Автор Тема: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03  (Прочитано 44003 пати)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #330 на: 23 Февруари 2022, 13:00:59 pm »
Update: не е до гумите/бандажите :)

Поздрав до дечките од Stop&Go што излегоа во пресрет и не ми наплатија.

Останува летвата да се провери, прееска пред Александар Палас дури и во спротивна лента ме сецна додека идев накај МиДа.
Ај пробај изротирај ги предни со задни. И кај мене на машина не даваше дека е крив бандаш или гума. Најверојатно кај мене гумата се дефирмираше од тежината на кола инаку кога е извадена на балансерка е права.

Чисто за проба изротирај ги за да си сигурен дека не е до нив.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #331 на: 25 Февруари 2022, 10:07:07 am »
@dbl.dzo има некој update на ситуацијава, до кај стигна со испитување? Планирам утре да одам да проверам предница..

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #332 на: 25 Февруари 2022, 10:51:27 am »
@ivanxh Стигнав и завршив со испитување. Вчера бев кај мајстор за летви кој го најде проблемот и кој не знам како не го виделе досега.

Ми рече едно нешто - „Срамота за мајсторите во Прилеп што не ја виделе долната десна виљушка, од страната на незгодата. Истата е пред распаѓање и скоро и да нема чаури, па се допира со краевите метал-на-метал. Гледаш да ја замениш што е можно побрзо, не тргнувај наеднаш во право, и не вози брзо. Секоја нагла реакција може да предизвика да испадне тркалото.“

Од тука, си пишав со Жаре, да го прашам кога може, бидејќи ми треба да биде сервисирана за вчера. Тоа е засега, се уште е на листа на чекање.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #333 на: 25 Февруари 2022, 11:14:48 am »
Значи сепак гумица на балансштангла, кажано со југоречник :D

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #334 на: 26 Февруари 2022, 12:01:24 pm »
@dbl.dzo ubedlivo podobro od mene kje pominesh.. vo BoMi mi rekoa stabilizatori, chauri, sponi mi se za menjanje, i treba da se centrira.  :'(

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #335 на: 04 Март 2022, 12:18:51 pm »
Со мало задоцнување, да го затвориме и овој дефект

[28.02.2022]

Сума сумарум - Сменета десна долна виљушка кај Жаре и уште едно центрирање кај Мики во БоМи.

Во детали - посакувам да не ја видев виљушката додека беше на возилото. Едноставно немаше.. чаура, метал со метал допираше и цело тркало се мрдаше. Во БоМи искористија и некоја техника на загревање на споните бидејќи биле запечени, со цел да не ги менувам одма нив.

Целото задоволство ме чинеше слично како и @ivanxh - 5000 ден.

Нека одмори месецов колава, доста и е внимание, па нареден ќе му ја мислам за голем сервис.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #336 на: 04 Март 2022, 12:26:58 pm »
Наздравје, драго ми е што на крај успешно завршила операцијава. :)

И дефинитивно пофалба до дечките во БоМи за фер и коректноста.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #337 на: 04 Март 2022, 13:38:52 pm »
Богами, цела буфер гума да ја нема.... Да не речам и среќа си имал

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #338 на: 19 Јуни 2022, 11:27:12 am »
Темава не е активна 3ипол месеци бидејќи си го купив тротинетот, имам поминато досега 500км со него, а возилото си стои на паркинг.

Ако те интересира надоградување и тјунинг на турбо, кликни тука за да ја прочиташ ултра интересната тема на @Simo - Carrier159 пошо надоле ќе се збори за дефект  ;D

[12.06.2022]
А кога не стои на паркинг, решава да се расипе. Насока Прилеп -> Скопје, патарина Петровец, губам снага, немам boost на турбото, и се слуша тропање како скинат лонец.

Стигам до град, почнува да чади сивкасто/плавкасто и само се молев да ме однесе до Центар до паркинг.

Нареден ден, поради несогласување на распоред со Жаре, исто како кај @MartinAlfista , по негова препорака отидов тука, во Ѓорче.
Mајсторот се вика Андреј, младо дете, нема ни 40 години, работел кај друг механичар во Прилеп 5-6 години.
Топло го препорачувам и на други ако им треба (тел: 078 363 205 - Андреј Сервис Москвич). На газдата на сервисот не му се збореше тој ден.

Не ми наплати за дијагноза, со кратки црти ми рече дека турбината е отидена и ми покажа колку луфта има на осовината/перката.
Стоел на располагање ако се одлучам да ја правам (т.е. менувам) турбината.
Тој ја нуди работната рака која е 100еу (и треба да препрашам дали вклучува тоа менување на масло и филтри или е додатен трошок).
Јас да го однесам само делот, независно дали сум сакал да ја репарирам старата, да донесам друга половна (која е исто 100еу) или да купам нова-нова. 

Така да, си ја вратив на паркинг, да одмори уште малку таа, а јас да смислам што да правам.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #339 на: 19 Јуни 2022, 12:45:46 pm »
Прашај во ужице за турбина. Секој механичар ќе ја промени.
Оквирно цените пред 2 години за 1.9јтд (не знам кој поточно) беа 150 и 180 евра.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #340 на: 19 Јуни 2022, 13:04:28 pm »
@bear Претпоставувам алудираш за репарација на мојата, нели? Ако не се лажам, тие имаат и претставништво тука, во Скопје - Тафталиџе, кај Католичка некаде, не знам точно каде.

Баш и мајсторов ми нагласи за половна од друга Алфа ако донесам дека е ризик т.е. мачка-во-врејча ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #341 на: 19 Јуни 2022, 14:06:57 pm »
Дојди, ќе вежбаме на твојата турбина, пред да ја мењам мојата :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #342 на: 19 Јуни 2022, 14:11:36 pm »
Помини или јави се кај овие од Ужице, ако имаат во магацин на лагер ќе треба да ја однесеш твојата и да ти дадат одма репарирана. И 100€ да е разлика во цена помеѓу купена од отпад половна и репарирана, јас би одел на репарирана, не за друго, туку да не те гризе совеста после.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #343 на: 19 Јуни 2022, 14:15:53 pm »
@Simo - Carrier159 не е лоша идеја реално, сакав сам да пробам да го правам тоа, али ми фуфка и немам соодветен алат и физички простор за тоа. Вака со Алфа-ветеран можеби и ќе може да се изведи тоа.

@зоки-златен не знаев дека имаат магацин со потенцијално спремни турбини. Тоа е многу практично! Таа што ќе биде од отпад сигурно е исто возена колку и мојата. Баш ќе се јавам во претставништвото во Скопје, да видам што имаат  на лагер. Големо фала!

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #344 на: 19 Јуни 2022, 14:35:59 pm »
Не се лажете дека репарирана ќе трае подолго. Поголеми се шансите половна да трае повеќе од репарирана.