Автор Тема: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive  (Прочитано 35023 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #180 на: 28 Јули 2022, 21:42:57 pm »
Ремап кога ќе праам, Dynamic мапата ќе ја метнам на N, а кај што е D ќе терам 175 кс :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #181 на: 08 Август 2022, 00:26:35 am »
Она што го читав е дека дури и последната варијанта на менувачи со кејсинг со поголеми лагери има (исти) проблеми.
Јас веќе нарачав задни три лагери за осовините, (тимкен, благодарение на @yarre ), па наскоро ќе ги менувам. Кај мене не е тотално уку*ац менувачот, па се надевам на лесна и ефтина поправка. Немам намера сите лагери да ги менувам, или ќе ги менувам, доколку не завршам работа со овие три.
За 500е во Србија имам среден менувач, така да, ако не ми „тргне“ ефтинава, тогаш таа варијанта ќе биде.

Да се надоврзам на муабетов од лани.
Како што спомнав, 3 лагери за менувач беа набавени благодарение на @yarre и сега се погодија добри викенди еден скоро па продужен и уште еден убав, па се фрлив на работа. Се решив за „in situ" работа, односно да не го одвојувам менувачот од мотор.

Си набавив 3 литри од екстра вирџин Titan Sintofluid 75w-80. Често препорачувано како апгрејд на фабричките масла што ги ставаат во мењачов, пошто трпи поголеми притисоци и издржува повисоки температури.



поглед од страната кај што е капакот:


Ајде Симо, засукај рукавите, фрли се на расштрафување.

Прво мораше да се симне држачот од менувач а менувачот да се потпре на дигалка. За тоа да се направи, мораше лежиштето за акумулатор да се демонтира. Вкупно 10-тина штрафови, фино затегнати.
Оштрафив прво штопната од која што се долева уље, јер не сакаш да испуштиш уље, а после да не можеш да го сипеш новото у мењаш. Потоа, испуштив уљето од мењач. Еве на што личи старото уље, несменето 220.000км:



Откако испуштив уље, извадив држачите, ги отшрафив штрафовите од капакот, куп штрафови, 12-13 на број. Со спуштен мењач долу, лесно го извадив капакот: 



Веќе ги гледам лагерите, и можам да ги испитам. Најгорниот - така-така, средниот одличен, најдолниот крш!


Да ги објаснам и осовините:
Средната е главната, која преку ламелата е споена со моторот (погонска)
На најгорната се трета, четврта и рикверц
На најдолната се прва, втора петта и шеста брзина
најгорната и најдолната се споени со големиот запчаник на диференцијалот и преку селекторот со 4 вилушки се менуваат брзините.
Пробав прво да ги извадам лагерите без да ги вадам осовините надвор. Поради немање соодветен алат (и тешко се наоѓа кај нас), сепаратор за лагери оваков:


невозможно беше да се извадат лагерите во оваа ситуација.
Тргнав да ги вадам осовините со запчаници. Прво пробав без да го вадам шалтерот. Се заебав. Се заглавив, ми паднаа едни мали делчиња од синхроните, кои ги држат истите на место. Еден прстен од синхроните се заглави и го заглавив цел систем. Шит хепенс. Затварам радња, идам у кафана да го утепам денот и да не мислам како да го доискршам мењачот. Утредента продужувам. Успеав некако вилушките да ги извадам без да го вадам шалтерот, и ги ослободив запчаниците.


Радапцигер у раце, и на работа:




Сменив лагерите. Битна работа е лежаите на лагерите што се на куќиштето.



Овие се многу зае*ани за вадење. Треба специјален алат (кој го немав), но трпение и снаодливост може чуда да направат. (на горната слика се гледа најоштетениот лежај од третата осовина). Набивањето исто така е зае*ано, мора да се има трпение, да не се пукне алуминиумското куќиште. Под овие, седат шајбни кои служат за калибрација и се со различни дебелини. Посебна процедура има за калибрирање на зазорот на лагерите, но во суштина, ако ги менуваш само овие 3, внимаваш шајбните да си останат на свое место (да не ги измешаш).

Еве слика од внатрешниот лежај (кај што стојат цилиндрите од лагерот), да се види и тој колку е оштетен:


Откако успеав да ги набијам лагерите на осовините, користејќи ги старите лагери, и ги набив и лежаите на куќиштето, требаше да ги вратам осовините назад на место. Ее, тука проблем Вилушките излегоа за искачање сабајле, ама попладне не сакаат назад...
Ајде.. што е тука е. Вадиме и шалтер.
Тој изгледа вака, не е моја сликава, но не е битно. Веќе и мачно ми стана да сликам, пошто покрај модрици и гребаници, веќе и нервите беа тнки:


За да го извадам ова, морав да извадам цревото од интеркулер до клапна. Тие па итаљаните не знаат асални стеги да стаат, се изнамучив дур да извадам две стеги!
Нејсе, извадив шалтерот (побрзо од што мислев), наместив запчаниците назад, наместив вилушките, вратив шалтерот.
Исчистив убаво површините од ѕвоното и капакот, спремен за дихт маса, и пробно го наместив капакот и го заштрафив со 3-4 штрафови, да проверам дали е се` на место и дали може да шалтам брзини. Прва, втора, трета, четврта, петта, шета, рикверц. Све е на место.
Симнувам пак капакот, и ставив дихт маса (Elring Dirco, истата ја користев и за картерот на 159-ката). Да вратам назад - не сака да „клапне“ на место! Ааа мамицата.. се изнамучив, 6 пати се испотив, имам само 15-тина минути дихт масава да не ми стане лањо па да морам пак да чистам. Врти, сучи, извади - стави, 6 пати се препотив жива вода. Температуите минатиот викенд не беа баш за целодневна работа надвор... Ооп, на мое изненаџење, коа не очекував, си клапна на место! Супер!
Е супер, ама не баш! У меѓувреме, ко што сум манипулирал, сум го спуштил мењачот малце повеќе, и легнала мажетната на долнното рамо. У мрдање лево-десно, се цепнала и таа.
Ајт, заврши викендот, оставам така, у меѓувреме во средата @Prcot ми набавува манжетна.
Еве слика од склопен мењач со мрсна манжетна:



Денес, слободно време, вадам полуосовина надвор. Глеам, немам клуч 36-ка за да ја отштрафам од страната кај дискот. Го вадам цел рукавец од амортизер и долна вилушка (и спона на летва), и сосе полуосовината на маса. Брзо го средив, 5 штрафови плус 2 на шепата за кочници. Сменета манжетна. Ајт, назад на склопување, 20 минути и све е на место. Сум го забораил зегерот на крстачот. Ајдее пак :) Уходан и до пола склопено, завршувам работа на лице место, само со вадење на полуосовината од чашка.

Склопувам све, враќам држачите од менувач, уствари тие ги вратив пред да се бафтам со манжетнава. Полнам тазе уљенце, испитувам дали тече, нема течење, нема драми под кола.
Ставам црево од турбо, враќам држачот за акумулатор, стегам стеги, проверувам штрафови, све на место.

Искрено, првото палење малце ми беше шубе. Викам, резервна варијанта - спремен мењач од Чачак не ми бега. Ако рокне - тоа е. Запалив колата со тркала уште у ваздух. Добро е, не рокна ништо. Значи погонската осовина е на место. Шалтам прва, ок, втора, ок, трета, ок, четврта ок, петта, шеста, рикверц! Опаа Не се искрши мењачот на прв тест! Супер!

Спуштам колата. Рикверц од гаража супер. Првите 3-4 километри низ маало со шалтање на сите брзини, ама не повеќе од 30-40 на саат. Одлично.

После си истестирав и малце повеќе, до Сити Мол и назад, со поголеми брзини. Супер. Ручката не мрднува во прва и во петта брзина како претходно.
За жал, мало зуење си остана во 3 и 4 брзина, што ми кажува дека не е само овој лагер што го сменив, туку и лагерот од другата страна, кај ламелата си има мака, иако видливо немаше проблем (не можев лежиштето внатре да го видам убаво, а и немам доволно алат за да стигнам преку запчаниците до тој лагер).
Сега ќе видиме наредни 1000-2000км како ќе се однесува, дали ќе проба некоја осовина да излезе надвор или ќе си живееме среќно до крајот на мојата дружба со Мито.

Така да, тоа е тоа. Жал ми е што не можев повеќе да сликам, јер немав ни време ни нерви за сликање (потребни ми беа за растурање и склопување), но ете, се потрудив да опишам што све сум праел.

Наравоучение за младите генерации: Не отварајте мењач, ако не знаете што ве чека, не е заебанција! :)



« Последно менување: 08 Август 2022, 00:40:28 am Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #182 на: 08 Август 2022, 00:49:28 am »


И уште ти доаѓа некој клипан со "Дој една кола да пробаме". Ратни злочинац...
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #183 на: 08 Август 2022, 01:57:55 am »
Ремап кога ќе праам, Dynamic мапата ќе ја метнам на N, а кај што е D ќе терам 175 кс :)

Ова ме интересира и мене, дали можи да направат ремап ама само кога е во D да е чипована, а во N да е фабричката мапа ? Прашав кај едни во Германија не ми одговорија ништо.

Инаку браво за трудот, не секој можи да растури и собери мењач !
« Последно менување: 08 Август 2022, 02:07:40 am n1kola »

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5546
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #184 на: 08 Август 2022, 07:04:10 am »
Е па и ти за некој синхрон, фрлај таму, ќе ја работиш меѓу гаста почесто :D Туку за лагерите/лежаите оти не проба со греење па со радапцигерот да го модниш и да ги тргаш или ти е страв дека алуминиум. За враќање имам гледано дека ги замрзнуваат за полесно да влезат. Како и да е мене со машина од Апн бели влакна ми излегоа дур да ја склопам цела, а камо ли ваков зафат, секоја чест на сработеното :)

Sent from my SM-A202F using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #185 на: 08 Август 2022, 08:13:33 am »
@n1kola Да, на нашите (и твојата и мојата) се различни мапите во D и N мод. Мислам дека А е само варијација на N, али овие две се различни мапи во ECU-то. Така да може независно да се реконфигурираат. Може и само D мапата да се тјунира, N да си остане иста. Кај послабите варијанти (120кс) само калибрацијата на педалот за гас се менува, а мапата е иста. Не знам како е кај оние со  135 мултиер.

@vladic3110 ќути, наредив како што треба, не треба меѓугас :D Инаку, играше и ладење малце. И замрзнувач, и еден спреј што го земав од бриколаж кој смрзнува делови. Со греење не играв, за да не рескирам да прегреам и да се наруши цврстината на металот. Што се однесува до белите влакна, одамна се излезени кај мене, па не се секирам :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #186 на: 08 Август 2022, 08:33:34 am »
Симо, ти не си нормален.

Ја замислувам ситуацијата каде сопругата ти излага од тераса и ти вели "Добро бе, не можеш швалерка да фатиш ко сите нормални!!!!"

Шала на страна, секоја чест.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #187 на: 08 Август 2022, 08:40:38 am »
Аииии да тибам Симото да тибам....

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #188 на: 08 Август 2022, 09:25:51 am »
Е супер, ама не баш! У меѓувреме, ко што сум манипулирал, сум го спуштил мењачот малце повеќе, и легнала мажетната на долнното рамо. У мрдање лево-десно, се цепнала и таа.

Добар заплет, немаше потреба од повеќе змејови.




Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5191
  • Пиши лаже
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #189 на: 08 Август 2022, 09:35:11 am »
Браво, секоја чест за нервите и знаењето пред се, нормално. :)

Можеш комотно работилница да си отвориш, да ги средуваш локално Алфите.... :D
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5546
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #190 на: 08 Август 2022, 09:47:15 am »
Иначе cmimi kesh бараа по мајстори за зафатов ?
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #191 на: 08 Август 2022, 09:59:56 am »
Бараат јака сума сигурно. Они планираат да се вади мењачот.
Секоја чест чичко Симо. Браво.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #192 на: 08 Август 2022, 10:46:51 am »
Од 500тки нагоре.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1833
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #193 на: 08 Август 2022, 10:49:31 am »
Секоја чест за храброста и трпението, следечо 159 турбо кит :D

Отсутен Borce-Fiat

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 920
  • Virus-Alfa
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #194 на: 08 Август 2022, 10:56:41 am »
Симо, ти не си нормален.

Ја замислувам ситуацијата каде сопругата ти излага од тераса и ти вели "Добро бе, не можеш швалерка да фатиш ко сите нормални!!!!"

Шала на страна, секоја чест.

E kak da fate svalerka so rasipan lager ? 😁😁😁



Sala na strana , sekoja cest za trpelivosta, mnogu pipava rabota e toa :)
LA MACCHINA DELLA EMOZIONI