Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 169021 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1005 на: 27 Јуни 2022, 18:17:58 pm »
А замаецот јавува па проблем само на 2000 врт.?
Јас мислам дека и треба салам дување на колата. ;D
Не ја занемарувај семоќноста на г-дин пливајучи замајац :D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20113
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1006 на: 27 Јуни 2022, 18:24:09 pm »
Ајде да употребиме малку логика :)

Зошто се појавува само на 2000 вртежи, при што на дијагностика е се во ред, плус проверени еден куп работи освен дизни.
Доколку се дизни, зарем не би се појавувало без исклучок на тоа во кој степен на пренос се вози, секогаш на тие 2.000 вртежи?

1. Лабава е перката од турбото минимално и кога држи вртежи таму варираат вртежи затоа што се менува притисок од турбото. :D

2. Гас педалите се преосетливи и можеби има минимално движење од нога и варира гас.

3. ? ? ?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1007 на: 27 Јуни 2022, 18:33:29 pm »
Ајде да употребиме малку логика :)

Зошто се појавува само на 2000 вртежи, при што на дијагностика е се во ред, плус проверени еден куп работи освен дизни.
Доколку се дизни, зарем не би се појавувало без исклучок на тоа во кој степен на пренос се вози, секогаш на тие 2.000 вртежи?

1. Лабава е перката од турбото минимално и кога држи вртежи таму варираат вртежи затоа што се менува притисок од турбото. :D

2. Гас педалите се преосетливи и можеби има минимално движење од нога и варира гас.

3. ? ? ?
Замаец ;)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1008 на: 27 Јуни 2022, 18:34:00 pm »
Епа клабери, малку поопсежен пост со уште нерешен проблем/симптом.
Она со повременето сецкање/колебање при забрзување, како и варирање на работата на моторот при одреден број на вртежи остана сеуште.

Сличен проблем како твојов имав и јас на бмвто (мене и во вожња ми имаше изгасено 2 пати). Провери си ги дизните, кај мене сменија и некој fuel pressure valve control (не знам на мк како се вика) и сеа немам проблем./

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1009 на: 27 Јуни 2022, 19:22:02 pm »
Не секогаш некој рандом симптом значи смак света и дека треба веднаш да се трча по мајстори.

Службена 508, понекогаш на ладно после палење  се осеќа благо нишкање во кабината во траење од 5-6 секунди, со мало додавање гас и отпуштање веднаш го снемува.
Официјално толкување е дадено дека понекогаш им треба повеќе време на теговите да му дадат баланс на замаецот, и еве после толку години никому ништо.

Или па со самошто купениот мој Меган, (научен на атмобензинци), по удолница на Водњанска (и слични примери) си го убацував во 4та и така без гас надоле до вториот влез за клиника, тука веќе ќе почне да успорува и ќе ја пипнам гаста колку да одржува брзина (50/55 км/ч) и ќе почнеше да цима/удара напред/назад. Сконтав да избегнувам минимална гас под мало оптеретување и наредни 8 години никому ништо.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1010 на: 27 Јуни 2022, 19:57:00 pm »
Маката е што доколку осетиме некоја промена, обично е индикатор дека нешто не е како што треба. Ако е се во ред, шо не си работи како до сега, пример?

Кога нешто кај кола ќе се промени само од себе, тоа никогаш не е на подобро, што даље имплицира опасност да се влоши со тек на време на игнорирање, што даље имплицира на поголем трошок за поправка. 50-50 е - може не е ништо сериозно, а може да е почеток на нешто што ќе повлече со себе повеќе поправки, hence поголеми трошоци.

Се согласувам дека некои од нас многу се потресуваме на колите и се согласувам дека е тешко во денешно време да се најде сервис-дијагностичар како што треба.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1011 на: 27 Јуни 2022, 20:45:30 pm »
Во ред е тоа со постојани симптоми, тоа е знак дека има некој дефект, но со непостојани или недоразвиени симптоми?
Ете, нека си ги провери дизните за да биде раат, но ако се испостави дека се сепак во ред? Што ќе биде следно? А мајстори ко мајстори.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4218
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1012 на: 27 Јуни 2022, 20:50:36 pm »
Читајќи последниве 2-3 страни се присетив на А-класата што ја имав, со 2.0 дизел мотор. Уште на проверка во сервис, измерија дизни, и едната не работеше како што треба, а следната до нејзе компензираше, и се осеќаше тоа во лер. Во возење го немав приметено, пошто како мала вибрација беше со слаба промена на звук. Мислам дека слично како кај тебе, но поизразено, без сецкање. Ја купив така колата, бев спремем и да мењам дизна ако треба, но првин ставив адитив, ако стои уште темата може и пишува што сум ставил (дали беше Wyns или Bardahl). Работата на дизната се подобри, до степен да ептен малку се приметува. Не отидов повторно да ја мерам, ја возев 4 год колата, немаше никаков проблем со дизните.
Да е моја колата, освен адитив(и) од најскупите, друго не би правел, освен ако нема некој да даде гаранција дека ќе го отклони проблемот, поготово ако се работи за 150 евра од дизна.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1013 на: 27 Јуни 2022, 21:45:20 pm »
Ќе го истрошам горивово со Валволин адитивов, после сакав да купам од Wynn's црниот и тоа би било што се тиче адитиви...

Денес до Скопје и назад исто си беше, не смени адитивов сега за сега нешто. Ја возев во пониски брзини и околу/над 3000RPM да ја издувам малку. Вчера бутнав 30L, да ги истроши, па ќе пробам со Wynn's.
« Последно менување: 27 Јуни 2022, 21:50:21 pm balanar »

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1014 на: 27 Јуни 2022, 21:55:09 pm »
Абе запни ја машки на 4500 вртежи цел пат, какви 3000 вртежи какви пониски брзини не се зафркавај.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1015 на: 28 Јуни 2022, 10:27:50 am »
Да не ја читам од почеток темава, дали имаш ДПФ и дали имаш правено некои софтверски модификации на колава (ти или претходните сопственици)?

За репарација на дизните ќе ти земат еден куп пари, а никој не ти гарантира дека ќе престани сецкањето.

На лер работи целосно мирно и без ниедна промена на звук/вртежи?

ДПФ имам, го „читав“ лани или така нешто. Ама можам да го препрочитам пак, само кабелче да земам.
ОК беше тогаш со параметрите за soot/ash level.
Кај мене и ЕГР-от е нов (од лани), така да верувам дека си прави регенерација како што треба. Посебно што патувам за Скопје со колава три дена во неделата (~500km неделно по автопат).

Софтверски модификации немам ништо чепкано во смисла мапи и се тоа (колава е во мене две години, од јули 2020).
Имам правено функционални модификации преку VCDS (за појасот, за копчето на волан, за задните LED сијалички да не дава error - ништо страшно) кога ја купив.
Проблемов/симптомов се појави во март/април годинава.

Во лер колава спие буквално, ниеден екстра звук, рамномерно и тивко (колку што може тивко за еден дизел). Мислам дека дури и се стиши откако ја исчистивме усисната клапна. Остана граната за чистење, тоа го оставивме за нареден голем сервис (заедно пак со клапната).
Си држи константни вртежи без додавање на гас, неќна се ѕверев 5 минути како будала.


Ако не ти работеше мирно на лер ќе ти речев регулатор за притисок на гориво, но најверојатно не е тоа.

Другар го имаше истиов проблем како тебе, но сецкањето беше повеќе изразено, едноставно колата не можеше да се вози на тие вртежи каде се манифестираше сецкање. И си ја возеше под/над тие вртежи додека не ја оправи. Кај него проблемот беше софтверски, но не кажа мајсторот што поточно (демек само некој aпдејт на софтвер направил).

Впрочем сите мајстори, па дури и овластен сервис му препорачувале да ги репарира дизните. Си ги даде 450-500 евра за репарирање и проблемот со сецкањето остана... 

Затоа немој да ги слушаш мајсториве и одма да одиш на репарирање дизни. Во последно време според сите искуства, штом нешто има проблем со "поновиве" коли, мајсториве одма се фаќаат за дизните, замаец и вадење ДПФ :D Не дека не се расипуваат и тие, но може да има мал милион други расипани/истрошени делови кои се многу поевтини за средување, а мајсториве не се стручни или не сакаат да ги најдат на прво поради икс причини.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3469
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1016 на: 28 Јуни 2022, 10:34:28 am »
Дизни се. И кај мене на Туранот знае да варираат, после адитив се смирува едно 2 резервоара. И си ставам адитивче на секои 2 резервоара, Winns Gold.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6432
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1017 на: 28 Јуни 2022, 11:19:08 am »
Ти за 1 година две дизни на Винс ќе му дадеш и пак проблемот останат.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1018 на: 28 Јуни 2022, 13:08:46 pm »
Мал апдејт:

Вчера возејќи накај Скопје ми се запали coil light и колата влезе во limp mode. Ова се решава со гасење и палење на колата. Потоа може веднаш после некој километар пак да отиде во limp mode, некогаш и после 50km.
Скроз истите симптоми беа и пред да го променам EGR-от во декември, 2020-та година, имам пишувано на темава.
Ова е тогашниот скен (04.12.2020):

Цитат
4891 - EGR Valve (N18)
          P0403 00 [104] - Malfunction
          Intermittent - Confirmed - Tested Since Memory Clear

             Freeze Frame:
                    Fault Status: 00000001
                    Fault Priority: 2
                    Fault Frequency: 12
                    Mileage: 189329 km
                    Date: 2020.11.13
                    Time: 00:07:06

                    Engine speed: 803.50 /min
                    Normed load value: 28.6 %
                    Vehicle speed: 2 km/h
                    Coolant temperature: 68 °C
                    Intake air temperature: 29 °C
                    Ambient air pressure: 990 mbar
                    Voltage terminal 30: 13.600 V
                    Unlearning counter according OBD: 34
                    Air mass: actual value (mg/stroke): 329.7 mg/stroke
                    EGR Vacuum Regulator Solen.val.: activation: 15.00 %
                    EGR Solen.val.: actual value: 51.49 %
                    EGR valve: offset closed: 9.18 %
                    Actuator for high pressure EGR: status-Bits 0-7: 0
                    Actuator for high pressure EGR: status-Bits 0-7: 0
                    Actuator for high pressure EGR: status-Bits 0-7: 55
                    Actuator for high pressure EGR: status-Bits 0-7: 7
                    High press EGR actuator: actual unconditioned volt val: 2180.6 mV

Вчера ја закачивме на компјутер и го даде следново:

Цитат
2 Faults Found:
4891 - EGR Valve (N18)
          P0403 00 [096] - Malfunction
          Intermittent - Not Confirmed - Tested Since Memory Clear


5286 - Throttle Position Sensor (G69)
          P0121 00 [096] - Implausible Signal
          Intermittent - Not Confirmed - Tested Since Memory Clear
             Freeze Frame:
                    Fault Status: 00000001
                    Fault Priority: 2
                    Fault Frequency: 1
                    Mileage: 206508 km
                    Date: 2022.06.27
                    Time: 22:27:07

                    Engine speed: 547.00 /min
                    Normed load value: 100.0 %
                    Vehicle speed: 0 km/h
                    Coolant temperature: 45 °C
                    Intake air temperature: 4 °C
                    Ambient air pressure: 980 mbar
                    Voltage terminal 30: 13.660 V
                    Unlearning counter according OBD: 7
                    Air mass: actual value (mg/stroke): 482.9 mg/stroke
                    Throttle valve adapter: specified value: 0.00 %
                    Throttle valve adapter: actual value: 0.27 %
                    Throttle valve adapter: offset closed: -11.38 %
                    Throttle valve adapter: status-Bits 0-7: 55
                    Throttle valve adapter: status-Bits 0-7: 8
                    Throttle valve adapter: status-Bits 0-7: 2
                    Throttle valve adapter: status-Bits 0-7: 14
                    Throttle valve adapter: uncond voltage actual value: 924.4 mV

- Првата грешка е за EGR-от
- Втората грешка е за усисната клапна (anti-shudder valve), онаа што ја исчистивме пред 1 месец.

Е сега интересно е што скроз истите грешки се појавиле кога сум ја скенирал и на 7-ми април (тогаш ги исчистивме грешките, затоа знам дека вчерашниот скен е баш со најнови грешки), баш отприлика во периодот кога се појавија симптомите со сецкањето и варирањето на вртежите. Само што тогаш немав сијаличка на шалтабла и limp mode.

Дали е можно пак ЕГР-от да е расипан (година и пол е новиов) и дали е можно проблемиве да се поврзани (неисправен EGR со сецкањето при забрзување и варирањето на вртежите)
Овој пат ќе го гасам и до тука нека е. Може и јас сум крив што уште во 2020-та не го изгасив, сакав да биде „по фабрика“ и да го заменам со нов.
Само ме буни грешката и за усисната клапна (Throttle Position Sensor (G69), не знам дали и таа зафркава или двете грешки се поврзани само заради нефункционалниот EGR.
Мое лаичко мислење е дека клапната е ОК, немам гушење при палење (не останува затворена) и многу лесно/тивко се гаси колата oткако ја исчиствиме (се затвора лептирот, што значи сепак функционира).

===================================================================================================================

Од она што го прашав Нено (Авто-Клиник):

- Се гасело софтверски и ЕГР-от и усисната клапна (останува отворена). Или клапната не се гаси, се става нова/половна. Свесен сум дека со нејзино гасење се губи мазното гасење на колата и во ептен екстремен случај runaway. Не би сакал да ја гасам клапната, по можност само ЕГР-от.
- Со ДПФ немам проблеми и не би го гасел. Нено рече не се зависни ЕГР и ДПФ (во превод - гасење на ЕГР не значи и гасење на ДПФ).

========================================================================================================================

Многу ми се струпаа некако симптоми со колава и во бунило сум дали се е поврзано или се одделни два проблеми. Дали сепак не е до дизните - стварно не знам.
Ако може помош како да постапам и што да проверам/гасам софтверски - би ви бил благодарен, ме измачи првичниот проблем од април, фалеше уште limp mode.
А идат летни одмори, ме фаќа с'клет ако треба да патувам со делумно неисправна кола.
« Последно менување: 28 Јуни 2022, 13:32:09 pm balanar »

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2348
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1019 на: 28 Јуни 2022, 13:41:34 pm »
Сите знаеме дека дијагностиката е најголем проблем. Мислам дека пишуваше дека си имал добро исксутво со некој од сервисисте на VW во Скопје, пробај пак таму или кај Митревски во Скопје (Припор).
Оригинал ти е новиот ЕГР?
Мене многу ми е чуден звукот, мене не ми звучи дека се дизни, не сум слушнал така да звучат неисправни дизни (само сум гледал што прават неисправни дизни), а можеби и грешам.
Претпоставката е мајката на сите заебувања