Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 659758 пати)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5205
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2835 на: 10 Септември 2017, 10:24:51 am »
Башка што се бута стари прозори, палети нацицани со се живо во нив....

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2836 на: 10 Септември 2017, 11:56:57 am »
http://faktor.mk/zagaden-vozduh-dve-tretini-od-domakjinstvata-se-great-na-drva

Ова го покажува статистичката публикација за потрошувачката на енергенти, според која од вкупниот број на домаќинства, 61,59 отсто трошат огревно дрво и дрво од овошни насади како основен вид енергент за греење, 28,60 отсто се греат на електрична енергија, 8,33 отсто на топлинска енергија од јавни котларници, а останатите 1,48 отсто ги трошат останатите видови на енергенти, како јаглен, нафта, брикети или гас.

Лошо изолација на живеалиштата и неефикасните грејни тела придонесуваат потрошувачката на енергија за затоплување во Македонија е два до три пати поголема во споредба со Западна Европа. Во извештајот за зелен раст на Светската банка се нотира дека растечкиот тренд на употреба на огревното дрво е меѓу причините за загадувањето на воздухот во Македонија да е едно од најголемите во Европа.
Ајде ваљда со ефтинава тарифа ќе падне за некој ситен процент тоа дрвата што не погушија сите. Барем во централните градски подрачја и Лисиче. Маааалце барем да се опаметат со греење на парапетни топлински пумпи наместо да даваат дупло пари за дрва и да не трујат сите.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2837 на: 10 Септември 2017, 15:03:17 pm »
До навикатата е. Друга работа голем дел земаат дрва "на црно" и е далеку поефтино од останатите начини на затоплување....

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2838 на: 25 Септември 2017, 21:26:06 pm »
Кога бугарите не` прелетаа со брзина на светлината.

Гугл транслејт за тие што не сакаат да разберат:

Цитат
Општината Софија обезбедува шест уреди за сообраќајна полиција кои го мерат загадувањето кое го испуштаат автомобили и, доколку ги надминат дозволените стандарди, ги спречуваат да се движат. Ова го најави шефот на сообраќајната полиција, Тенчо Тенев, пред Бугарското национално радио.

"Неколку opacimeters и гас метри што ќе се стави во техничката станица на сообраќајната полиција и во првичната регистрација на автомобили, оние кои се преполнети ќе бидат запрени со движења и нема да им биде дозволено да ги регистрираат возилата себе воопшто. За оние кои се регистрирани, ние исто така ќе имаме мобилни уреди кои ќе бидат на патот и ќе ги користат нашите автомобили. Суспензија на такво возило на проверка, ако се открие дека има повисока стапка на емисија на издувни гасови, возилото ќе биде запрено ", рече Тенев во националниот воздух.

"Нашите забелешки се дека во деновите на густ сообраќај постои загадување на нормите - малку повеќе од денот без вакви автомобили како денес", рече експертот Светлин Петров.

Епицентар, БЛИЦ

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2839 на: 25 Септември 2017, 21:29:39 pm »
Добро е ова,и треба да се практикува,но само со сите други мерки против поголемите загадувачи.Инаку само по себе кај нас нема да има приметлив ефект по загадувањето,а ќе се створи огромен револт.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2840 на: 25 Септември 2017, 21:34:51 pm »
Слободно нека бидат револтирани ако им чадат колине ко прекуокеански бродови.
Муабетот ми беше дека од моментот „две червени“ кај нас, стигнаа до следната скала на цивилизацијата, да се грижат за тоа дека воздухот им е позагаден во денови на густ сообраќај од обично, за пар децении.. А ние.....

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2841 на: 25 Септември 2017, 21:46:05 pm »
ние сме стока

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9230
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2842 на: 25 Септември 2017, 22:27:21 pm »
Ние уште си живееме во филмот како во 70тите фармерки немале а ние фраери сме биле

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2843 на: 25 Септември 2017, 22:36:25 pm »
Слободно нека бидат револтирани ако им чадат колине ко прекуокеански бродови.
Муабетот ми беше дека од моментот „две червени“ кај нас, стигнаа до следната скала на цивилизацијата, да се грижат за тоа дека воздухот им е позагаден во денови на густ сообраќај од обично, за пар децении.. А ние.....
Полека малку, во бг се далеку од филмовиве што ги читате по новини.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9230
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2844 на: 25 Септември 2017, 22:38:17 pm »
Некни во Тирана незнам колку нови такси возила електрични, Nissan Leaf

Вака така чекор напред.
Ќовде субвенции најавија лани во декември за хибридни возила и плински инсталации еве уште ги чекаме

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2845 на: 26 Септември 2017, 14:20:03 pm »
Ма какви субвенции за возила, нека субвенционираат цена на електрична енергија, или уште подобро нека реализираат гасификација и снабдување со природен гас. Без забрана за греење со согорување дрва (и ѓубре), ама баш ништо не правиме. Ќе ни мачкаат улици очи со возење пар-непар, и некакви „засилени инспекции“, и такви слични заглупувања кои во пракса нема да направат никаква видлива разлика.

Исти ташак се и едните и другите, истите срања ќе ги прават, и ги прават, и едните и другите. И ништо нема да се смени ниту на следниве избори додека народот не се соочи со реалноста дека проблемот со загадувањето на воздухот примарно и првенствено е во греењето. Се друго е многукратно помал фактор.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2846 на: 26 Септември 2017, 14:24:54 pm »
Општината Софија обезбедува шест уреди за сообраќајна полиција кои го мерат загадувањето кое го испуштаат автомобили и, доколку ги надминат дозволените стандарди, ги спречуваат да се движат. Ова го најави шефот на сообраќајната полиција, Тенчо Тенев, пред Бугарското национално радио.

Вчера на Стража на симнување ме угушија двајца кретени, некој бел караван и потоа жолто комбе, чадеа како локомотива а смрдеа како три локомотиви. Додека да дојдат услови да ги претицаш.... :-/

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2847 на: 26 Септември 2017, 14:51:31 pm »
Штета што форумов не постоел на 06.08 или 09.08.1945 и во повеќе други такви наврати, како на пример 1999, па да се поразговараше за загадувањето и последиците кои се предизвикани од греењето и автомобилите во странство и кај нас  ;D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2848 на: 26 Септември 2017, 14:56:17 pm »
Штета што форумов не постоел на 06.08 или 09.08.1945 и во повеќе други такви наврати, како на пример 1999, па да се поразговараше за загадувањето и последиците кои се предизвикани од греењето и автомобилите во странство и кај нас  ;D


Го читаат форумов многу во Инжењерските одделенија во Мерцедес, БМВ, Волксваген, Ауди и многу други.

Од тука наоѓаат многу остроумни решенија во поглед на загадувањето на животната средина.

Исто така потрошувачката за гориво во каталог, не ја мерат веќе во фабрика, отвараат форум читаат колку троши на заобиколница и пишуваат одма у проспект.

Министерството за животна средина на Германија има посебно оделение кое се бави со изнаоѓање законски регулативи кои ќе овозможат да се возат возила со затнат ЕГР, без катализатор и ДПФ филтер и во Германија.

Најновиот пакет на законски мерки наложува возилата со изминати 500.000 километри во TÜV Германија да се враќаат на 170.000 и да даваат сертификат дека се вратени и се е во ред со нив. Дури и од комората на лекари и адвокати ќе даваат сертификат за возилата дека се возени од забари, лекари, адвокати.


Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2849 на: 26 Септември 2017, 15:13:23 pm »
И баби.
Инаку треба многу условови за да се забрани греењето на дрва. Колкав е процентот на тие што се греат на дрва? Ќе има галама ако се секне одеднаш греењето на дрва по мое. Може сум грешка.