8C е една од најубавите коли во историјата. Пробаа тој дизајн да го пренесат и во другите коли - односно во МиТо и Џулиета. Кај МиТо им успеа со задниот дел, предниот дел е така-така.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
It's so pretty, it hurts.
Јас не би рекол дека „пренесувале“ дизајн, туку дека тоа е дизајнерскиот јазик во тој период на
Centro Stile Alfa Romeo, Почнува со 8C Competizione и завршува со 4C. Го бележи периодот на Alfa Romeo од 2007 до 2014, од кога со Giulia преминуваат на „поконзервативен“ стил, со цел да им се допадне на поголемиот дел на популацијата, и секако америчкиот пазар (не баш многу успешно).
Сигурно дека дизајнот не им се допаѓа на сите, но од мое искуство со луѓе со кои сум правел муабет, повеќето се позитивни за дизајнот и на Мито и на Џулиета, а би рекол дека женскиот пол е посебно наклонет кон овие дизајни.