Штета што форумов не постоел на 06.08 или 09.08.1945 и во повеќе други такви наврати, како на пример 1999, па да се поразговараше за загадувањето и последиците кои се предизвикани од греењето и автомобилите во странство и кај нас 
Го читаат форумов многу во Инжењерските одделенија во Мерцедес, БМВ, Волксваген, Ауди и многу други.
Од тука наоѓаат многу остроумни решенија во поглед на загадувањето на животната средина.
Исто така потрошувачката за гориво во каталог, не ја мерат веќе во фабрика, отвараат форум читаат колку троши на заобиколница и пишуваат одма у проспект.
Министерството за животна средина на Германија има посебно оделение кое се бави со изнаоѓање законски регулативи кои ќе овозможат да се возат возила со затнат ЕГР, без катализатор и ДПФ филтер и во Германија.
Најновиот пакет на законски мерки наложува возилата со изминати 500.000 километри во TÜV Германија да се враќаат на 170.000 и да даваат сертификат дека се вратени и се е во ред со нив. Дури и од комората на лекари и адвокати ќе даваат сертификат за возилата дека се возени од забари, лекари, адвокати.