Автор Тема: CARclub Тест: Volkswagen Passat GTE PHEV  (Прочитано 15719 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat GTE PHEV
« Одговори #60 на: 22 Октомври 2019, 10:30:28 am »
Да се разбереме, пасат б8 2.0 tdi има резервоар од 66 литра, 1.6 tdi 59 литра, само овде има 50 дека е на струја.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat GTE PHEV
« Одговори #61 на: 22 Октомври 2019, 10:33:38 am »
Мал резервоар ме одвраќа од купување кола. Толкава кола 50 литри. Истото е и во Тојота Камри. 45-48 литри резервоар. Глупости на квадрат. Да можам да доплатам за било која кола, би доплатил за 80-100 литри резервоар.
 
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat GTE PHEV
« Одговори #62 на: 22 Октомври 2019, 10:37:34 am »
Страшно нервира мал резервоар за некој кој патува често, но и на релации каде што нема потреба да правиш пауза. Пример Скопје - Белград - Скопје, на враќање морам да застанам во Србија да наточам гориво, затоа што нема да ми стигне, 60л резервоар, а немам потреба да правам пауза на делница од 400км. За такви „големи“ коли, односно крузарици за долги патишта најоптимално е 65л да има резервоарот, плус резерва, што не е некоја разлика во обем, во споредба со 60л резервоар.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat GTE PHEV
« Одговори #63 на: 22 Октомври 2019, 10:43:35 am »
Страшно нервира мал резервоар за некој кој патува често, но и на релации каде што нема потреба да правиш пауза. Пример Скопје - Белград - Скопје, на враќање морам да застанам во Србија да наточам гориво, затоа што нема да ми стигне, 60л резервоар, а немам потреба да правам пауза на делница од 400км. За такви „големи“ коли, односно крузарици за долги патишта најоптимално е 65л да има резервоарот, плус резерва, што не е некоја разлика во обем, во споредба со 60л резервоар.

60 литра на 3.9 литри просек треба да истера минимум 1500 километри.

Колата гарант троши 3.9, нема шанси да е повеќе, значи резервоарот не ти 60 литри.

Нема друго.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat GTE PHEV
« Одговори #64 на: 22 Октомври 2019, 10:49:09 am »
Т е Д е И !

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43720
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat GTE PHEV
« Одговори #65 на: 22 Октомври 2019, 10:49:36 am »
147, која е помала од денешното Поло, има 60л... џаст сејинг..  :)


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat GTE PHEV
« Одговори #66 на: 22 Октомври 2019, 10:57:22 am »
Јас откако возам 230 коња со 50 литра резервоар, си станав најдобар другар со пумпашите на Макпетрол.Еднаш неделно си се гледаме, па ќе падне муабет за колата, што мотор, коњажа итн...  ;D

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat GTE PHEV
« Одговори #67 на: 22 Октомври 2019, 11:22:05 am »
Па логично е хибрид да има помал резервар. Прво каде со батериите, второ претпоставка е помалата потрошувачка. Сепак не праиме муабет за класичен бензински/дизел мотор. Иста е ситуација и кај 4х4

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat GTE PHEV
« Одговори #68 на: 22 Октомври 2019, 11:43:33 am »
Логично е да има помал резервар. Не е логично да е упаљач.

БТВ, не е само за Пасатот, иако тука се погоди муабетот. И Камрито е со 50 литра резервар.
« Последно менување: 22 Октомври 2019, 14:30:03 pm velestrumf »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat GTE PHEV
« Одговори #69 на: 25 Октомври 2019, 23:14:29 pm »
Јас откако возам 230 коња со 50 литра резервоар, си станав најдобар другар со пумпашите на Макпетрол.Еднаш неделно си се гледаме, па ќе падне муабет за колата, што мотор, коњажа итн...  ;D

Поздрав друже, ја искачам на бензинска.

Присутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat GTE PHEV
« Одговори #70 на: 26 Октомври 2019, 04:07:02 am »
Јас откако возам 230 коња со 50 литра резервоар, си станав најдобар другар со пумпашите на Макпетрол.Еднаш неделно си се гледаме, па ќе падне муабет за колата, што мотор, коњажа итн...  ;D

Поздрав друже, ја искачам на бензинска.
Ама вие по 500че ставате, затоа толку често :) :) :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat GTE PHEV
« Одговори #71 на: 19 Декември 2019, 15:45:00 pm »
Интересен апдејт - на Пасатов, на поминати 5800 километри до сега, просечната потрошувачка му е 4.6 литри на 100 км.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Passat GTE PHEV
« Одговори #72 на: 19 Декември 2019, 15:57:53 pm »
Интересен апдејт - на Пасатов, на поминати 5800 километри до сега, просечната потрошувачка му е 4.6 литри на 100 км.
Денес баш го возев, и истото го зборевме со Александар.
Импресиите се 99% позитивни, од рафинираност, изолација, тишина, како добро функционира целиот систем во спрега, како влече како лудо кога е во ГТЕ мод. За мене има само една негативност, гепекот. Следно ауто ќе биде најверојатно Superb iV, само поради цената која веројатно ќе биде доволно пониска од Пасатот за да влезе во буџет.