Автор Тема: Мојата кола е тапа...!  (Прочитано 230158 пати)

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #90 на: 21 Ноември 2011, 13:48:18 pm »
Има не дека нема работи што ме нервираат.
1. Тоа вртелешката преку која се влага во менито на климатроникот, кога е топло фаќа убаво или од втоира трета максимум, а на ладно може и 10 мин да стискаш и да неможеш да влезеш во менито.Ја вртиш еднаш да пуштиш на 1 да дува тоа пушта на 4 пример итн.
2. Некое глупо крцкање и последно време од тапацирите на задните врати, гепекот или задните седишта, само на груби нерамнини
3. Троши у П.М.(ама затоа имам плин)
4. Треба да сменам внатрешни спони и термостат.
5. Викендов у Берово на татко ми скроз му цркнал акумулаторот, го сменил, и сега на малиот дисплеј што сигнализира за отворена врата, прегорена сијалица. недостиг на уље итн, кога свети за отворена врата на пр, покрај тоа има една неартикулисана форма(која мислам дека знам како да ја средам.)
6. што ми се заебани гумчките (даљинското) на клучевите, па неможам баш јас кога сакам да заклучувам и отклучувам. (ама и тоа е решено, нарачани се, благодарение на некој членови на форумов).
7. Што колата ми сигнализира дури и кога ми се иде у ВЦ да ми простите. Пример кога тргнувам прво десет пати кликам на ок на дисплејот за да ми се изгубат сите глупости, пример. Дека имам помлаку од 50 км на бензин, дека имам малку течност за брисачи, дека имам прегорена позиција, дека темп. е под 3 степени па може да е лизгаво итн.

И на крај, си ја сакам старата Вектра,колата имаше се што требаше да има на неа, а да не биде комплицирано и да те нервира,башка што трошеше малку, тромичка беше низ град ама на отворено беше неприкосновена, далеку од брза но сосема доволна за комотно возење.

Отсутен Vlado

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #91 на: 21 Ноември 2011, 19:14:53 pm »
Ај и јас мани да си кажам:
-Педницата ептем катастрофа, растропана ми е цела сменети гумици на виљушки и виљушки напред, ама џабе;
-Еднаш репарирани амортизерите, и двапати сменети еднаш со маслени и сега имам гасни, и пак е ептем тврда.Сменети спирали назад ама пак ми е падната назад;
-Во последно ми се раскцка назад даската кај што се елипсите
-Прагчината се скапани ама тоа ќе се реши се чека мајторот секој ден во очекување да се средат:
-Хаубата бидејќи се отвори во возење два три пати, искривена е целата а мајсторов ми рече дека не се правело само друга, е сеа требит да прашат и за хауба половна па ќе видиме ваљда ќе се смени и таа;
-Седиштата напред ми се катастофа, странична подршка никаква;
-Со моторот немам никаква забелешка само што понекогаш додека е ладно (значи не секогаш) не работи мирно како да трокира. За 230 000 км. досега е супер.
-И уште барем да беше 10 кс појака. :)

То е то.
Сузуки Свифт 1.3

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8960
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #92 на: 21 Ноември 2011, 19:20:50 pm »

друже тебе не ти е тапа колата, само извозена е па треба малце одржување дополнително :D

Отсутен Vlado

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #93 на: 21 Ноември 2011, 19:38:38 pm »

Епа то е то, то е се мани што можам да ги најдам, во главном се можи да се среди:
-предницата, ќе се смени све во скоро време
-амортизерите и спиралите ќе се види што е во теков на неделата
-прагчината еве секој ден очекувам да ме викни мајсторот да се сменат
-исто и за хаубата се чека мајсторот
-е само седиштата, ама и тие се менват
Сузуки Свифт 1.3

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #94 на: 21 Ноември 2011, 21:06:34 pm »
Комедија

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #95 на: 21 Ноември 2011, 22:24:43 pm »
Мислев Фаланга ќе открие некоја не-безпрекорност на Спарки. А тоа уствари он само ни фаќа само сеир шо не ни чинат колите.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #96 на: 21 Ноември 2011, 22:42:11 pm »
Мислев Фаланга ќе открие некоја не-безпрекорност на Спарки. А тоа уствари он само ни фаќа само сеир шо не ни чинат колите.
Со сила убаина не бидува...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #97 на: 21 Ноември 2011, 23:04:20 pm »
Така си е Фаланга. За момент мислев дека забегуваш(кон реалноста) кога пиша дека сериозно размилсуваш за 206-ка, а за истите пари имаш понов Спарк со исто опрема. А имаш неколку пати пишано колку најмногу си презадоволен од Спаркот што би купил уште еден за сопругата. Но колку и да сакаш да веруваш во тоа кое го зборуваш и кое на повеќето кои те читаат не им се верува дека го мислиш, Спаркот сигурно има нешто кое му фали или ти би сакал да го има. На пример кога јас би се запрашал што се би сакал да има Маздата повеќе од она кое го има тогаш тоа во најмала рака би било:
- Многу поагилен и помоќен мотор со една или повеќе турбина и/или суперчарџер
- Поголема економичност
- Сета можна опрема која постои во некое најмодерно возило
- Поголем гепек
- Кожни седишта
- Автоматски менувач

Па ајде сега биди малку пореален и кажи ги недостатоците на Спаркот. Сигурен сум дека ги има повеќе.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #98 на: 21 Ноември 2011, 23:12:48 pm »
Па Џони читај бе што сум пишал наместо да се закачаш :)
Јас сигурно знам повеќе за недостатоците и предностите на Спаркот од тебе. Секако дека ги има но не се многу за кола од таа класа:

Цитат
1. Даеву Шевролет Спарк 0,8л 51кс, 67нм вртежен момент. Прва кола која сум ја купил со сопрствен буџет за чисто мои потреби. За нова кола со фул опрема и цена до 7500 евра немаше многу избор. Подоцна некој месец излезе Хундаи и10 ама после тест возењето не сум пишман. Има неколку фалинки колата кои се сосем оправдани за мало и евтино, да не речам корејско возило:
- не сум задоволен од задните амортизери. Многу се бучни. Размислувам на пролет да најдам сервис за амортизери, да ги проверат и да ги заменам со нешто потивко. Кога возам по јужен булевар секоја пукнатина на улицата ми мава директ во мозок. Ова многу повеќе ме мачеше порано но сега изгледа дека се навикнав.
- колата е 870 кила тешка, а моторот е 800 кубика и 51 коњска сила, што е тотално бедно. Сепак е подобро отколку југо но не ме задоволува. За низ град е добро ама за на отворено на магистрален пат е очајно. На автопат нема проблем, но штом се јави нагорнина или потрба од претекнување неуспешните обиди за претекнување со 5-та брзина многу нервираат
- пропорциите на менувачот и брзините се многу кратки, што е својствено за градско возило со ниска потрошувачка и слаб мотор. Низ град не ми пречи, дури е и предност но за на оторено е проблем. Во 5-та брзина при 90км/ч има 3000 вртежи, при 100км/ч има 3400 вртежи, а преи 115км/ч има 4000 вртежи. Ме нервира да возам со релативно нормална брзина на отворено а моторот да врти со 4к вртежи.
- климата е слаба. Треба многу возење со климата на максимум за да се излади колата особоно ако е стоена на сонце
- стабилноста не е задоволителна. Колата е висока а тесна, нема ЕСП што е одличен рецепт за беља при непромислени маневри при поголеми брзини. Кога ги имав фабричките пластични Кумхо  гуми, повеќе пролизгуваше што лесно го контролирав а полесно беше и намерно да се стави во пролизгување. Сега со Мишелинот ја осеќам реалната можност од многу полесно превртување

Позитивни страни кои позитивно ме изненадија:
- многу тивок мотор. Особено на отворено буквално никаков звук од моторот не се чувствува. Немам абсолутно никакви проблеми со подолги патувања, дури е и пријатно чувството на лебдење
- потрошувачката е исто така јака страна, 6,5л до 7,5л бензин во град лето-зимо. Кога би живеел некаде во карпош или аеродром ил ина периферија кога би имал слободно место за паркирање сигурен сум дека потрошувачката би паднала на 6л
- не знам дали постои друга кола со толку евтин сервис. 2л масло и 160 денари филтер за масло
- кочењето е многу сигурно и предвидливо. Неколку пати сум се прашувал како сум прошол без сообраќајка

До сега 4 години и 40.000 километри колата се покажа беспрекорно квалитетно без ниеден дефект

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #99 на: 21 Ноември 2011, 23:51:06 pm »
Ma gOJDO bushi bushi ti, ali koga ke ne iznenadi Falanga so nesto ke vidis ti posle, kazi Falanga.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #100 на: 22 Ноември 2011, 00:05:17 am »

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #101 на: 22 Ноември 2011, 00:06:59 am »
Јас се извнувам Фаланга. Не го прочитав тој пост и мислев дека фураш филм дека Спаркот нема маана. Сосема ти се реални забелешките, горе-долу и јас би ги напишал повеќето иако не поседувам Спарк, а сум возел и ме возеле. Би додал само за просторот, кој за мој габарите е смешно мал, но и за гепекот кој мислам дека воопшто не е доволен за фамилија со едно мало дете (за повеќе да не правиме муабет).

Здравје, ако планираш второ ауто подсобери кеш за нешто поголемо - фамилијарно, а Спарки само за низ Скопје. Нас не чека и таа инвестиција за една година од прилика. Само јас би идел на нешто во класа на Сивик/Фокус/Аурис/Сид/Круз или можеби и класа помало Џез/Јарис/Колт/Фиеста ако буџетот не дозволува или ако улета нешто добро и релативно ефтино.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #102 на: 22 Ноември 2011, 08:47:49 am »
Ma gOJDO bushi bushi ti, ali koga ke ne iznenadi Falanga so nesto ke vidis ti posle, kazi Falanga.
Така е колега, нели Зеро?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #103 на: 22 Ноември 2011, 08:50:15 am »
Јас се извнувам Фаланга. Не го прочитав тој пост и мислев дека фураш филм дека Спаркот нема маана. Сосема ти се реални забелешките, горе-долу и јас би ги напишал повеќето иако не поседувам Спарк, а сум возел и ме возеле. Би додал само за просторот, кој за мој габарите е смешно мал, но и за гепекот кој мислам дека воопшто не е доволен за фамилија со едно мало дете (за повеќе да не правиме муабет).

Здравје, ако планираш второ ауто подсобери кеш за нешто поголемо - фамилијарно, а Спарки само за низ Скопје. Нас не чека и таа инвестиција за една година од прилика. Само јас би идел на нешто во класа на Сивик/Фокус/Аурис/Сид/Круз или можеби и класа помало Џез/Јарис/Колт/Фиеста ако буџетот не дозволува или ако улета нешто добро и релативно ефтино.
Извинување примено.
Иначе просторот во колата не го ни пишав како мана..... пошто и не е мана.... пошто колата е таква цела, како торба за лаптоп е. Иначе количката од детето треба или да ја расклопам во делови или на совозачко седиште да ја возам, што не е баш фино и во двата случаи. Али јебига, како што пишав, сакав ново и доверливо, со фул опрема а евтино, и така завршив со Bubbles - The Sparkey

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #104 на: 22 Ноември 2011, 12:54:24 pm »
Да има неколку промашаја што се напраија фраери низ темава, ама генерално е добра.

„Јас имам тоа-и-тоа и не го мењам за ништо“. - АБЕ АЈДЕ! Не ја мењаш за ГТи, ни за ЕВО, ни за Ферари? Кој муабет е тоа не ја мењам за ништо? Ни за 500 кила Грав?

„Мојата кола не спаѓа тука“ - Абе ајде! Во Ферари 458 Италија компјутерчето покажува или километража или навигација, па во едно наше тракатанче да неможе да најдеш негативни страни? Ако се лажеме. Не е воопшто интересно...

Мора да пробам нешто калничиња некои да најдам за мојата... :) Или спојлер...

Не е точно дека никаде не ја покажува брзината кога си во навигација мод.

Запримети на левиот екран долу десно. 0км/ч
И кларксон кога ја тестира и кога го кажува тоа, долу на екранот се гледа брзината дигитално колкава е. Гледај го убаво, ќе видиш.