Чекам одговори на оваа тематика поврзано околу дпфот, и мене ми е смачено од пречести регенерации.
За да немаш зачестени регенарации на дпф-от примени ги овие чекори:
1. Шалтај на повисоки обртаи или над 1400 рпм,
2. Кога ќе започне процесот на регенерација, причекај до крај да се заврши истата и не го изгасни моторот,
3. Еднаш месечно вози на автопат со константна брзина при доволно загреан мотор односно моторно масло над 95 степена и вози со вртежи над 2500 обртаи на брзина околу 120км/ч (околу 20 минути)
4. Ставај соодветно масло односно оригинално масло ( одбегнувај кастрол баш поради ова причина),
5. Ставај нафта од лукоил.
ПС: Со примената на овие чекори кај мене регенарцијата на дпф-от се активира на секои отприлика на 600-650 поминати км градска вожња. Со нафта од макпетрол регенарцијата ми се активира на секои поминати 300км, истотака сум приметил дека и кастролот придонесува за зачестеноста на регенерацијата барем што се однесува за мојата кола.
Според мене, главните фактори за зачестени регенерации на дпф-от се нафтата од макпетрол, несоодветно или шкарт масло навидум премиум како што е кастролот, принципот на вожња со возење на ниски обртаи и крајното градската вожња со принцип тргни-застани.