Автор Тема: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03  (Прочитано 44115 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #120 на: 14 Април 2021, 13:34:46 pm »
Сузукиво е така со ESP-то. Кога менував акумулатор, прво палење и остана да трепка сијаличката. На ОБД не вадеше ништо. Само што тргнав да ја провозам по промената, 20-30 метри и се исклучи.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #121 на: 14 Април 2021, 13:38:08 pm »
@Diesel тоа, баш тоа. Зошто е така, не знам, немам ни познавања ни искуства. А бидејќи немам дома OBD, возењето уствари беше кон технички, да ја врзат на дијагностика. Само што ја изнесов, си се среди при првото кочење.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #122 на: 14 Април 2021, 13:50:47 pm »
Валјда нешто влијае на системите прекинот на струја.

По стабилизирање, ЕКУ-то сфаќа дека има постојан проток, па реагира и го санира проблемот.

Логички...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #123 на: 14 Април 2021, 14:09:17 pm »
Не верувај многу на ЕКУ, скарани се со логика. Лани со i10 на речиси сув резервоар ми покажуваше 1/4...дур да сфати...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13939
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #124 на: 14 Април 2021, 15:56:21 pm »
Кај речиси сите понови коли, ако акумулаторот е празен почнуваат различни сијалички да светат, па откако ќе тргнеш се гасат :) Системот си ги проверува и то е то.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #125 на: 14 Април 2021, 17:31:20 pm »
Што си се замарал со филтри и масло. Кај Жаре имаш Texaso 5w40 фул синтетик, мислам му е 550л. Не ми замерувај, ти штедам време и нерви, пошо и ја вака у младоста идев по продавници.
Сеа, други обврски, оставам на Жаре.

И јас го имам истиот проблем со магленките, ми избива осигурувач, али ќе чека подобри времиња...

Што испадна кај тебе?

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #126 на: 14 Април 2021, 17:48:01 pm »
@AllMightyMe Далеку од замерување, совет на место. Само масло купив, сакав да го пробам Равенолот како ќе се однесува, а тој инсистираше за 10W-40.

Но добро е да се знае дека има и тој на лагер во голема количина, фала ти за информацијата.

За филтри (и можеби дихтунг) му реков да најде, скроз му препуштам и верувам нему за изборот. На крај на ден, тој е мајсторот, можам јас само проблемот да му го кажам.

Инаку исто и мене ми избиваше осигурач во кутијата нели која се наоѓа до акумулаторот. Сијаличката беше поцрнета целосно, и искрењето имаше пробиено низ алуминиумот од основата на самата сијаличка.

Пак ќе речам, дали некоја маса на фарот, на шасијата се има случено, лоша изолација, стварно не знам. И други Алфисти во Прилеп што ги прашував ми кажаа дека си имаат мака со магленките, така што не сме единствени.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #127 на: 22 Април 2021, 18:43:54 pm »
[22.04.2021]

- Направен мал сервис, масло Ravenol HCS 5W-40 и филтри
- Поздрав до Жаре што ми го извади модулот за климатроникот бидејќи дисплејчињата трипаат и не знам колку е моменталната температура, тоа отсекогаш ме нервирало. Викендов ќе можам да се занимавам со него или пак да сменам друг целосно.

За понатамошни поправки нека стои линкот:
https://www.alfaowner.com/threads/repairing-a-gt-147-climate-control-unit.367724/

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #128 на: 28 Април 2021, 12:07:44 pm »
[26.04.2021]

- Занимација во домашни услови, климатроник модулот се уште не е направен, LCD дисплејчињата имаат некој прекин и не можам да ги направам иако со ајва (лемилица) се загревани контакти на интегралното коло. Најверојатно ќе се порачува друг дел и ќе се прави proxi alignment . Вчерашното возење без клима беше убитачно.



- Додека се размислува и чека за тоа, решив да го отворам средишниот вентил под потпирачот кој беше ултра валкан и гаден. Прашина измешана со масло и маст, не знам како и зошто. Дополнително и капачката е оштетена (види втора слика), па ќе се смени и таа со нова. Отворени и предните вентили, тие си беа сосема чисти и неоштетени.





- Во меѓувреме на враќање кон Скопје, задните дискови и/или плочки започнаа квалитетно да квичат. Па сега на секој најнежен допир на кочницата се слуша квичењето (ѓоа бише да кољам  ;D). Посебно во град се слуша бидејќи се одбива звукот од соседните возила и објекти.

Не се досега тие сменети па сигурно има 50ккм поминато со нив. Штета што немам соодветен алат за да го турнам клипот во шепата инаку сам би си ги сменил на некој паркинг.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #129 на: 28 Април 2021, 12:44:59 pm »
Шо ги криеш гумените патосници  :P

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #130 на: 28 Април 2021, 12:48:40 pm »
[26.04.2021]

- Занимација во домашни услови, климатроник модулот се уште не е направен, LCD дисплејчињата имаат некој прекин и не можам да ги направам иако со ајва (лемилица) се загревани контакти на интегралното коло. Најверојатно ќе се порачува друг дел и ќе се прави proxi alignment . Вчерашното возење без клима беше убитачно.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

- Додека се размислува и чека за тоа, решив да го отворам средишниот вентил под потпирачот кој беше ултра валкан и гаден. Прашина измешана со масло и маст, не знам како и зошто. Дополнително и капачката е оштетена (види втора слика), па ќе се смени и таа со нова. Отворени и предните вентили, тие си беа сосема чисти и неоштетени.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

- Во меѓувреме на враќање кон Скопје, задните дискови и/или плочки започнаа квалитетно да квичат. Па сега на секој најнежен допир на кочницата се слуша квичењето (ѓоа бише да кољам  ;D). Посебно во град се слуша бидејќи се одбива звукот од соседните возила и објекти.

Не се досега тие сменети па сигурно има 50ккм поминато со нив. Штета што немам соодветен алат за да го турнам клипот во шепата инаку сам би си ги сменил на некој паркинг.
Ако те носи пато бт ела ќе ти дам алат или ќе ги смениме :)

Sent from my SM-G770F using Tapatalk


Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #131 на: 28 Април 2021, 13:02:22 pm »
@vladimir_1 се убаво, фала за помошта, но во Скопје сум  :-\ Ако има некој тука во градов, ќе средиме со него. Или на крај на краиштата, пак една посета кај Жаре, ни да се малтретирам ни ништо.

@riki_staff баш спротивно, јавно признавам дека тоа се најкрутите патосници што сум ги видел во животот  ;D. Но за во зима се супер. Се спремаат платнени за (надежно) летнава сезона.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #132 на: 28 Април 2021, 13:38:57 pm »
Сега на Рики му горат ушите ;D

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #133 на: 28 Април 2021, 13:46:09 pm »
@Mikius Устата ми зборува, носот ми слуша  ;D Ете и Рики нека знае

Отсутен MNikolovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 81
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #134 на: 28 Април 2021, 14:17:42 pm »
Не се досега тие сменети па сигурно има 50ккм поминато со нив. Штета што немам соодветен алат за да го турнам клипот во шепата инаку сам би си ги сменил на некој паркинг.

Обична столарска стега нема да заврши работа?

На нешто вакво мислам:

http://www.kupialat.mk/index.php?route=product/product&path=3_41_42&product_id=3037

Ако мислиш дека ќе ти брка работа, може да се договориме нареден вторник-среда да ти позајмам :)