Ќе купиш количка од 100е, не може да се подеси аголот за легнување на бебето, нема транспортер, неме прекривка, нема церада за дожд, нема големи тркала за полесно движење, механизмот за склопување и расклопување ретко кога издржува повеќе од 6 месеци, тркалцата кочат после 3 месеци итн.. предност: ефтино си ја платил и не ти е гајле ако треба да ја фрлиш.
Ќе купиш количка од 500е, добиваш здрава шасија, добри механизми, големи тркала (по можност со гуми на пумпање), кабаница за дожд, прекривка за детето (вреќичка), транспортер за во кола, кој исто служи и како колевка во количката додека детето е многу мало, потоа количката може да се подесува во седечка и лежечка позиција со бесконечно многу подесувања на аголот, квалитетни материјали, можност за креирање завет или провев околу детето, торбица за бебе, простор под детето за ствари (од пазар ор самтинг), проѕирна кабаница за покривање на дождливо време, итн.
Јас имам две деца, ги истерав со една количка, без да купувам транспортери, додатни аксесоари за превоз на децата, а количката беше секојдневно користена во последните скоро 5 години, Градинка/дедо-баба/дома релација, километри у прашње се

. Ова лето за последен пат, количката е потполно функционална и употреблива, и чека спремна за некое друго бебе во блиска фамилија.
Маани, малце погломазна од оние „чадор систем“, и за нијанса потешка, иако изработена од алуминиум. Сепак, и сопругата се снаоѓаше без мака со количката и беше многу задоволна.
Во меѓувреме демек од практични причини (да има и кај баба и дедо една количка) сменети две не баш ефтини, сепак поефтини „чадор систем“ колички, кои се користени далеку помалку, а беа исто од реномирани фирими.
Секако дека ние не сме израснале во колички од 400-500е, а родителите на нашите родители не ни знаеле што е тоа количка, а тек нивните родители ги носеле своите деца во шамија преку рамо и работеле полски работи.... Денес имаме и транспортери, релаксатори, играчница, куп играчки, интернет, таблети и што ти ја знам што све не... Тоа се вика, едноставно, напредок.
Исто како со колите. Порано со фичовци и стојадини сме иделе на „наше“ море и ништо не нѝ фалело. Сега сакаме клима, серво, електрични прозори и заклучување на даљинско, без тоа никој не есапи веќе кола.