Некои веќе видоа, па да си напраиме муабет. Неколку дена возев Alfa Romeo Giulietta 1.6 JDTm 105.
Позитивно:
- Многу убаво вози. Многу. Стварно многу. Уел дан.
- Убаво, ниско седење. Многу добри седишта.
- Рачката од менувачот многу ми праи мерак, иако е пластична. Да е моја, би ги офарбал бројките на брзини со некаков лак во црвена боја, како што правеше
@MartinAlfista. Менувачот е фин и прецизен.
- Фина просторна понуда.
- Голем (и длабок) багажник.
- Прегледноста е генерално океј.
- Сосема коректно тивка на повисоки брзини, но не е најтивка во класа.
- OBD портот го ставиле на фино, практично место.
- DNA системот функционира одлично. Во Dynamic има огромна разлика и колата оди како да има повеќе од декларираните 105 коњски сили. Всушност, моторот повлекува одлично. Браво.
- Економичен мотор. Во Д, низ град околу 8, ама со газење. Во N (нормал) околу 6.4-6.5 со нормално градско возење.
- Скриените задни кваки се многу убав детал.
- Издувчето изгледа многу убаво позади.
- Чувството внатре е многу спортско, и повикува да биде возена онака, ентузијастички. Браво.
- Индивидуалните деталчиња се многу убаво дизајнирани и решени - носачите на страничните ретровизори, магленките, ДНА селекторот внатре, итн.
- 17-инчните тркала се таман. Може и поголеми, ама овие се таман. Плус убаво изгледаат.
- Overall, многу убава, динамична форма има. Плус црвена, како што треба да биде.
- Добро изгледаат алуминиумските педали. Треба секоја кола да ги има.
Негативно
- И после 10 години, не ми фаќа око на лик. Не ми јасно што е толку паѓањето во несвест дека била убава кола. Мене, субјективно, не ми е. Личен вкус.
- Материјалите внатре се океј, ако се земе во предвид дека е старичка веќе. Но реално, пластиките можат да бидат многу подобри.
- Ербегот со големина на послужавник е смешен.
- Централниот наслон не се спушта надоле.
- Контролите се различни од скоро све што сум возел. Тоа не е проблем само по себе, ама ми дојде чудно.
- Ми фали уште спуштање на воланот надоле и уште 2-3 цм да можам да го повлечам накај мене.
- На отварање багажник, мора да се брцне прст под работ на багажникот. Ако врнело (како што врнеше додека беше колата кај мене), неизбежно ќе си ги испрљате рацете.
- Радиото глумеше лудило околу поврзување со телефон. Успеав, не дека не.
- Има една чудна пластика над нозете доле, под воланот, покриена со теписон. Чудно е ниска, и ја закачував со левата патика на секое префрлање од куплунг на footrest. Веќе беше разресен теписонот. :/
Сè на сè, многу добар пакет, особено по акциската цена по која се нуди. Човек може да прости за многу од работите, и ако му се свиѓа како изгледа, со бензинчето е одлична понуда. Плус, новата моделска година (оваа што ја возев е регистрирана лани и нема некои од најновите детали) доаѓа со убав заден дифузер позади, поубаво-дизајнирани седишта и многу подобар 7-инчен инфотејнмент.