Автор Тема: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look  (Прочитано 36209 пати)

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #75 на: 15 Ноември 2020, 16:05:21 pm »
Moze da prasam zs bela boja? Zs ne siva primer? Ili vo kraen slucaj crna?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #76 на: 15 Ноември 2020, 16:06:53 pm »
Moze da prasam zs bela boja? Zs ne siva primer? Ili vo kraen slucaj crna?
Црна!? WTF? Зошто некој би фарбал бандаж црн?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #77 на: 15 Ноември 2020, 16:13:01 pm »
Секако дека може да прашаш ;D

Голем дел од возилата на рели сцената имаат бели бандажи, а јас нели пробувам да постигнам Rally Tribute изглед па си сакам бели бандажи.

Плус, бели челични бандажи не се необични за Peugeot, дури и од фабрика. Peugeot 106 Rallye со такви излезе од фабрика.

Алуминиумските се доста сочувани за да ги префарбувам.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #78 на: 15 Ноември 2020, 17:43:15 pm »
Супер искочиле.
Алуминиумските ги фарбав јас сам минатата година, не се нешто уау, ама убаво испаднаа со оглед на тоа какви беа.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #79 на: 18 Ноември 2020, 20:15:08 pm »
Биднаа и бандажите на кола!

Многу ми е јака колава сега, само тргам завеса да ја видам и да се изнасмеам :) До еден степен постигнав токму она што сакав со изгледот, сега остануваат само финесите :)

Листа на модификации кои ги планирав:
  • 2 или 4 кружни магленки во висина на хауба
  • калници на сите 4 тркала (најпрво обични, класични, подоцна 206 rally style mud flaps
  • фабрички кровни носачи (затоа што имам 3 точаци и точкарско друштво) (нарачани од ј*бена Австрија зошто не најдов овде)
  • amber side marker lights (позициони + маркери)
  • 14" steelies, фарбани бели и дечките од SEE3D да ми испринтаат капачиња какви што има 106 Rallye
  • најголемите 14ки гуми што ги собира
  • и финално, кога ќе дојде време да се репарира трапот, lift kit за 3-5 цм.

Еве и слики како излезе:





И позиционите што ги нарачав како портокалови, а стигнаа жолтеникави.


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #80 на: 18 Ноември 2020, 20:23:22 pm »
Уште жолти сијалици во фаровите и ќе имаш класичен Француз :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #81 на: 18 Ноември 2020, 20:26:00 pm »
Уште "TOTAL" налепници да и шибнеш треба :)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #82 на: 18 Ноември 2020, 21:01:26 pm »
напред ми се допаѓа, само позади ми фали нешто да биде поспортска.

Еве, друго браниче и дискретен спојлер :), како на сликава:

« Последно менување: 18 Ноември 2020, 21:20:11 pm AUUU »

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #83 на: 18 Ноември 2020, 21:10:21 pm »
Убаво дошла сега со беливе бандафчиња...

напред ми се допаѓа, само позади ми фали нешто да биде поспортска.
Фали зошто на калниците не пишува ништо :D

Полека ке си ја дотера...Детали се у прашање.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #84 на: 18 Ноември 2020, 21:14:29 pm »
Прекрасно изгледа! Да се чуди човек зошто се ставаат раткапни и се фарбаат црни вакви бандажи. Да се чуди.

Само напред, идејата е фантастична!

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #85 на: 18 Ноември 2020, 21:23:33 pm »
Lift kit, трапот позади како се крева???

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #86 на: 18 Ноември 2020, 21:24:31 pm »
Martin BRAVO!
Sproti site "trkacki" i spusteni koli za moment pocnav da ti stanuvam ljubomoren :)))


______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #87 на: 18 Ноември 2020, 21:27:15 pm »
Фали зошто на калниците не пишува ништо :D

Абе да, празно е некако во моментов... Исклучиво барав калници без натписи без логоа, ама можда ќе треба да пробам нешто такво :)

Прекрасно изгледа! Да се чуди човек зошто се ставаат раткапни и се фарбаат црни вакви бандажи. Да се чуди.

Само напред, идејата е фантастична!

Фала, фала :) Раткапни и јас не поднесувам многу, веројатно сум еден од ретките што повеќе сака голи челични бандажи.

За идејата, најбитно е што лично мене ми се допаѓа, зошто јас ќе ја гледам колата секој ден :) Мило ми е што и тука добивам позитивни коментари.

Lift kit, трапот позади како се крева???

Многу е едноставно, торзијата се поместува неколку "заби", делумно се отвара трапот. Не го правам сега зошто трапот и онака ќе треба да се репарира наскоро, немам причина да плаќам работа на трап два пати. :)

Martin BRAVO!
Sproti site "trkacki" i spusteni koli za moment pocnav da ti stanuvam ljubomoren :)))

Со Peugeot 206 се пробани и видени сите тркачки изведби, и малку спуштено, и многу спуштено, и 17ки бандажи со нископрофилни гуми, и OZ Racing полу сликови со дебел sidewall, и фарови и штопови и затемнети стакла... Што и да ти текне, некој пробал.

Јас сакав да пробам нешто контра, забавно, несекојдневно :) Излезе вака, и многу ми се свиѓа сега за сега :) Фала ти!
« Последно менување: 18 Ноември 2020, 21:36:50 pm MartinAlfista »

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #88 на: 18 Ноември 2020, 21:34:00 pm »
Интересно, браво!
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен zlatko.jovceski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 220
  • Renault Megane 1.5 Panda 1.2
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #89 на: 18 Ноември 2020, 21:48:34 pm »
Бате ти си напрајл рели возило спремно за терен, мора пандата да ја земеш под закрила да ја потсредиме :D
Едит : чекам лепенка ...