Гумите и нивните димензии не се исти, но твоите тркала (бандажи + гуми) се речиси идентични.
Математиката би била оваа:
За 235/45 R18, значи дека имаш 235мм*45% = 105,75мм страничен ѕид на гума. Земено на 2-те страни од тркалото, имаш 211,5мм гума.
За 255/35 R19, значи дека имаш 255мм*35% = 89,25мм страничен ѕид на гума. Земено на 2-те страни од тркалото, имаш 178,5мм гума.
Разликата во страничен ѕид на гума е 211,5-178,5 = 33мм = 3.3цм. Разликата во бандажите е 1" или 2.54цм, што значи дека разликата во твоите тркала е 7,6мм, односно твоите тркала со 18 инчни бандажи се во дијаметар поголеми за 7,6мм или 3,8мм по страна.
Борд компјутерот е доволно паметен за ова да го стави во пресметките бидејќи може да биде и обична потрошеност на самата гума, па затоа брзината на километражник е точна.
Дополнително самиот борд, по менување на гуми со ABS сензорот може да измери кога тркалото направило еден цел круг и да ја знае обиколката на тркалото со што ќе го прилагоди самото прикажување на брзината на борд компјутерот.