Како што кажа
@dbl.dzo јас имав проблем со limp mode пред некој ден. Не ја носев по мајстори, решив сам да ја средам (ако е возможно) од причина што немам добро искуство со мајсториве при откривање на точниот проблем и многу често добивав преполовен резервоар оти ја тестираат дури оди
Проблемот се јавуваше кога ќе достигнеше работна температура и после во текот на целиот ден колата беше во limp mode. Другиот ден како ништо да не било се додека не достигни работна температура.
Кога ја приклучив на дијагностика даваше грешка поврзана со притисокот (Supercharging pressure - boost pressure). За мојата кола пребарував на интернет и можни беа повеќе проблеми поврзани со притисокот (пукнато црево, МАП сензор, МАФ сензор, ЕГР, "паштета на турбо"
и друго). Прво ги прегледав сите црева и немаше пукнатина, ја проверив и паштетата (wastegate). После тоа следев параметри и забележав дека кога ќе достигни работна температура сензорот за притисок (МАП) испраќа некои дифолтни вредности кои се исти без разлика како се вози колата. Прво го исчистив сензорот но немаше подобрување. Потоа купив друг половен сензор, го ставив и сега нема никаков проблем еве веќе 250км+.
Така да, не гледај само што грешка има појавено (не дека тоа не е точно), но види и параметрите кои ги даваат сензорите со тие параметри кои се потребни (desired, би требало да има такви вредности на VCDS).