Разбирливо и правилно е земјите каде проблемите со загадувањето се значително помали него во Македонија, да се замараат со загадувањето кои го произведуваат возилата. Кај нив загадувањето од возилата се чувствува бидејќи немаат толку многу загадување од други извори.
Чисто колку за да ја продолжиме дискусијата за тоа колку е срање во Германија и сличните земји, во Германија во 2016 дури 29% од произведената електрична енергија е добиена од обновливи извори. Ако човек се ангажира малку од малку повеќе, ќе дојде до податоци дека во новите куќи и згради што се градат во германија, 50% се греат на гас, 20% на топлински пумпи, а само 6% користат дрва или пелети.
Можам повторно да се навратам на paper-от од British Medical Journal каде кажуваат дека не-знам-колку-проценти (едноцифрена бројка, во секој случај) од домаќинствата што се греат на дрва произведуваат повеќе загадување од сите возила на патиштата во Британија. Кај нас таа бројка мислам дека беше некаде околу 60%.
Гледам од време на време некој ќе се потпувне за коли на струја во Македонија, а ние не произведуваме доволно струја за потребите што веќе ги имаме. Да не праиме муабет дека ние произведуваме струја со горење јаглен попрскан со мазут.
И така.. Сарказмот е одличен пристап кон работите. Секако дека VW, Mercedes и другите ќе тестираат на обиколница.