Денес, сабота, 06.02.2021, се погоди прекрасен сончев ден во Прилеп, па решив да го искористам. Пополека сакам да си ја спремам за тура низ Србија, зависи и со ситуацијава како ќе биде. Но дотогаш една генералка.
Од убави работи:
- ја исчистив внатрешноста целосно со усисивач и со помош на груба четка (прилепски - рибачка) да ги подигнам сите заглавени нечистотии во теписоните.
- ги пребришав сите пластични делови во ентериерот, како и украсната пластика над блокот со Turtle Wax - Black in a flash
- го исчистив најпроблематичниот дел за мене што постојано го игнорирам, а не може да се среди поинаку освен рачно и трпеливо (
види слика подоле). Тоа е делот кај што се затвора петтата врата и нема пристап со шмрк или црево што и да е. Фала Арис ДеГрасс за асистенцијата
- си променив стандардни убодни сијалички на регистрација
- ги исчистив и намачкав зимските гуми со К2 Bold. Можам да кажам дека гумите и бандажите не се поцрнети од новите плочки, како што беа со старите во ноември и декември.
Од не толку убави работи:
- некој на паркинг решил трајно да ми се потпише на предниот браник, па и јас како Carpathian, Inter, Diesel и останати си ги знам сите гребаници
- повторно ми се мрси спојот на капачката на вентилите со главата и покрај тоа што е променет дихтунгот пред пола година (грешка моја што ми го сменија во Прилеп). Тоа ми е приоритетно месецов или најдоцна наредниот да го средам кај Жаре.
Толку засега, ми се ручаше, па ќе продолжам за брзо