Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 164802 пати)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3743
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #630 на: 06 Мај 2021, 08:43:18 am »
7:15 влез на скопје беше ?Супер изгледа леонот...Јас ништо не би гасел би отишол и на друг мајстор да соберам повеке мислења

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2185
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #631 на: 06 Мај 2021, 08:48:37 am »
7:15 влез на скопје беше ?Супер изгледа леонот...Јас ништо не би гасел би отишол и на друг мајстор да соберам повеке мислења

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Кај ме виде бре  ;D ;D ;D
Да, јас бев.  :D

Ќе отидам попосле до кај мојов мајстор и до други 2-3 места... Морам прво да ја закачам на компјутер да не хејтам џабе.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3418
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #632 на: 06 Мај 2021, 09:14:15 am »
Не е ЕГРот, скоро па 100% сум сигурен. Ако влегува во лимп постојано барај го прво проблемот кај турбина и околу неа, ќе видиш на тестер што ќе вика за грешката, мое мислење е дека на тестер ќе каже дефект сензорот што е на усисот на турбина.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #633 на: 06 Мај 2021, 09:24:50 am »
Дпф-то според тоа што го прикажа некој месец уназад е во одлична состојба и не би требало да е до него, плус ќе ти се светеше друга лампа.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #634 на: 06 Мај 2021, 09:36:09 am »
Ајде пак...
Сабајлево дојдов за Скопје и по автопат - пак отиде колата во limp mode и се запали check enginе. Jа исклучив и ја запалив, после некој километар пак истото.

После работа ќе отидам до кај истиот мајстор каде ја одржувам колата и да ја закачиме на компјутер.
Aко пак е проблем ЕГР вентилот - тогаш не знам како би можело. 4000km сум поминал од кога ставив нов.

Стварно се мислам да исклучам и EGR и DPF, доколку е ова што се сомневам.
Некој поупатен да ме посочи дали исклучувањето и на двете е чисто софтверски или има и механички зафати? Читав нешто по нет дека се става и цевка наместо DPF, покрај софтверските зафати.
@riki_staff - Ти беше пишувал за софтверски + механички дека си имал понуда во Струмица.

Се изнервирав сабајлечки  >:(

Слично ми се случуваше на Астрата минатата недела, само наместо во limp mode кај мене не влечеше ич пред 2500 обртаи и чек енџин се палеше. P2279 intake air system leak detected беше кодот. Сменив EGR-от и сега пак си лета како што треба, ама сега кога си го враќам филмот се каам што не го тргнав. За вадење DPF освен софтверски да се угаси, се трга и самиот филтер од ауспухот и се вари цевката, а само софтверско тргање не знам дали би било добра идеја.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #635 на: 06 Мај 2021, 10:59:19 am »
Чекам одговори на оваа тематика поврзано околу дпфот, и мене ми е смачено од пречести регенерации.  :D

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 774
  • .
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #636 на: 06 Мај 2021, 11:32:23 am »
Чекам одговори на оваа тематика поврзано околу дпфот, и мене ми е смачено од пречести регенерации.  :D
За да немаш зачестени регенарации на дпф-от примени ги овие чекори:
1. Шалтај на повисоки обртаи или над 1400 рпм,
2. Кога ќе започне процесот на регенерација, причекај до крај да се заврши истата и не го изгасни моторот,
3. Еднаш месечно вози на автопат со константна брзина при доволно загреан мотор односно моторно масло над 95 степена и вози со вртежи над 2500 обртаи на брзина околу 120км/ч (околу 20 минути)
4. Ставај соодветно масло односно оригинално масло ( одбегнувај кастрол баш поради ова причина),
5. Ставај нафта од лукоил.

ПС: Со примената на овие чекори кај мене регенарцијата на дпф-от се активира на секои отприлика на 600-650 поминати км градска вожња. Со нафта од макпетрол регенарцијата ми се активира на секои поминати 300км, истотака сум приметил дека и кастролот придонесува за зачестеноста на регенерацијата барем што се однесува за мојата кола.

Според мене, главните фактори за зачестени регенерации на дпф-от се нафтата од макпетрол, несоодветно или шкарт масло навидум премиум како што е кастролот, принципот на вожња со возење на ниски обртаи и крајното градската вожња со принцип тргни-застани.
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1070
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #637 на: 06 Мај 2021, 11:39:50 am »

Дали постојат уште луѓе шо шалтаат под 1400 рпм

Sent from my SM-G770F using Tapatalk

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #638 на: 06 Мај 2021, 11:59:52 am »
Чекам одговори на оваа тематика поврзано околу дпфот, и мене ми е смачено од пречести регенерации.  :D
За да немаш зачестени регенарации на дпф-от примени ги овие чекори:
1. Шалтај на повисоки обртаи или над 1400 рпм,
2. Кога ќе започне процесот на регенерација, причекај до крај да се заврши истата и не го изгасни моторот,
3. Еднаш месечно вози на автопат со константна брзина при доволно загреан мотор односно моторно масло над 95 степена и вози со вртежи над 2500 обртаи на брзина околу 120км/ч (околу 20 минути)
4. Ставај соодветно масло односно оригинално масло ( одбегнувај кастрол баш поради ова причина),
5. Ставај нафта од лукоил.

ПС: Со примената на овие чекори кај мене регенарцијата на дпф-от се активира на секои отприлика на 600-650 поминати км градска вожња. Со нафта од макпетрол регенарцијата ми се активира на секои поминати 300км, истотака сум приметил дека и кастролот придонесува за зачестеноста на регенерацијата барем што се однесува за мојата кола.

Според мене, главните фактори за зачестени регенерации на дпф-от се нафтата од макпетрол, несоодветно или шкарт масло навидум премиум како што е кастролот, принципот на вожња со возење на ниски обртаи и крајното градската вожња со принцип тргни-застани.
Да не се разбереме погрешно, но ништо од ова не е точно или во голем дел е збунувачки. Пошто ја имам апликацијата и во живо дури можам да го следам како се полни дпф-то можам да констатирам дека дали шалташ на 1400 или 3000 обрати буквално нема врска. Додуша, шалтање на ниски обртаи придонесуваш дпф-то да се полни побавно. Најбрзо се полни дпф-то кога го цепаш на отворено и ја стискаш колата. Да, така се поминуваат повеќе километри нормално, но дпф-то најбавно се полни кога возиш умерено без нагли забрзувања и без разлика дали е во град или на отворено.

Втора работа, регенерација се случува од некаде 250-300 до кај максимум 500-550км. 600-650км за регенерација особено во новиве еуро 6д е научна фантастика.

Кратки релации, тргни-застани со незагреан мотор најбрзо го полни филтерот и тука е проблемот, а не самата градска вожња. Ако возиш во град ама минимум по 10-15 км по правец ондак нема тука ништо лошо или штетно за филтерот. Доколку процесот на регенерација не е завршен а во меѓувреме ти ја изгасиш колата тоа не е ништо страшно, ќе продолжи наредниот пат кога ќе ја запалиш.

И најбитно од се, возење на отворено демек да се "исчисти" филтерот е најголема лага во 21 век. Освен што побрзо го полниш филтерот, ништо друго не правиш. Си го наполнил, си дошол во град и ете оп почнала регенерација :D 

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #639 на: 06 Мај 2021, 12:07:07 pm »
Нема отворено ваква тема за дпф дискусии, да не му ја труеме гаражата на човекот? :D

Инаку и јас го имам приметено истото, на автопат 6та брзина 130-140, стигнувам во Гевгелија и на влез ми пали регенерација, па вртам кругови низ градот да заврши процесот.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #640 на: 06 Мај 2021, 12:14:28 pm »
Има неколку теми поврзани со дпф, меѓутоа се што беше напишано било прочитано од сајтови за дпф каде има најблаго речено недоречености.

Во меѓувреме Влатко ги зеде работите во свои раце :D

Ах, и да спомнам дека причина за почеста регенерација може да биде акумулиран пепел кој не може да се согори.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #641 на: 06 Мај 2021, 12:35:39 pm »
Тоа и ми беше кажано од овие центри за декарбонизација и чистење дпф, многу пепел имало и брзо се запушувал и од таму чести регенерации.
Штом правел често, се било во ред со системот, само да се исчисти машински со вадење и ресетирање на сензори.
Цена со гориво, пат и ручек, тури 10.000мкд.  :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #642 на: 06 Мај 2021, 12:45:13 pm »
Не дирај лава док спава :)

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3797
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #643 на: 06 Мај 2021, 12:46:56 pm »
Znaci sepak najpametno izgasi/izvadi dpf filter i kraj  ;D

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #644 на: 06 Мај 2021, 12:52:47 pm »
Тоа и ми беше кажано од овие центри за декарбонизација и чистење дпф, многу пепел имало и брзо се запушувал и од таму чести регенерации.
Штом правел често, се било во ред со системот, само да се исчисти машински со вадење и ресетирање на сензори.
Цена со гориво, пат и ручек, тури 10.000мкд.  :D

Да, пепелта што се акумулира со тек на времето е проблемот кој доведува до полнење. Без разлика на брендот, лимитот е од 50тина до кај 80тина грама на акумулирана пепел  во филтерот односно 250.000км па натака :) ... додуша има и многу на стански форуми што објавуваат и самите дека имаат поминато и преку 400.000 со истиот дпф и пепел од преку 70 грама ама тоа на кој како ќе му се погоди. Работата е ако сакаш колата да ја чуваш, најпаметна е да купиш нов дпф, кој веќе му е доста падната цената. ВАГ веќе вадат и економи дпф и испаѓа околу 700-800 евра.