Термичка инверзија - подолу со слика објаснето зошто во зима е поголемо загадувањето, помеѓу другите фактори...
И да загадувањето иде од секаде, кој повеќе, кој помалку, ама сигурно не е од еден извор на загадување.
Почнувајќи од немање лична/општествена одговорност, себичност... од тоа што секој вика - ДА БЕ ДО МЕНЕ ДОШЛО ЗА ДА Е ТОЛКУ ЗАГАДЕНО... да до ТЕБЕ е, до над милион и нешто граѓани што сметаат дека не Е ДО НИВ, дека тие се само МАЛО делче од загадувањето... и да мало делче се, мало делче од милиони е ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА....
Причини за загадување (накратко):
- СИТЕ влади до сега - без суштински решавање на проблемите, туку само со популистички или од личен интерес превземање на мерки...
- загадување од автомобилите - посебно стари (19-20г е просечна старост на возниот парк во МК) и/или без ДПФ - начин на решавање - забрана за користење/одземање/казнување... намалување на давачки за нови автомобили...
- немање на нормален јавен превоз - причина да се приморани луѓето да користат премногу автомобили....
- користење на дрва (и секакво друго ѓубре) за греење на домовите - начин на решавање - меѓудругото градско парно во сите општини...
- користење на отпад во печките за горење во индустриските капацитети и немање на ефикасни филтри или нивно исклучување....
- развој на нови индустрии во населени места - решени - нови дозволи само дааааалеку надвор од населени места...
- добивање на струја од јаглен...
- греење на мазут на школи, болници и други државни капацитети...
- горење на депонии како начин на ефтино решавање на ѓубрето... и тоа поминува без одземање на лиценци, без казнувања...
- горење на ниви - решение - казни/одземање...
- горење на кабли, акумулатори… решение - казни, забрана за откуп на таков метал…
- горење на трска покрај езера заради градење - решение - 100 години забрана за градба...
- валкани улици...
- и уште мал милион други загадувачи....
За да се реши загадувањето, да треба еднаш да се пресече (и на сметка на губење гласови) и да почне да се оправаат работите, систематски, долгорочно, целосно, без исклучоци...