Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 588254 пати)

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1959
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4695 на: 14 Ноември 2024, 11:11:25 am »
Ако баш баш сакаш на страна оди во тоа Вергина,Верина комплекс харингтон стил барем знаеш дека си она баш врв од градба се е супер бев неколку пати ми се допаѓа погледни таму одколку Илинден

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7379
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4696 на: 14 Ноември 2024, 12:24:50 pm »
Ако баш баш сакаш на страна оди во тоа Вергина,Верина комплекс харингтон стил барем знаеш дека си она баш врв од градба се е супер бев неколку пати ми се допаѓа погледни таму одколку Илинден

Каде поточно е ова Вергина/Верина, близу Илинден? ;D

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1959
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4697 на: 14 Ноември 2024, 12:29:06 pm »
Теферич

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 213
  • Macedonia
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4698 на: 14 Ноември 2024, 12:43:26 pm »
Сите за соживот а знам две македонски фамилии што во последниве 3 години продадоа стан во Чаир и куќа во Бутел за да се преселат во Кисела Вода кај што нели нема гужва... Ама добро вие си знаете мене сеедно ми е.

Да се само две. Само старите луѓе останаа во Чаир и уште пар млади што најверојатно сакаат но немаат пари за да се иселат од тука. Јас живеам во Чаир.
Пред повеќе години бев привремено (3 год) преселен назад во родниот град, откако се вратив назад во Скопје се осеќав како да нема луѓе што ги познавам повеќе - и тоа во само 3 години разлика сите Македонци си заминаа и тоа на бетер места, само за да не бидат до браќата.

И власта и народот носат глупи одлуки, се трупаат во газ место (ќе ја употребам за пример К. Вода многу од инвеститорите тука не нудат ни паркинг со зградите), а толкава цена па нормално е дека ќе опадне квалитетот на живот особено со напливот на луѓе.

Цитат
Во дворот на ОХИС, веднаш покрај малата се наоѓа и големата депонија со линдан, за која се претпоставува дека дека има околу 50.000 тони линдан. Покрај овие две, закопан линдан има и во месноста Пеленица кај Драчево каде лежат околу 40.000 тони чист HCH и уште 6.500 тони мешан, заедно со отпад од фабрика за стакло.

Погонот за линдан во фабриката работел од 1964 до 1977 година, кога било прекинато производството од еколошки причини. Во тој период биле произведени околу 2.800 тони линдан, што резултирало со околу 25.000 тони неактивни изомери, кои несоодветно биле расфрлани и кои до денес се опасност за контаминација на воздухот, водите и почвата во Скопје. Во ОХИС до неодамна беа складирани и 64 тони на десетици други опасни хемикалии, кои за две години, во вкупно седум извози на хемиски отпад, беа извезени на уништување во повеќе држави.


Тоа со колите е прештетно и се коси со стандардите бидејќи луѓето директно го голтаат, но не влијае толку врз индексот на воздух (и греењето низ куќите на дрва бидејќи бројките се преголеми уште пред почеток на грејна сезона) се додека имаме вакви работи. Циганаријата што гори се и сешто, што растураат и фрлаат секаков вид отпад каде треба и не треба, треба да се доведе во ред.
А нашата држава нема капацитет да го среди ова.

Цитат
Досега, со пари од овој фонд се расчистени речиси 1,600 тони отпад и 500 тони земја контаминирани со HCH, а чистењето на отпадот во петтиот лот се очекува да започне во 2025 година, откако ќе заврши земањето примероци и новата проценка на количините

Не знам уште колку години ќе треба само за ова да се среди, а ќе чини пари што ги немаме. Настрана фактот што увезуваме штетен медицински и друг вид отпад во нашата држава и никој не кажува ништо за тоа.


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5287
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4699 на: 14 Ноември 2024, 13:10:55 pm »
Термичка инверзија - подолу со слика објаснето зошто во зима е поголемо загадувањето, помеѓу другите фактори...

И да загадувањето иде од секаде, кој повеќе, кој помалку, ама сигурно не е од еден извор на загадување.
Почнувајќи од немање лична/општествена одговорност, себичност... од тоа што секој вика - ДА БЕ ДО МЕНЕ ДОШЛО ЗА ДА Е ТОЛКУ ЗАГАДЕНО... да до ТЕБЕ е, до над милион и нешто граѓани што сметаат дека не Е ДО НИВ, дека тие се само МАЛО делче од загадувањето... и да мало делче се, мало делче од милиони е ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА....

Причини за загадување (накратко):
- СИТЕ влади до сега - без суштински решавање на проблемите, туку само со популистички или од личен интерес превземање на мерки...
- загадување од автомобилите - посебно стари (19-20г е просечна старост на возниот парк во МК) и/или без ДПФ - начин на решавање - забрана за користење/одземање/казнување... намалување на давачки за нови автомобили...
- немање на нормален јавен превоз - причина да се приморани луѓето да користат премногу автомобили....
- користење на дрва (и секакво друго ѓубре) за греење на домовите - начин на решавање - меѓудругото градско парно во сите општини...
- користење на отпад во печките за горење во индустриските капацитети и немање на ефикасни филтри или нивно исклучување....
- развој на нови индустрии во населени места - решени - нови дозволи само дааааалеку надвор од населени места...
- добивање на струја од јаглен...
- греење на мазут на школи, болници и други државни капацитети...
- горење на депонии како начин на ефтино решавање на ѓубрето... и тоа поминува без одземање на лиценци, без казнувања...
- горење на ниви - решение - казни/одземање...
- горење на кабли, акумулатори… решение - казни, забрана за откуп на таков метал…
- горење на трска покрај езера заради градење - решение - 100 години забрана за градба...
- валкани улици...
- и уште мал милион други загадувачи....

За да се реши загадувањето, да треба еднаш да се пресече (и на сметка на губење гласови) и да почне да се оправаат работите, систематски, долгорочно, целосно, без исклучоци...
 

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Сето ова се валидни аргументи. Но најдобар аргумент е да ми дојдеш на некоја чашка ракија (туршијата тек треба да стаса), и да видиш како во денови со добар чист воздух како денес на пример... Се е ок некаде до после ~16 часот кога мнозинството се враќаат дома, и кога наеднаш оџаците почнуваат да чадат па и она мало струење на воздухот кое сеуште го има (се гледа по чадот од оџаците) веќе не е доволно.
Тогаш паѓаат во вода сите други аргументи, кога со свои очи (и нос) ја согледуваш реалноста.

Можеме ние да дискутираме за автомобили, за индустрија, за сешто навистина. Но во повеќето резиденцијални делови од Скопје загадувач број еден е греењето на домовите. И палењето акумулатори и гуми, а тоа и летно време и тоа како се осеќа.

Јас сум на ~350 метри и на ~200 метри меѓу два големи булевари, и ти тврдам (што ОК е анегдотално искуство) дека во шпицовите на сообраќај не приметувам разлика сеедно летно или зимно време. Но штом дојде ~16-17 часот во зима и мнозинството се дома, тогаш оџаците почнуваат да димат и воздухот почнува да смрди и така се до наутро кога мнозинството ќе отидат на работа, децата по училиштата, итн, и нема кој да гори/загрева.


Крајно: Сето тоа што го велиш е во ред. Но не е во ред да се правиме дека не го гледаме слонот во собата: Греењето на домовите со дрва ама и со ѓубре. Сите кажани аргументи не го менуваат фактот дека ова е загадувач број 1 и дека тоа е нешто што прво треба да се корегира. Треба парно да се донесе до сите, и треба да се стават регулации со мерење ппм на излез на оџак и секој што сака да се грее на согорување да мора да помине атест на лице место кај него дома. Пошто има и ефикасни печки со согорување во виските 95% каде немаш саѓи и загадување. Или тоа или парно, или клима, итн.

Нормално, само фантазираме пошто тоа овде нема никогаш да се случи (а ни тогаш).   :-\

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5287
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4700 на: 14 Ноември 2024, 13:15:08 pm »
Пак ќе речам. Главниот проблем се домаќинствата, па индустријата, па сообраќајот на крај.
По тој редослед... Само циганите додади ги после домаќинствата и таман си.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13874
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4701 на: 14 Ноември 2024, 13:33:53 pm »
30 фаќин години истите муабети ги вртите...пораснете еднаш веќе. Доста плачите дека само некој друг ви е крив. Чаирчани, Сарајчани, Лисичани...

Кој е крив што секој ден дијагнози во Битола со канцер бе дечки? Ете „чист“ град?!

Кој е крив што вика chink што во градче два-на-два секој ден има канцер на дебело црево, на 200 километри од Тетово?!

Преку ташета што дежурните кривци ги третрирате како да ги увезуваме од Бугарија, Грција, Србија, Косово, Албанија.

Инспекторот комшијата, Музафер сограѓанинот, Премиерот, судијата од Водно, ти што ќе лупниш прегорено масло во ќумбето и гориш ламперија...НИЕ сме криви.

Ама имаме еден голем заеб.

Се што беше квалитетно оддамна избега од државава, полуквалитетно зеде БГ пасош избега, останаа оние неписмените и оние што ги одбија за БГ пасош.

Нема кој да ја оправи државата.

- Да им рече на овие со ќумбињата дека нема право да ги запалат уште еднаш, а да им пушти топловод до куќите и да им даде субвенции/рати луѓето да си стават радијатори дома.
- Во зградите каде што има постоечка инсталација за парно, а се топлат на ќумбиња, да се ревитализира системот.
- Да ги дислоцира сите диви депонии и да ги тера тие што ги потпалуваат, под строга полициска контрола да ги изчистат самите депониите и да направат паркови на нивно место.
- Да направат вистински јавен превоз, брз, како БРТ, да не ми се исплаќа да палам кола да одам во Центар.
- Да пуштат градски воз - од Лисиче до Ѓорче да стигаш за 30 минути макс.
- Да се пушти мостот во Аеродром да се растеретат чворовите околу цел Центар и Аеродром.
- На технички преглед да не се мери само CO2 туку комплетен преглед на возило. Дали имаш исправен DPF, катализатор. Ако немаш да те вратат или да платиш 500 евра еко-такса.
- Да чисти градот, да се мијат улици.
- Да се стави мораториум да се градат згради кај што веќе нема место, градот да се шири накај Долно Лисиче, да се направат нови училишта, градинки, убави големи трговски центри, булевари, болници, амбуланти.
- Идеално, да се дислоцираат Цементара, Железара, и да се израмни просторот да се направат зеленила, паркови, ...

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3760
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4702 на: 14 Ноември 2024, 13:40:35 pm »
Пак ќе речам. Главниот проблем се домаќинствата, па индустријата, па сообраќајот на крај.
По тој редослед... Само циганите додади ги после домаќинствата и таман си.
Ѓупците кај вардариште секоја вечер маме расплакуваат, карши бриколаж истото и никој ништо не им може...

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 353
  • The best or nothing.
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4703 на: 14 Ноември 2024, 14:12:02 pm »
Ова за домот Ранка Миланович ли? Зарем нема да прават нешто тука? Гледам извадени врати/прозори... Аи може Лидл да ги помати сметките таму.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3760
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4704 на: 14 Ноември 2024, 15:35:19 pm »
Ова за домот Ранка Миланович ли? Зарем нема да прават нешто тука? Гледам извадени врати/прозори... Аи може Лидл да ги помати сметките таму.
Ги продадоа и врати и прозори, се уништија...

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4705 на: 14 Ноември 2024, 15:37:06 pm »

Се што беше квалитетно оддамна избега од државава, полуквалитетно зеде БГ пасош избега, останаа оние неписмените и оние што ги одбија за БГ пасош.


А има и такви со БГ пасош од свои 5 години возраст, па сеуште седат и трпат. Me too ✌🏻

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5017
  • The Spartan General
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4706 на: 14 Ноември 2024, 15:47:18 pm »
Stom so napolneti 20 godini, mlad, zdrav, poleten, iskusen veke vleguvas vo toj stradalnik modus i se nekoj drug treba nesto da napravi za tebe....
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4707 на: 14 Ноември 2024, 15:50:45 pm »
Проблем е првиот чекор.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5017
  • The Spartan General
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4708 на: 14 Ноември 2024, 15:53:30 pm »
Проблем е првиот чекор.

Problemot e kur se trese vo ladna voda.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1959
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4709 на: 14 Ноември 2024, 15:55:02 pm »
Можеш осуди се несторче Све мече,лаки,Никола ке ти помогнат да застанеш на нозе во Немачка барем ке имат милост (мада сите гладен не верува)