Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 170586 пати)

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #15 на: 17 Јули 2020, 06:00:34 am »
Otvori na reklama5 imas niz Skopje eden kup sto pravat kodirani klucemi a za najevtin mislam deka bese eden od Prilep. Svrti na telefon prasaj si ceni

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #16 на: 17 Јули 2020, 09:01:44 am »
Има еден дечко од Велес, за Toyota Rav 4 ми побара 1.500 денари за кодиран клуч. Ако сакаш да прашам за цена?

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #17 на: 17 Јули 2020, 09:37:31 am »
@balanar  мене кога ми требаше купув резервен клуч и го кодираа во Кадис, околу 5000 ме фати. Прашај колку е во Порше Македонија, ако е во тој ранг не би се двоумел за таму. По препорака исто прашав еден во Синѓелич, 9000 ми побара, а клучот не беше оригинал како за Ибицата, сосема друг модел и тип.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #18 на: 17 Јули 2020, 10:12:58 am »
На Реклама5 што прашав - просечно земаат 3000 денари за кодиран далечински клуч.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #19 на: 17 Јули 2020, 10:14:54 am »
Има еден дечко од Велес, за Toyota Rav 4 ми побара 1.500 денари за кодиран клуч. Ако сакаш да прашам за цена?

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk

Може, слободно.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #20 на: 17 Јули 2020, 13:01:07 pm »
Има еден дечко од Велес, за Toyota Rav 4 ми побара 1.500 денари за кодиран клуч. Ако сакаш да прашам за цена?

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk

Може, слободно.
Само што се слушнав, зависно од електрониката во клучот, од 3.000 нагоре. За конечна цена само со клучот.

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk


Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #21 на: 17 Јули 2020, 14:29:23 pm »
Avto Klinik, во Маџари (ги има на facebook).

Ми направија втор клуч за цитроенот по цена од 2000 или 2500 денари. Без далечинско.

Од мене препорака.

Sent from my Mi 9T Pro


Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #22 на: 17 Јули 2020, 14:44:29 pm »
Не знам колку е сложено да се направи клуч за Сеатов, ама види прво разбарај дали ќе можеш сам тоа да го направиш.

Јас на Фиеста 2006 година, сам го направив да отвора/заклучува на далечинското и да пали. Ми бараа 5500 - 6000 денари по клучариве. Го купив клучот (со далечинско и електроника) 10 евра од Ибеј, за 400 ми го изрежа клучар наспроти Скопјанка и сам си го кодирав по насоки од некој форум за Форд. Ми требаше Обд2 елм327 адаптерче и лаптоп. 

Според мене многу пари ми бараа клучариве, мислиш измислуваат топла вода. Освен ако тоа универзалните дијагностики што ги имаат се по 3-4к евра па да си ги исплатат.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #23 на: 17 Јули 2020, 16:47:42 pm »
Јас направив па хибриден.

Копија ми направија од ампулата, ставија афтермаркет далечинско со клучеви, ставивме ножето од орг клуч на далечинските клучеви и нарежа уште едно ноже, ги префрлија ампулите и тоа е тоа. Да, клучевите се од VW наместо од мојата кола ама за 100е, завршив се.
Кај тебе секако од Сеат се исти ко VW.

Обвивките на клучевите не се од квалитетна пластика.


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #24 на: 18 Јули 2020, 04:29:00 am »
Дента заврна дожд и сега возачкиот прозор кога го дигам од максимално спуштен, се ,,затресува" некаде на 1/3 од одот, како 2-3 секунди и после е мазно до врвот. Како да застругува/затресува (на прозорецот се познаваат како линии дека е влажен), но не е чкрипење/цвилење. На сликава се гледа каде затресува и каде престанува тресењето. На англиски најблизок збор за опис ми дојде shuddering.



Ова се случува само на подигање 80% од времето.
Некогаш нема ни да затресе.
 
На спуштањето лизга мазно по целиот од. Во возење нема никакви звуци, тропкање и сл.

Што може да е, да купам силиконски спреј и да го подмачкам кедарот/гумениот канал кај што се движи прозорецот? Некако како и поспоро да се дига од совозачкиот прозорец, сумњам дека ептен стигнало за подмачкување...

 Ова првпат се случува откако ја земав колава.
« Последно менување: 18 Јули 2020, 04:40:09 am balanar »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #25 на: 18 Јули 2020, 08:43:36 am »
Можеби ќе треба да се отвори вратата, да се ѕирне механизмот внатре.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #26 на: 18 Јули 2020, 08:55:50 am »
Ако има било каков проблем со лизгање, тоа ќе биде во шините на самиот механизам внатре во вратата. Тие обично се поставени хоризонтално и подмачкувањето на каналите и кедерите од надвор нема да придонесе многу (или пак нема да е долгорочно).

Ако се осеќаш способен да го извадиш тапацирот и да прснеш спреј кај што стварно ќе направи разлика, тоа ти е следен чекор. Ако не, имаше неколку контакт телефони од мајстори што поправаат механизми за прозор, однеси им ја колата и нека го средат тие. :)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #27 на: 18 Јули 2020, 11:21:57 am »
Дента заврна дожд и сега возачкиот прозор кога го дигам од максимално спуштен, се ,,затресува" некаде на 1/3 од одот, како 2-3 секунди и после е мазно до врвот. Како да застругува/затресува (на прозорецот се познаваат како линии дека е влажен), но не е чкрипење/цвилење. На сликава се гледа каде затресува и каде престанува тресењето. На англиски најблизок збор за опис ми дојде shuddering.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ова се случува само на подигање 80% од времето.
Некогаш нема ни да затресе.
 
На спуштањето лизга мазно по целиот од. Во возење нема никакви звуци, тропкање и сл.

Што може да е, да купам силиконски спреј и да го подмачкам кедарот/гумениот канал кај што се движи прозорецот? Некако како и поспоро да се дига од совозачкиот прозорец, сумњам дека ептен стигнало за подмачкување...

 Ова првпат се случува откако ја земав колава.

Вози и не се замарај. Штом е само на дожд немаш проблем. Кај мене правеше така 1 на 3 месеци и не му се замарав воопшто. Мора да си има гличови колата, ако се е како подмачкано не е тоа тоа :D
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #28 на: 18 Јули 2020, 14:56:04 pm »
Мал апдејт - еве денес се истури (ваљда се подмачка/намокри гумата) и си работи како подмачкано. Купив силиконски спреј, ќе исшприцам да потпрестане дождов.

Нешто што забележав:



Баш каде што не е замаглено кај кедарот - таму почнуваше дс тресе при подигање нагоре. Вака лаички претпоставувам дека плаче за подмачкување.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #29 на: 18 Јули 2020, 16:13:02 pm »
Спушти го џамот до крај и види кедерите дали се вадат,
би требало да се вадат, па без нив види дали лепи. Кај мене не беше наместен убо хоризонталниот и тешко одеше стаклото нагоре.