанците отсекогаш биле махери за дизајн, со исклучок овде,онде.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #246 на: 10 Февруари 2024, 18:15:02 pm »
Мала кока, увек пиле ;)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #247 на: 21 Септември 2024, 20:49:27 pm »
Брее од Февруари не сме ја рчнале темава :)

Mito-то стигна до 24x.xxx километри. Минатиот викенд убаво се извозевме низ Јужна Македонија, ама по пат ме изненадија задните плочки, претходните TRW се потрошија по само 40-тина иљадарки :( Дисковите сеуште добри.

@Prcot ускокна со АТЕ кои планирав да ги сменам викендов (и успеав уствари). Проблем беше кога тргнав да ги менувам, задните шепи беа комплетно заглавени, нема шанси да ги вратам клипчињата назад. Ги демонтирав комплет шепите, да испитам ситуација, и што ќе видам - катастрофа состојба :(
„Ало @Prcot има ли шанса денес да се најде сет за репарација за шепиве мои задни“ „Че да прашам - Има, ќе ти ги донесам за 40-тина минути“. Људина од чоек. За пола саат, додека јас ја чистев и средував едната шепа, стигна со сетовите за репарација на двете шепи. Ново клипче, нов семеринг, нова манжетна, исчистено сето ѓубре од внатре и надвор на двете шепи, подмачкани пинови, успут и промена на течност за кочници такозвани „глицерин“, набавено од истиот извор на делови - не знам дали го спомнав доволно пати @Prcot  :) MOTUL RBF 660 FACTORY LINE беше изборот за течност. Синтетика која има прилично виоки точки на вриење, таман да не му се секирам многу кога ќе го напнам ѕверчево :)

Претходно се приметуваше загревање на задните тркала поготво по долги релации на отворено, дури и мала промена на бојата на дисковите. Сега извозев на обиколница убава релација, и за чудо, полесно се движи колава. Се мачела сиротата со запечени задни шепи :( Мислам дека ќе се намали потрошњава за 1Л, пошто се осеќа многу послободен фри ролинг.

Сакав да документирам поубаво, ама ем немав време, ем батеријата на телефонот ми се потроши, па некое илустративно сличе чисто да се разубаи постов :)

Што све требаше да се смени денес:



Ама заглавив на овие :



Чудо од ѓубре насобрано во шепата и цилиндерчето.



Како изгледаа цилиндерчињата:



На крај монтирани плочките. По пропис. Ко у профи сервис.



 
Утре продолжувам со други италијански доживувања.  Задни амортизери, и мал сервис.
« Последно менување: 24 Септември 2024, 08:03:48 am Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #248 на: 22 Септември 2024, 03:32:57 am »
Чиосимо, буди ми мајстор, буби те ба.

Знаеш дека покрај парите дарувам и љубов како стандард-паќет. :p
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #249 на: 22 Септември 2024, 06:28:36 am »
Чиосимо, буди ми мајстор, буби те ба.

Знаеш дека покрај парите дарувам и љубов како стандард-паќет. :p
Со задоволство. Ама види, со териминиве сум крш. Бетер од другиве мајстори. Ќе треба година дена унапред да закажуваш, па може ќе треба да презакажеме коа ќе дое термин. Ем работнава рука по саат ми е опасна. Додуша, ај тука ќе искомпензираме со повеќе љубов, ама да знаеш, тежок карактер имам ;D
« Последно менување: 22 Септември 2024, 07:05:31 am Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #250 на: 22 Септември 2024, 10:34:12 am »
Само нека има љубов, работата сама ќе си врви 😂

Браво и за Симо и за Прчот !!!!
И да, сигурно потрошувачката ќе олесни.
NOT!!!

Сеа ќе ја стискаш уште повеќе 🙂

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #251 на: 22 Септември 2024, 20:19:33 pm »
Денес довршени работите што останаа од масава - Амортизери, Филтри, Уље:




Прво амортизери, убаво исчистени заштитните капи и бамп стопс, истругани горните држачи со челична четка и стокмени:








Потоа следеа уљето и филтрите. Стандардна процедура. Кој му го смили местото на уљниот филтер на Mito-во, треба доживотно мучење да добие у некоја установа. Некои луѓе браник и фар вадат за пристап, јас само кутијата за филтер за воздух (и онака полесно се менува филтерот за воздух со кутијата надвор).





Мал фејспалм со уљето - оноа плавоно капаче на садот за собирање забораив да го стаам кога тргнав да испуштам уље од картер, заврши едно пола литро на бетон :( Екстра работа ми отвори деконтаминацијата на бетонот. Доказ дека уште сум аматер :D




243.700 километри. Машала.

Сега малце раат (да се посветиме на 159-ката) додека не стигнат предните амортизери :)

Едит:
Ако некого го занимаат цените:
Амортизери Monroe: 4550
Филтер Масло MANN: 350
Филтер Воздух Mahle: 750
Филтер Кабина Bosch: 480
Масло Motul X-Clean 5L (3.3 се потребни за промена): 3300
Задни плочки Ate: 1810
1L уље за кочници Motul RBF 660: 2260
2x Сет за репарација на задни шепи: 3400
Вкупно: 16900 денари.
« Последно менување: 22 Септември 2024, 20:47:51 pm Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #252 на: 22 Септември 2024, 21:06:08 pm »
Добро е, тебе старо ти истекло. Мене ново 😂
Наздравје нека и биде.

Отсутен devourer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 372
  • Мерцедес е мерцедес се друго е кола!
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #253 на: 22 Септември 2024, 21:32:30 pm »
Дигалката и сталакот што пари се? Гледам на инко е но на нивната страна не пишува цена? ( и до колку тони крева) ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #254 на: 22 Септември 2024, 21:35:30 pm »
Дигалката и сталакот што пари се? Гледам на инко е но на новната страна не пишува цена? ( и до колку тони крева) ;D
Три тони, ич не ми текнува колку пари беше. Да речеме 4500 денари сума ми се врти у глава. Ама не би ја препорачал, не ми се свиѓа многу, ќе барам нешто пониско што крева повисоко. Ем тешка е туч! Ем тркалцана се малечки и трапави. Потпирачите 2 ми се стаари многу одамна ги имам, не би знаел колку пари ги земав. Имаше во Ефтинија последниот пат кога бев. Провери си таму и поасални дигалки и поасални потпирачи.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.