Мојата кола е тапа ...
Хммм заебана тема за муабет, ама јебига и животот не е баш цвеќка за мирисање.
Генерално од Астрата сум задоволен. Моделите од 2006 год., па нагоре ги имаат отклонето мааните на претходниците како, незнам, лабава брегаста, слаба изолација околу штрафовите на бобината, корозија на држачите за амортизери, непријатниот звук од климата, CIM модулот (проблеми со сирената) и мал милион други аномалии.
Ја не сум задоволен од фабричкиот акумулатор, моторчето за лер гас и можда некои ситници како НЕ можноста да се исклучи ESP, немање на сајла или брава за отварање на гепекот, немање на инструмент за температура на моторот, USB и слични реквизити.
Тапа е тежок збор, ама секое возило си има и свои недостатоци нез обзир на нивото на опременост, како и пазараот за кој е наменето истото. Фала Богу секогаш постојат афтер маркет гаџети, па ко воли - нек изволи