Не може да застари темата ако имам нов проблем
.
Имено:
Чисто за евиденција, последнава недела низ Скопје што се развозувам, колата ми забегуваше в десно по одредени булевари и постојано ја корегирав.
Ова се уште го имам, не помогна ни центирање, ни проверка на предница кај Бо-Ми (бидејќи немало потреба од центрирање).
Денес бев и во Авто-Мобил кај Плимонт за проверка на предни амортизери кои излегоа 70% што сметам дека е сосема океј. Можеби не се некој фактор, ама чисто од параноја сакам да ги отфрлам од равенката.
Не се чувствувам сигурен додека возам и не сакам да возам побрзо, а треба да излезам на автопат кога тогаш. Воланот не е директен и не можам да одржувам права линија.
Не знам што се случи искрено, од моментот кога излеговме од Градска перална пред 10тина дена, на Мартин му реков дека не е исто управувањето. Не ја барам таму вината, туку временски така настаните се тајмираа.
Ако имал некој сличен проблем, слободно нека сподели, а секако ќе правам еден поседок кај Жаре.