Пасатот е плагин, Камрито не. Плагин хибрид е поскап од обичен хибрид.
И по не практичен
Зошто непрактичен? Ако сакаш, можеш и овој да го третираш како обичен, не-плаг-ин хибрид. Едноставно не ја полни батеријата. Ќе си се полни (колку што може) самата во возење и при кочење, и тоа е тоа.
Плаг-ин хибрид е сè што е и конвенционален хибрид, само имаш уште едно (прилично значително) ниво на ефикасност и економичност.
Интересна ми е директната споредба, пошто во простор од само неколку недели ги возев и двете коли. Слични се со цена (37.500 Camry, 39.900 Passat), слични се со опрема, слични се со коњски сили, слични се со многу работи.
Passat-от има многу поубедливи перформанси, иако на хартија не е нешто премногу побрз. Ама разликата DSG vs CVT мене (субјективно) ми прави огромна разлика.
Кој ќе има муда да остаи кабел на улица. Тоа циганите со коњите и трициклите маф ќе ги напраат за секунда
Тоа е дефинитивно проблем, и затоа сме сите свесни дека плаг-ин хибридот не е погоден баш за сите, особено за оној момент на полнење дома. Јас живеам во куќа со двор, и тие 4-5 дена додека беше колата кај мене, полначот си стоеше цело време во двор, уклучен во штекер во подрум. Ја ставав колата во двор, и само ја уштекував. Процедурата трае цели 30 секунди.
Ама не гледам зошто би било проблем ако имаш подземна гаража, или приватен (затворен) паркинг или нешто слично, да си обезбедиш струја и да си ја наполниш колата.