Секој има право на свое мислење. Јас своето го базирам на тоа што ми се бендисува решението, поедноставно е, многу повеќе генерации хибриди им изминале под раце на лексус, имаат поголеми гаранции, моментално имаат мотор со највисока ефикасност досега произведено, се грижат за да е многу издржлив моторот и да се намалат потенцијалните дефекти во иднина. Воедно на менувачот му додадоа прва брзина фиксна, и работи на многу ниски вртежи на автопат. Се на се пакетот е многу солиден, а и каталошките цени не се слични, туку се различни. Малата батерија е доволна за да не се замараш за надополнување и е поефтина за промена доколку има потреба, а си ја завршува својата работа.
Особено што е поткрепено мислењето дека моторот е врвно достигнување во ефикасноста моментално.