http://faktor.mk/zagaden-vozduh-dve-tretini-od-domakjinstvata-se-great-na-drvaОва го покажува статистичката публикација за потрошувачката на енергенти, според која од вкупниот број на домаќинства, 61,59 отсто трошат огревно дрво и дрво од овошни насади како основен вид енергент за греење, 28,60 отсто се греат на електрична енергија, 8,33 отсто на топлинска енергија од јавни котларници, а останатите 1,48 отсто ги трошат останатите видови на енергенти, како јаглен, нафта, брикети или гас.
Лошо изолација на живеалиштата и неефикасните грејни тела придонесуваат потрошувачката на енергија за затоплување во Македонија е два до три пати поголема во споредба со Западна Европа. Во извештајот за зелен раст на Светската банка се нотира дека растечкиот тренд на употреба на огревното дрво е меѓу причините за загадувањето на воздухот во Македонија да е едно од најголемите во Европа.