И кај мене малиот го ставивме у дубак, има и џампер, закачен на врата, прво таму рипаше, ама кога го откри дубакот и дека може да шета од соба у соба сам кај сака.... немаше крај на неговата радост.
Некои добри 3 месеци сигурно трчаше у дубакот, паралелно со џамперот, сега еве го од пред годинка се пушта сам иде низ дома, не му сметаше дубакот за проодување. Јес да уште бара рака како посигурен за да хара низ дома, а и сам по скали се качува кружни.
Видоевски ни кажа дека дубакот не го препорачуваат докторите поради опасноста да се преврти и да се повреди. И во право е човекот, ние чим приметивме дека е доволно голем (11,5 месеци од прилика) и дека се наведнува сам да си ги зима играчките од земја додека е во дубак му го тргнавме.
Е никогаш не научи да лази, само пузи како војник, се влече по земја, тоа може да е и поради дубакот... не знам.
Главно за проодување е да има мускули, а мускулите најмногу се вежбаат со џампер, исто така треба да се остави и во игротеки што ги викаат, со предмети што висат над него да се труди да фаќа, да се подига, да ги вежба стомачните мускули, па да седи па тек после тоа да учи да лази, па да иде.
Јас немам многу искуство (прво дете ни е) и во тој поглед Видоевски многу ни помогна со советите, секоја чест прво како човек кој знае да даде совет па после како ортопед.