Автор Тема: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.4 TB 120  (Прочитано 7989 пати)

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.4 TB 120
« Одговори #15 на: 12 Февруари 2021, 11:24:05 am »
Јас имам чувство дека е доста угушен моторот веројатно заради Еuro 6 d-temp стандардите. Има потенцијал секако со ремапирање. А тоа дека е застарена колата ок ама е подобра од доста нови коли.
Мојата е поубава од оваа.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.4 TB 120
« Одговори #16 на: 12 Февруари 2021, 11:25:17 am »
требаше да ги тркаме на Палас

Присутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.4 TB 120
« Одговори #17 на: 12 Февруари 2021, 11:26:36 am »
Жаре мајсторот likes this!

Па не баш.
Оваа е „лоша“ алфа. Не се расипува како другите алфи.
Згрешена е.
:(

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.4 TB 120
« Одговори #18 на: 12 Февруари 2021, 11:29:04 am »
Јас имам чувство дека е доста угушен моторот веројатно заради Еuro 6 d-temp стандардите. Има потенцијал секако со ремапирање. А тоа дека е застарена колата ок ама е подобра од доста нови коли.
Мојата е поубава од оваа.

И да е угушен, во однос на многу други модерни мотори е значително пореспонзивен, особено кога DNA е во D.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.4 TB 120
« Одговори #19 на: 12 Февруари 2021, 11:38:12 am »
Мислам дека ова е најнеугушен мотор во продажба моментално кај ново возило. А за простор не да има, ехеее...

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.4 TB 120
« Одговори #20 на: 12 Февруари 2021, 11:49:15 am »
Добро, јас очекував нијанса повеќе, знаејќи го моторов нели од Ланчиата меѓутоа таму е со IHI VL36  за разлика од 120кава што е со IHI VL37 која што е помала турбинка. Има и тоа удел ама на високи вртежи како да се губи. Инаку да, добар е на ниски вртежи да не речам најдобар ама за воља на вистината брз е колку 1.0 TSI 115 во Шкода Скала (пробано).

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.4 TB 120
« Одговори #21 на: 12 Февруари 2021, 11:57:05 am »
Бев и јас да и се качам во меѓувреме. Бидејќи го носи истиот мотор со моето Браво и се поставени на иста платформа ме интересираше како се споредуваат едно со друго. Бидејќи се работи за споредба на нова кола со половна, не ги земам во предвид работите кои можат да се влошат со тек на време.

Моторот во едната и другата кола се однесува тотално различно. Во Giulietta-та има инстантна респонзивност на педалата за гас, идеална за брзи стартови, исто така моторот повеќе влече на пониски вртежи, ама потоа не се осеќа зголемување на силата со вртежите. Кај Бравото е обратно - има празен од на почеток, си бара повеќе да дадеш гас за да повлече, а како што растат вртежите тегне повеќе.

Суспензијата исто делува целосно различна, Бравото се навалува во кривини и на кочење и се осеќаат многу дупки на патот, кај Џулиетата не. Исто така кај Алфата воланот е потежок и вртењето е подиректно.

Материјалите кои се користат во ентериерот во Алфата се далеку поцврсти, а основните седишта се баш спортски и многу убаво го гушкаат телото.


Е сега, гледано со конкуренцијата Џулиетата има можеби најинтересна вожња во класата со одличен мотор со карактер, али дизајнерски во ентериерот веќе почнува да заостанува. Воланот е многу голем и радиото изгледа како афтермаркет. Сепак генерално, по цената што се нуди е одлична зделка и без размислување би ја купил ако би барал возило од оваа класа за тие пари.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.4 TB 120
« Одговори #22 на: 12 Февруари 2021, 12:03:12 pm »
Поправиме ако грешам, ама Браво и Џулиета не се на иста платформа  :)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.4 TB 120
« Одговори #23 на: 12 Февруари 2021, 12:06:05 pm »
Јас како еден од шегобијците на сметка на Алфа, од вчера се навраќам на објавата на порталот, на спецификациите и на сликите.
Еве пред некоја минута и простив за предницата, за воланот и подзастарениот модел, па кога сега би купувал возило, ептен, ептен би обрнал внимание на понудата, за околу 16 000, тестираниот модел, па и во црвена боја. А можи и таа со нешто повисоко ниво на опрема, да се доплати нешто :)
Покрај понудите со 1.0 турбаши со 3 цилиндри, Алфата ми е најзанимлива.


Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.4 TB 120
« Одговори #24 на: 12 Февруари 2021, 12:13:03 pm »
Поправиме ако грешам, ама Браво и Џулиета не се на иста платформа  :)

Сега прочитав, во право си, се си мислев дека е истата платформа со Бравото и Делтата, само опремена со мултилинк позади. Очигледно не е ни чудно што се осеќа тотално различно и си ја вреди поскапата цена кај половни возила од иста година.

Присутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.4 TB 120
« Одговори #25 на: 12 Февруари 2021, 13:56:58 pm »
Искористена е истата платформа ама драстично модернизирана.

Само си замислувам како се понаша алфава со поубавиот 170кс мотор. Па уште и поекономичен е тој.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.4 TB 120
« Одговори #26 на: 12 Февруари 2021, 14:17:17 pm »
Не ги препорачуваат Multi-air варијантите. Генерално со нив почнуваат почестите посети на сервис. Од 1.4 најдобро покажани се овие со 120 и со 150/155 кс.

Присутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.4 TB 120
« Одговори #27 на: 12 Февруари 2021, 14:48:54 pm »
Тоа само на првите верзии од 2010- 2011 можно беш да се појават проблеми.
Не се регистрирани како фабричка мана.
Од старт користено е не соодветно масло. После 2012 корегираат за градацијата.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.4 TB 120
« Одговори #28 на: 12 Февруари 2021, 17:01:22 pm »
Јас сум секогаш за поголема кубикажа при исти кс.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.4 TB 120
« Одговори #29 на: 12 Февруари 2021, 18:47:43 pm »
Јас сум секогаш за поголема кубикажа при исти кс.
Viper си е Viper 8.4 V10.