Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 170660 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1410 на: 12 Октомври 2023, 22:56:40 pm »
Одлично, среќа потемнеле :)

Јас не би ставил повторно...

Sent from my SM-S908E using Tapatalk

И јас не би  :D

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1411 на: 13 Октомври 2023, 20:55:15 pm »
Денес набавени и монтирани нови амортизери за гепек - Monroe ML5767 од @Prcot

Морам да издвојам еден момент во набавката: сабајле во 9 му пишав на Viber (од нигде-никаде), околу 14 часот ги земав.
Да си го чуваме додека сеуште е во бизнисов.  8)

Амортизерите на гепек уствари се работа што ја менуваш кога СТВАРНО ќе ти скурчи. Или кога ќе залади.
Уште лани му пишав да си купам, ама забаталив.
Моите држеа за надолу (ама враќањето од пола до крај беше мачно), а за нагоре одеа до пола скоро, после требаше да ти буткаш.



Овие што ги извадив се фабричките, што значи дека издржале 13 години (без 2 месеци). Додуше, беа за менување уште полани.



Monroe:





Видео

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1412 на: 13 Октомври 2023, 21:43:38 pm »
Кај мене фабричките издржале 24 години  :-X

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1413 на: 14 Октомври 2023, 11:22:20 am »
Денес набавени и монтирани нови амортизери за гепек - Monroe ML5767 од @Prcot

Морам да издвојам еден момент во набавката: сабајле во 9 му пишав на Viber (од нигде-никаде), околу 14 часот ги земав.
Да си го чуваме додека сеуште е во бизнисов.  8)

И јас го имам истото искуство со дечкото, скроз ок цени и брза услуга.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1414 на: 14 Октомври 2023, 14:51:13 pm »
Благодарам за убавите зборови, даваме се од себе секогаш сите да бидат задоволни од квалитетот и цените и секако стоиме позади сите делови што ги нудиме.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1415 на: 16 Октомври 2023, 00:38:47 am »
Клабери, имаме некој од Словачка/ЕУ што ќе си доаѓа скоро наваму?
Долго време сум без капаче на сензорот за дожд (од кај кабината е ова и ја грди), а се продава овде:

https://www.oemvwshop.com/1p0955737-y20-cover-plate-pearl-grey-p378078/#gallery

Да го порачам и платам, па нека го испорачаат некаде кај вас. Или треба да ги прашам трошоци до Македонија.
Или Порше Македонија, баш ме интересира цена кај нив. Пред 1-2 години порачував странични знакчиња и едни пиксни за даската на гепекот, знам дека уште примаа нарачки за Леон од оваа генерација.



@Prcot - Евентуално од твоите извори ако може да се најде исто. Кодот на делот е: 1P0 955 737
« Последно менување: 16 Октомври 2023, 00:49:16 am balanar »


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1417 на: 16 Октомври 2023, 01:14:00 am »
^Ова не ти се уклапа во цената? Или сакаш баш ОЕМ да биде делот?

https://www.ebay.com/itm/274955573860?hash=item4004a11a64:g:bFAAAOSwQaNhScSO&amdata=enc%3AAQAIAAAAwNz57CCL65NbvKoLDQC3q1RLW0WZ9Ps5wWiQqIVDlHr4mt7EIAdRj7iM4pWLjgEz4Ua4ZOjQhKiAKB8Sapi%2BnUzbUnRJ5mAJwOymCuiXERneUSr2zQFN2bJ2LpxkKWLrtq7zJzNJkkQmYJlGdxh%2FYTyHLRm2VptOcQdf1Z2%2BNquBjHJEI3PQ4Nf81OZBKGNczhZFmLth0DhVr4%2FyQv2bwYAwUcMwm8hLng17fbmAEtyC%2FDsSXCJWTbKkV5tbejtaDg%3D%3D%7Ctkp%3ABk9SR9qHjNnmYg

Не е лошо и ова, 25$ со шипинг.

Да видам прво што ќе каже форумскиот дилер или евентуално Порше Македонија, па ќе размислам и за ова.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1418 на: 16 Октомври 2023, 07:14:44 am »
Можам да ти донирам капаче ако решиш да бараш некој со 3D принтер и 3D скенер за за го копираш/реплицираш. :)

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1419 на: 16 Октомври 2023, 08:12:14 am »
Де бе, нема некој Леон за делови кај нас ?


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1420 на: 16 Октомври 2023, 09:05:19 am »
Де бе, нема некој Леон за делови кај нас ?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Не го двојат од сензорот, полани прашував по огласи...

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1421 на: 16 Октомври 2023, 11:29:44 am »
Најдени од @Prcot две работи што сакам да ги сменам одамна , за испорака ќе почекаме малку.

- Пар странични жмигавци Tyc (фабричките ги фрлив пред две-три години, од тогаш 2 пати порачувам од AliExpress - пожолтуваат за 5-6 месеци)
https://www.autodoc.co.uk/tyc/1500338

- Капаче на сензор за дожд
https://www.vag247.com/en_US/p/Rain-sensor-cover-plate-SEAT-Leon-II-2005-2013/4077

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Денес дојде мајстор и ја извади бравата за палење, во саботата престана да врти од нигде-никаде, не врти клучот ни до контакт.











Како што спомна - ќе чини 3000 денари за промена на цилиндарот (плус работна рака), со тоа што ќе ги задржам старите клучеви (имам два со далечинско).
« Последно менување: 16 Октомври 2023, 11:42:02 am balanar »

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1422 на: 16 Октомври 2023, 11:31:57 am »
3000 јеботе...
Соленко.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1423 на: 16 Октомври 2023, 12:22:57 pm »
Па и не би рекол дека е соленко. Ако добро разбрав, дошол на лице место, демонтирал брава, па ќе ја монтира назад.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1424 на: 16 Октомври 2023, 12:34:41 pm »
Клабери, имаме некој од Словачка/ЕУ што ќе си доаѓа скоро наваму?
Долго време сум без капаче на сензорот за дожд (од кај кабината е ова и ја грди), а се продава овде:

https://www.oemvwshop.com/1p0955737-y20-cover-plate-pearl-grey-p378078/#gallery

Да го порачам и платам, па нека го испорачаат некаде кај вас. Или треба да ги прашам трошоци до Македонија.
Или Порше Македонија, баш ме интересира цена кај нив. Пред 1-2 години порачував странични знакчиња и едни пиксни за даската на гепекот, знам дека уште примаа нарачки за Леон од оваа генерација.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

@Prcot - Евентуално од твоите извори ако може да се најде исто. Кодот на делот е: 1P0 955 737

1.150 денари е оригинално ново, ако е точен пишаниот каталошки број на делот.
Aus Liebe Zum Automobil...