Автор Тема: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03  (Прочитано 44012 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #300 на: 08 Февруари 2022, 17:24:27 pm »
@loopz Без грижи, од 1ви ноември ги имам монтирано тракторските гуми, за да го качувам Плетвар   ;)

[08.02.2022]

Дури сме кај Плетвар, вчера добив поклон, иако не требаше да се троши воопшто.

Под каменоломот во правец кон Скопје, на десна кривина наеднаш се одрона камен при што немав време за реакција, удрив во истиот, ми го скрши браникот, трепкачот и .. картерот.

Океј не го скрши туку дупка ми остави, при што нели истече цело масло на тоа факин невреме.

Среќа застанав веднаш, ми појави дека има низок притисок на масло и ја исклучив веднаш колата. Уште еден шлеп (од Авто Контрол) дојде некако со молење на таа виулица. Денес најдов половен картер од истиот мотор за 3000 ден, и моментално е на замена во сервисот. 

Февруари дефинитивно не е мој месец.
Извини @Diesel , ќе мора да почека Хондата, ма да вчера се покажа на тоа невреме кога дојде татко ми да ми помогне :) Полека но сигурно, си се вративме назад.


Лее, синка, извини. :(
Јас сум крив што го спомнав меѓусезонскиот, анатемата проработе.
Сега ми е страв по цигари да тргнам, ќе морам пеш 4 километри. :(
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #301 на: 09 Февруари 2022, 11:39:49 am »
Лупс, ќе го пробиваш ли просек 15км пеш годишно? Немој брате. Немој цел форум малер ќе не бие. Не заебавај. ;D ;D

Него Џо, чим сте живи здрави тури му пепел. Можеше само полиција да си викниш да ти направи записник да си бараш оштета.

Само на тоа не време знам дека ќе измрзнеше 3-4 саати дур да дојдат, без парно без ништо горе на Плетвар.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #302 на: 09 Февруари 2022, 11:56:54 am »
Мислам те видов, имаше две возила и шлеп возило застанати веднаш под каменоломот.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #303 на: 09 Февруари 2022, 19:49:35 pm »
Ете од кај муабетите за Алфа и шлеп, ни крив ни должен мораш на шлеп, па ќе те слика некој и ете ти муабети Алфа се расипува  :)

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #304 на: 12 Февруари 2022, 22:39:19 pm »
Клабери, поздрав до сите, фала ви за пораките и извинете за секирациите.

@Skywalker дап, бидејќи бев на многу незгодно место, го викнав татко ми да помогне со сигнализација и плус самиот шлеп нели.

Да, дефинитивно сме каргајс, но на крај на ден тие се сепак материјално и најбитно е да бидеме ние како луѓе здрави, живи и присебни.

Само за забелешка - половниот картер најверојатно не беше ОЕМ, бидејќи имаше излезно црево од испарителот за маслена пареа. Кај мене испарителот е горе на капачка. Како и да е, беше решено тоа брзо потезно и засега немам никакви маки.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #305 на: 19 Февруари 2022, 23:00:10 pm »
Чисто за евиденција, последнава недела низ Скопје што се развозувам, колата ми забегуваше в десно по одредени булевари и постојано ја корегирав.

Денес бев до кај Бо-Ми Ауто, да ми помине мислата дека има потреба од центрирање.

Минимални корекции до 0.3 степени напред и назад, дечките беа ултра фер, само 300 ден ми земаа, дури и пофалба за предницата добив :)

Комбинирано со правилно напомпани гуми, продолжи да си вози направо :)

П.С. Во Макпетрол, Карпош има фини МФ крпи, 130-140 ден од некој бренд Armor All, си ја бркаат функцијата.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #306 на: 19 Февруари 2022, 23:04:52 pm »
Човек, ти или ќе да си убав, поубав од Бред Пит или пиштол носиш на каиш кој постојано се гледа.

Како бе центрирање предница во Скопје под 1000 денари?! (Ок, има едно место што знам дека е 800, ама немтури се)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #307 на: 19 Февруари 2022, 23:20:10 pm »
За убајна се работи на случајот  ;D

Ништо не беше центрирано, затоа таа цена. Добив коментар дека е стегната предницата и на мерка е.
Тука си идеме со @MartinAlfista стандардно поради услугата: https://www.facebook.com/CentriranjePrednica/

Camber (front and back): -1.80
Toe (front and back): 0.30
Caster: 2.3

Отсутен ceki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #308 на: 20 Февруари 2022, 16:10:20 pm »
Здраво. Имам прашање на алфата почна да ми дава сигнал ма екранот дека нивото на масло е 0, шипката за мерење масло беше до пола

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #309 на: 20 Февруари 2022, 16:12:36 pm »
Ти кажува по со време да си купиш за дотур, оти и другата половина ќе ја смукне.

Отсутен ceki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #310 на: 20 Февруари 2022, 16:13:59 pm »
Ти благодарам другар само што му дотурив, а иначе не капи од нигаде масло

Отсутен ceki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #311 на: 20 Февруари 2022, 17:11:29 pm »
Да ми каже некој проблем со индикатор на табла за рачна кажува дека е крената рачната сменати задни плочки пред неколку месеци. Сензорот е океј

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #312 на: 20 Февруари 2022, 17:51:13 pm »
@ceki тоа што ти се сменети плочките нема поврзаност со симболот на шалт таблата. Сензорот се наоѓа веднаш под рачката од самата рачна, која продолжува со сајла кон тркалата нели. Види со дијагностика дали може да се направи нешто со индикаторот и/или да се штелова дополнително рачната.

П.С. Ќе ти биде ли тешко да си отвориш своја тема за возилото или пак да прашаш во Техничко одржување, бидејќи ко навика ти е станато кај мене да пишуваш? Фала ти  :)

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #313 на: 20 Февруари 2022, 18:50:51 pm »
@ceki тоа што ти се сменети плочките нема поврзаност со симболот на шалт таблата. Сензорот се наоѓа веднаш под рачката од самата рачна, која продолжува со сајла кон тркалата нели. Види со дијагностика дали може да се направи нешто со индикаторот и/или да се штелова дополнително рачната.

П.С. Ќе ти биде ли тешко да си отвориш своја тема за возилото или пак да прашаш во Техничко одржување, бидејќи ко навика ти е станато кај мене да пишуваш? Фала ти  :)
Ако де инаку ќе ти застари темата :)

Sent from my SM-G770F using Tapatalk


Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #314 на: 20 Февруари 2022, 20:52:03 pm »
Кај се видело да застари тема со Алфа?!?

;D