[20.03.2021] Денес, сабота наутро, стандардна рута кон Прилеп. При качување на Плетвар, кај каменоломот, знаат сите каде е тоа, ми губи сосема снага колава. 5та брзина не доаѓа предвид, 4та до крај гаста, 65-70km/h со судни маки.
Одма почнав да се сомневам дека немам притисок, скинато црево од интеркулер до блок, немам вакуум на турбина, limp mode, инстантно црни сценарија. Плетвар кај Че, повеќе од 3та не можам, ќе почнам наназад да се тркалам. Надвор има магла и виулица, и не би сакал тука да останам.
Се довлечкав некако до дома и го викнав татко ми во двор. Стискам на цревото до блокот, тој дава туража до 4к rpm, цревото е меко, не набива притисок. Ништо му викам, не дека сакам во Прилеп да ја сервисирам, ама немам избор, морам да се вратам во недела во Скопје, во понеделник сум на работа.
Одам во УниРојал, вака и вака. Ај ќе провериме, ќе ја дигнеме. Проверуваат и ми викаат - турбината има вакуум, цревата се здрави ама
шаржерот не ти чини, ти тиши и затоа немаш снага. Тоа всушност е вентилот за контрола и регулација на boost, во некои возила мислам дека како соленоид го има.
Бараат по каталошки број, за да монтираат ОЕМ дел, тој е со два излеза.
види слика доле Ми викаат - кај тебе е со три излеза, да не не е 1.9 JTD 85kw? Им давам сообраќајна, тој е моторот. Ај извади го целосно, јас им викам, да го побарате по број на дел.
Го вадат и што да видат - на него пишува VW VAG

. Прекрасно. Има три излези. Пцујам до 7мо колено.
„Друже, тоа што имале при рака, тоа монтирале тие пред тебе. Не си ти крив.“ Чка пар? 5400 мкд, 20% попуст, 4300 со работна рака. Еве ви, со здравје да си ги користите, да не ве гледам.
