Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 659578 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2850 на: 26 Септември 2017, 15:14:08 pm »
Разбирливо и правилно е земјите каде проблемите со загадувањето се значително помали него во Македонија, да се замараат со загадувањето кои го произведуваат возилата. Кај нив загадувањето од возилата се чувствува бидејќи немаат толку многу загадување од други извори.

Чисто колку за да ја продолжиме дискусијата за тоа колку е срање во Германија и сличните земји, во Германија во 2016 дури 29% од произведената електрична енергија е добиена од обновливи извори. Ако човек се ангажира малку од малку повеќе, ќе дојде до податоци дека во новите куќи и згради што се градат во германија, 50% се греат на гас, 20% на топлински пумпи, а само 6% користат дрва или пелети.

Можам повторно да се навратам на paper-от од British Medical Journal каде кажуваат дека не-знам-колку-проценти (едноцифрена бројка, во секој случај) од домаќинствата што се греат на дрва произведуваат повеќе загадување од сите возила на патиштата во Британија. Кај нас таа бројка мислам дека беше некаде околу 60%.

Гледам од време на време некој ќе се потпувне за коли на струја во Македонија, а ние не произведуваме доволно струја за потребите што веќе ги имаме. Да не праиме муабет дека ние произведуваме струја со горење јаглен попрскан со мазут.

И така.. Сарказмот е одличен пристап кон работите. Секако дека VW, Mercedes и другите ќе тестираат на обиколница.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2851 на: 26 Септември 2017, 15:17:05 pm »
Ќе има галама ако се секне одеднаш греењето на дрва по мое. Може сум грешка.
Не бе одеднаш, таман работа. Прво Скопје и Тетово, потоа Битола, Гостивар, па Куманово, Кичево, Дебар итн... Чекор по чекор.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9228
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2852 на: 26 Септември 2017, 15:22:58 pm »
дечки за да снема струја за електрични возила незнам колку плаг ин хибриди треба да имаме и секако дека ова ни на сон неможе наеднаш да се случи. Повеќе е можно да снема доколку се форсира греење на струја а не останати опции кои и те како ги има

така да субвенција секако дека е повеќе од добредојдена незнам што има толку лошо.

кога веќе од греење не почнуваме односно се даваат субвенции за пелети (не си пукам во глава него во гради па евентуално може ќе биде поарно), може да се субвенционираат и хибриди како насекаде. Јас секогаш би избрал хибрид пред дизел во ваков случај

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2853 на: 26 Септември 2017, 15:28:32 pm »

Кај нас попрво би субвенционирале дрва за „социално ранливите категории“ кои живеат во централно градско подрачје отколку да се субвенционира набавка на топлотни пумпи и сл.

Инаку субвенционирање на котли на пелети за почист воздух е исто како Коце утре да искочи и да каже дека ќе ги исече сите дрва у Скопје за да го зголеми протокот на воздух и со тоа да го намали загадувањето.

Разбирливо и правилно е земјите каде проблемите со загадувањето се значително помали него во Македонија, да се замараат со загадувањето кои го произведуваат возилата. Кај нив загадувањето од возилата се чувствува бидејќи немаат толку многу загадување од други извори.

Чисто колку за да ја продолжиме дискусијата за тоа колку е срање во Германија и сличните земји, во Германија во 2016 дури 29% од произведената електрична енергија е добиена од обновливи извори. Ако човек се ангажира малку од малку повеќе, ќе дојде до податоци дека во новите куќи и згради што се градат во германија, 50% се греат на гас, 20% на топлински пумпи, а само 6% користат дрва или пелети.

Можам повторно да се навратам на paper-от од British Medical Journal каде кажуваат дека не-знам-колку-проценти (едноцифрена бројка, во секој случај) од домаќинствата што се греат на дрва произведуваат повеќе загадување од сите возила на патиштата во Британија. Кај нас таа бројка мислам дека беше некаде околу 60%.

Убаво си рече Зеро дека е глупаво да размислуваме за ел. возила како стандард додека се грееме на дрва и што стигнеме и се возат камиони произведени во времето кога Југославија се состоеше од 6 републики.

Него прво да се почне со греењето на дрва и сл. и ЕУРО стандарди на возила за централно градско подрачје, а на секои 2 години да се зголемуваат стандардите и проширува подрачјето. Секако дека и дедото од 80 год. ќе си тури дома едно климиче кое ќе му троши 3х помалце денари по сезона него ли дрвата, ама некој треба да го ЕДУЦИРА, КРЕДИТИРА и СУБВЕНЦИОНИРА за да може да си обезбеди да отплаќа рати. Само така ќе се свестиме и наместо Е-класа од 2004та, ќе си купиш Цироен Ц3 од 2017. Додека вадиме ДПФ филтри и затнуваме ЕГР вентили ништо не бидуе од нас. Да не се пронајдат членовите во ова последново, и кај мене е исклучен ЕГР-то, а наскоро и ДПФ-то, ама тоа е причина повеќе да размислувам за следна кола со погон на бензин-плин, наместо дизел. 
« Последно менување: 26 Септември 2017, 15:39:38 pm AUUU »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2854 на: 26 Септември 2017, 15:38:44 pm »
Инаку треба многу условови за да се забрани греењето на дрва. Колкав е процентот на тие што се греат на дрва? Ќе има галама ако се секне одеднаш греењето на дрва по мое. Може сум грешка.

Ќе се дигне галама, нормално. И нормално, има работа претходно, пред да се забрани грење со дрва по градовите.

Греење со дрва не се забранува баш затоа што ќе се дигне галама. Само што, ако се дигне доволно галама и за гасификација, истата и ќе се спроведе - oд истите причини, за да нe се дига галама.
Политичарите работат по линија на помал отпор. А луѓето се глупи, и неуки, и мрзливи и незаинтересирани.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2855 на: 26 Септември 2017, 15:47:13 pm »
Инаку треба многу условови за да се забрани греењето на дрва. Колкав е процентот на тие што се греат на дрва? Ќе има галама ако се секне одеднаш греењето на дрва по мое. Може сум грешка.

Ќе се дигне галама, нормално. И нормално, има работа претходно, пред да се забрани грење со дрва по градовите.

Но луѓето се глупи, и неуки, и мрзливи и незаинтересирани. Греење со дрва не се забранува баш зошто ќе се дигне галама. Само што, ако се дигне доволно галама и за гасификација, истата и ќе се спроведе. Од истите причини, за да се дига галама.

За гасификације нема галама и нема ни да се дигне, затоа што поучени од искуството од соседите цените на гас не се ни малку ефтини и приступачни, така да зошто некој би инвестирал во котел на гас и инсталација (радијатори, цевки и сл.) кога цената нема да биде значително поефтина до греењето на дрва/пелети....

Да не заборавиме дека никој во стан не се грее со дрва него најголеми загадувачи се куќите, а голем дел од луѓето не можат да си дозволат набавка на нови системи на греење.

Околу загадувањата од индустријата, шта речи, 21-век и уште немаме регулатива ниту санкции за загадувачите.... Депонијата уште не труе и во лето и во зима...

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2856 на: 26 Септември 2017, 15:59:54 pm »
За гасификације нема галама и нема ни да се дигне, затоа што поучени од искуството од соседите цените на гас не се ни малку ефтини и приступачни, така да зошто некој би инвестирал во котел на гас и инсталација (радијатори, цевки и сл.) кога цената нема да биде значително поефтина до греењето на дрва/пелети....
Кои соседи?
Тие кои по ЕУ наредба прекинаа изградба на гасовод со кој ќе добиеа многукратно поевтин природен гас? Додека истата таа ЕУ привршува изградба на втор (северен) гасовод, и од истиот добавувач?

Од нивните искуства ќе се „поучуваме“ дека не ни треба гас? 

Државата наместо да гради споменици и тркала, или социјални станови за мигранти, нека ја субвенционира цената на гасот. Потоа нека се забрани горењето на дрва. А тие кои покрај поевтин гас баш ќе инсистираат да горат и да чадат, секогаш имаат опција да се отселат на село (каде што ионака им е местото).

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14721
  • Пудингот на шоферството
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2857 на: 26 Септември 2017, 17:54:09 pm »
https://off.net.mk/vesti/razno/15-te-najgolemi-tovarni-brodovi-zagaduvaat-povekje-otkolku-site-avtomobili-na-svetot

Факт е дека дрвата ни ебаа м***Та,но истотака пелетите се прават од дрва плус некоја хемија.Уствари моментално се прават од се и сешто,а треба да се прават од дрва,затоа не ги прикажувајте како некој вау спас.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2858 на: 26 Септември 2017, 20:18:42 pm »
Мече, кај да е ќе ти пише некој форумџиски дрвен адвокат сега  ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2859 на: 26 Септември 2017, 20:25:22 pm »
Казни за греење на дрва во Скопје 200еур. На секое фаќање.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2860 на: 26 Септември 2017, 20:29:16 pm »
Казни за греење на дрва во Скопје 200еур. На секое фаќање.
А на ќумур?
А на прагови од шини премачкани со мазут?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2861 на: 26 Септември 2017, 20:44:43 pm »
200еур денес. Утре пак 200.

Таман си е.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9228
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2862 на: 26 Септември 2017, 22:47:11 pm »
Вториот пат 400 следниот 600 и така

Отсутен Morphius

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 69
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2863 на: 26 Септември 2017, 23:22:48 pm »
Не сум ич упатен, ама зарем нема некаков си основен пропис околу греењето? Барем тоа било и само за централно градско подрачје за почеток.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2864 на: 27 Септември 2017, 00:57:03 am »
Не му влечит оџакон... Некој со 200 еу фамилија гледат, од кај ќе најт за клима, струја пелети... Што знам што да речам...