Некои два месеци подоцна, после летен одмор, полнење на батериите и послушување на советот на
@зоки-златен , вчера за 29ти роденден си се почестив со репарирана турбина од Турбо сервис ужице.
Во кратки црти:
- извадена старата турбина (рака - 6000 ден)
- монтирана репарирана турбина со година дена гаранција (нова срцевина и составни делови, со пескарено куќиште - 16000 ден)
- исчистени црева
- испран интеркулер
- испран картер
- сменето масло (3000 ден)
- сменети филтри за воздух и масло (1000 ден)
Вкупно - 26 000 ден
Пофалба до мајсторот во Ѓорче (кај што го видов
@Simo - Carrier159 ) кој ми излезе во пресрет за одма да ја средиме, и пофалба до професионалниот однос во Турбо сервис Ужице, што ми кажаа се околу гаранцијата, можните проблеми, монтирањето и се пропратно.
Конечно си имам возило во возна состојба, спремно да биде паркирано уште некој месец додека си го терам тротинетот