Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 170603 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1215 на: 09 Март 2023, 13:54:13 pm »
Со задоволство ќе одам и ќе дегустирам пастрмајлија од било каде. Сакам и велешка и штипска пастрмајлија, а и кратовска пастрмајка. За во Радовиш имам препорака за Мери Џејн, ама не сум бил да пробам. Треба да одам.

Препорачајте и други места. :)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1216 на: 09 Март 2023, 14:01:11 pm »
Во Велес има велешки пити колку што сум јас упатен :D

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1217 на: 10 Март 2023, 12:55:01 pm »
Стигнаа денес, порачани во средата од Транзит. 4350 од гума. Толку и платив во каргото.
Ќе го монтирам летниов сет наредната недела.





@Power to the people - Се надевам ќе ти скисели млекото .!.  8)
« Последно менување: 10 Март 2023, 13:00:58 pm balanar »

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1218 на: 10 Март 2023, 13:01:15 pm »
Фала, изварка ќе го правам.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1219 на: 10 Март 2023, 13:06:01 pm »
Фала, изварка ќе го правам.

Хахахах ненормален  :-X

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1220 на: 10 Март 2023, 13:11:36 pm »
Со задоволство ќе одам и ќе дегустирам пастрмајлија од било каде. Сакам и велешка и штипска пастрмајлија, а и кратовска пастрмајка. За во Радовиш имам препорака за Мери Џејн, ама не сум бил да пробам. Треба да одам.

Препорачајте и други места. :)
Вчера бев во офицерски во велес, задоволен од питата, не дека сум експерт хахах

пс. @balanar  создравје да се возат гумите

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1221 на: 10 Март 2023, 13:12:42 pm »
Остајте што ве боцкам за Велес и питите, немам замерка таму. За вкусови не се расправа.

Исто одлични се и во Кратово, Пробиштип, Радовиш...

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1222 на: 11 Март 2023, 01:09:15 am »
Како велешанец, да ги пофалам Свети Николе и Злетово :)

Sent from my SM-S908E using Tapatalk


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1223 на: 15 Март 2023, 15:27:26 pm »
Денес на 228.141km променети предни и задни плочки.
Работна рака ми наплатија 2000 денари. Скапо е ова, ОК е или како?

Инаку, еве ги старите, Quinton Hazell марка:



Новите:


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1224 на: 15 Март 2023, 15:43:55 pm »
Со здравје да кочиш.

Јас обично плаќам по 600,00 денари за промена на плочки, само напред. Со оглед на тоа што набавив алат за промена на плочки, поточно за враќање на цилиндрите на шепите, од сега натаму, ќе плаќам 0 денари.

Иако, реално, алатот можев да го заменам со столарска стега, ама пошто сакам сѐ што ќе фатам да работам да биде најпрофи и како што треба, купив алат.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1225 на: 15 Март 2023, 15:47:35 pm »
Со здравје да кочиш.

Јас обично плаќам по 600,00 денари за промена на плочки, само напред. Со оглед на тоа што набавив алат за промена на плочки, поточно за враќање на цилиндрите на шепите, од сега натаму, ќе плаќам 0 денари.

Иако, реално, алатот можев да го заменам со столарска стега, ама пошто сакам сѐ што ќе фатам да работам да биде најпрофи и како што треба, купив алат.

Фала ти, да се враќа каде треба, што треба. 8)

Не ги знам цениве за работна рака дека до лани кај мајсторов топтан ми наплаќаа, сега откако почнав да земам сам делови од кај Прчот - само работна рака плаќам.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1226 на: 15 Март 2023, 16:28:04 pm »
Мене ми изгледа скапо. У тетово земаат 1000че за дискови и плочки за една оска. Плус не верувам дека ги извадил и исчистил водилките на шепата.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1227 на: 15 Март 2023, 16:34:27 pm »
И мене ми изгледа скапо, јас во Пп платив 1000 ден за промена на комплет кочници(дискови и плочки), напред и назад.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1228 на: 15 Март 2023, 17:04:56 pm »
@balanar бесплатна промена со медиум членство (450 денари), со кој меѓудругото се добива и цел друг сет на поволности...
https://www.pss.com.mk/clenstvo.html
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1229 на: 15 Март 2023, 17:06:03 pm »
За мал сервис (промена на масло и филтри за масло, воздух и гориво, за кабина сам си го променив) ми беше наплатено 1000-че пред некоја недела.

Ако гледам сразмерно, со плочките има повеќе работа, ама не знам дали и 1000 за масло и филтри беше ОК цена.