Уште малку и јас ќе треба да пишувам тука.
Да го претставам новото возило и неговиот патник
.
Кажувајте
каде има убави/функционални/докажани колички .
Сегде, само зависи колку пари сте спремни да давате 
Ами колку
Колку и да се многу се
Ама со добра причина.
~ 400 e планирано ама ќе видиме.
Зборот ми беше ако може некој да пише:
Ние имаме Количка Maxi-Cosi Stella (2016) = 30,690.00 ден е ШИТ
не вреди за парите
Количка Bébé Confort Loola 3 (2016) = 25,990.00 ден. и е многу добра- се најнај 
Koличка Сosssato = 15.000 = и е многу добра- се најнај
итн..
Моето искуство го кажува следново:
- Количка Бебеконфорт Лола - околу 24.000 денара - ја утепавме од користење со првиот и сега еве и со вториот исто, секое заспивање на првото дете беше во количка, едвај се одвикна на 2,5 години, малово исто, година и два месеца е и само во количка заспива. Траскана каде уште не, секаде ја носиме со нас, Одлична количка. Имаме уште една летна као, Лорели И-мове и врска нема, траска цела и иако е чадор систем ептен е долга кога ќе се склопи.
- Транспортер Бебеконфорт (не ми текнува на модел - еден цел јајцевиден), околу 7.000 денари, - страшно непрактичен, тежок за носење, тежок за местење во кола и се користи само првите два три месеци, после тоа е тесен и згужвано е бебето.
Купивме уште еден за 2.500 денари од Сити мол, и тоа баш онака, викам дајте ми го најефтиниот, ПРЕ ПРЕ практичен, лесен за носење лесен за местење и широк бре, до 8 месеци и двете деца ги возевме во него.
- Блендери Филипс три прегоревме до сега, само толку знам за тоа, али па жена ми се исти ми вика да и купувам откако ќе прегорат. (за тоа толку знам)
- Креветче - монтажно за околу 3.500 денари плус душек од Симпо ~1.000 денари, многу практично и не многу лично и квалитетно, се скина делот каде што се откопчува за да влезе или излезе детето.
Дрвено креветче изгледа поубаво ама па да имав такво ќе се самоповредуваа секој ден зошто при спиење се вртат на сите страни, скокаат внатре и при секој пад се лупаат во страниците.
Со дрвено немам искуство и неможам да кажам што е подобро.
- Столче за хранење Перперего, прилично големо, среќа што се склопува, цена околу 14.000 денари, бидејќи има еден куп бескорисни функции.
Види си има сега мали столчиња, кој се монтираат и прицврстуваат за кујнски стол и се страшно практични и ефтини, да ја немав купено "фотељана" ќе си купев такво сега, плус сегде ќе можеш да го носиш со тебе (викенди и одмори)
- Столче за во кола - Макси Кози Тоби, јас сум презадоволен, бидејќи немам пробано друго, луѓе што имаат пробано и други столчиња за во кола знаат да бидат критични околу столчево, така моето "одлично" за столчево земи го со резерва.
Ова се реквизитие за кој ми текнува дека се користат доста, ако ти треба мислење за уште нешто кажи.