Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 169709 пати)

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« на: 12 Јули 2020, 13:04:41 pm »
Епа дечки, после ДВЕ теми на форумов, конечно да го сменам Браво-то (2001-ва, купено 2010-та) и да се подновам со Леон од 2010-та година.

Станува збор за Леон со моторот од насловот, вo CR технологија, со 6-брзински мануелен менувач.
Произведен 12/2010, купен од првиот газда на лизинг од Кадис истиот месец. До сега има сменето 5 газди, овие информации ги дознав кога ја пререгистрирав колата на мое име.
Колата ја купив на 08.07.2020, имаше поминато 184700km. Регистрирана до 02/2021 година.
Колата пред да ја купам ја прегледуваше ептен детално мајстор Саше (Др. Авто) под бензинската Топ Трејд. Рече дека генерално е во топ состојба механички, има некои козметички забелешки.

Баш некои детали за потрошувачката сеуште немам, но со поминати 400km по патен компјутер ми дава просечна потрошувачка од 5.7L/100km.

Oд опрема поседува:
- Автоматски двозонски клима уред „Climatronic“
- ABS + ESP + TCS (TCS со можност за исклучување)
- EBA + DSR + сензор за притисок во пневматиците
- 6 воздушни перничиња (2 предни + 2 странични напред + 2 воздушни завеси)
- Патен компјутер со MFD (Multi-function display)
- Темпомат
- Задни паркинг сензори со аудио предупредување
- Сензор за дожд на предна шофершајбна
- Сензор за автоматско вклучување на светла при стемнување
- Самозатемнувачки внатрешен ретровизор
- Предни светла за магла со функција за аголно осветлување
- „Coming Home" и „Leaving Home"  функција на светла со мануелна активација
- Радио CD/MP3, комбиниран USB/AUX-in приклучок + Bluetooth
- Трикрак мултифункционален управувач обложен со кожа со команди на истиот
- Рачка на менувачот обложена со кожа
- Прилагодување на управувачот по висина и длабочина
- Прилагодување на предните седишта по висина и во лумбален дел
- Електрично прилагодување на ретровизорите со греачи и паркинг позиција
- Централно заклучување, далечински управувач со селективно отворање на багажникот
- Далечинско отворање/затворање на сите 4 прозорци и  на ретровизорите
- Затемнети задни стакла со атест
- Алуминиумски фелни „AGRA“ 7J x 17" со пневматици 225/45/17 Riken High Performance (кои се очајни и се за менување)
- Phantom Black металик боја

Тоа што следува за сервис и промена е следново:
- Летни гуми во димензија 225/45/17 (купени Sava Intensa UHP2 на 14.07.2020, 185100km)
- Мал сервис (масло, филтри за масло, нафта, воздух, кабина, да се провери течноста за кочници) (22.07.2020, 185500km)
- Голем сервис (ребрест каиш, клинест каиш, затегачи, ролери, водна пумпа, како и промена на антифризот) (22.07.2020, 185500km)
- Задни плочки (22.07.2020, 185500km)
- Сменето знакче/рачка за багажник (25.07.2020)
- Варијабилен замаец + сет квачило (потисна, ламела и друклагер)
- Задни чаури

Она што фали во колата или е за средување е:
- Платнени патосници
- Украсни капачиња за вентилите на гумите
- Украсни капачиња за штрафовите на гумите
- Резервен клуч
- Внатрешно хемиско, надворешно полирање, полирање на фаровите

Она што сум купил до сега и го имам во багажник е:
- Резервна гума (тенка), сет за промена на гума (клуч и дигалка, предна кука
- Сообраќен сет за помош на пат (безбедносен елек, ракавици, јаже за влечење, резервни сијалици, кутија за прва помош, рефлектирачки триаголник, противпожарен апарат)
- Сет за репарирање на продупчена гума (од Еуростил)
- Сет резервни осигурачи
- Манометар за проверка на притисок во гумите
- Компресорска пумпа за гуми
- Кабли за старт Praxis 600A
- Микрофибер крпа, сунѓер за перење на возило, кујнски сунѓер, еленска кожа, како и обична крпа
- Комбиниран штрафцигер/крстач, клешта, изолир
- Шише со резервен антифриз, шише со резервна течност за шофершајбна, шише со обична вода
- Торба/организер за алат

Она што сум купил до сега и го имам во фиоката во кабината е:
- USB од 128GB (за слушање музика)
- полнач за мобилен
- USB кабел (USB-A to USB-C)
- USB кабел (USB-C to USB-C)
- AUX кабел
- држач за мобилен што се става во слотот за CD
- држач за мобилен што се става во решетка за вентилација
- Bluetooth адаптер што се приклучува на AUX портот
- пенкалце и тефтерче (за обележување на сите промени при сервис на колата)
- осигурителна полиса, испринтано упатство (manual) за Леон-от

И конечно, малку слики:
































« Последно менување: 25 Јули 2020, 21:48:30 pm balanar »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1 на: 12 Јули 2020, 13:11:51 pm »
Наредни 10 години си раат :)
Со здравје да се возиш :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #2 на: 12 Јули 2020, 13:11:57 pm »
Честито Леонче, со здравје и мерак да си го возиш!

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #3 на: 12 Јули 2020, 14:09:54 pm »
Со здравје да се вози!

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #4 на: 12 Јули 2020, 14:47:03 pm »
Sozdravje vozenje leonot ubavo autce.
Izvini vaka ime ti e Zoki sinot na cice Mishe ?

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #5 на: 12 Јули 2020, 14:49:29 pm »
Ајдееее и роднини ќе испаднете 😁.
Со здравје да се вози 🙂

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #6 на: 12 Јули 2020, 15:09:41 pm »
Sozdravje vozenje leonot ubavo autce.
Izvini vaka ime ti e Zoki sinot na cice Mishe ?

Aha.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43709
  • Il Moderatore
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #7 на: 12 Јули 2020, 17:06:05 pm »
Со среќа да се вози, само не ми е јасно, во списокот што недостасува на колата - резевно масло?! WTF чоек?! ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #8 на: 12 Јули 2020, 17:16:27 pm »
Со среќа да се вози, само не ми е јасно, во списокот што недостасува на колата - резевно масло?! WTF чоек?! ;D

Хахах, имам навика резервно уље да ми стои во багажник кога правам мал сервис.  :-X

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #9 на: 12 Јули 2020, 21:09:38 pm »
Честитки за колата, со здравје да се вози!!!
Во списокот на она што треба да се купи не ти недостасува посебен зимски сет бандажи и гуми?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #10 на: 12 Јули 2020, 21:32:56 pm »
Недостасува, ама тоа од октомври  :-X

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #11 на: 13 Јули 2020, 09:53:53 am »
Честитки и многу безгрижни километри. Сервисите направи си ги и раат да си некое време :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #12 на: 14 Јули 2020, 07:30:51 am »
Ја згреше брат колата, требаше караван да земиш, на толку работи вбагажник шо носиш, тенкото тркало нема да ти го собери сега. И една гајба за течностите ти фали.

Се заебавам, да ти се погоди колата да не ти излези ништо скриено. Создравје да се вози.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #13 на: 14 Јули 2020, 18:33:27 pm »
Благодарам на сите, да ви се враќа кој - што си сака.

Денеска бидна и промена на гуми.
Ставени Sava Intensa UHP2 225/45/17, купени и монтирани во Пнеуматик. Цена - 14600 денари (гуми, монтажа и балансирање).

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #14 на: 17 Јули 2020, 01:17:59 am »
Вчера (16.07) го опремивме со половна (неупотребена) резервна гума Hankook S300 T125/70/16 (произведена 52 недела/2007-ма, јбг). Дај Боже никогаш да не затреба.
(3000 денари)







Теписонски патосници (1800 денари)





Во понеделник ја оставам да и направат мал сервис, голем сервис и да се заменат задни плочки.

Од поитните работи ми остана уште да направам резервен клуч (не мора да е далечински, но може и далечински и обичен).
Предлог за ова некаде и контакт?