Денес сабајле на 5 степени надворешна температура, за 4 минути почна да дува топло внатре (регулацијата на температурата во кабина е ставена на ауто 23 степени , а мерено со дијагностика, штом качи 50 степени, го пали вентилаторот и почнува да дува топло во кабина).
После само 8 минути, стрелката се закопа на 90 (уствари, кога ќе качи 77 степени се закопуе на 90, а механичкиот термостат отвара на 80, така да све што е помеѓу 77 и 90 степени е закопана стрелката на 90).
Ова е огромен напредок од претходно, кога од дома до работа (околу 13км) не можеше да стигне до 75 степени, а на отворено кога ќе се погоди рамно или удолница, паѓаше и под 50 степени, па фрлаше и чек енџин, со грешка Water temperature signal error.
Очекувано и потрошувачката во зима ќе биде нијанса пониска.
Ај тоа, туки сеа може и нормално да се стопли чоек у кабина