Има не дека нема работи што ме нервираат.
1. Тоа вртелешката преку која се влага во менито на климатроникот, кога е топло фаќа убаво или од втоира трета максимум, а на ладно може и 10 мин да стискаш и да неможеш да влезеш во менито.Ја вртиш еднаш да пуштиш на 1 да дува тоа пушта на 4 пример итн.
2. Некое глупо крцкање и последно време од тапацирите на задните врати, гепекот или задните седишта, само на груби нерамнини
3. Троши у П.М.(ама затоа имам плин)
4. Треба да сменам внатрешни спони и термостат.
5. Викендов у Берово на татко ми скроз му цркнал акумулаторот, го сменил, и сега на малиот дисплеј што сигнализира за отворена врата, прегорена сијалица. недостиг на уље итн, кога свети за отворена врата на пр, покрај тоа има една неартикулисана форма(која мислам дека знам како да ја средам.)
6. што ми се заебани гумчките (даљинското) на клучевите, па неможам баш јас кога сакам да заклучувам и отклучувам. (ама и тоа е решено, нарачани се, благодарение на некој членови на форумов).
7. Што колата ми сигнализира дури и кога ми се иде у ВЦ да ми простите. Пример кога тргнувам прво десет пати кликам на ок на дисплејот за да ми се изгубат сите глупости, пример. Дека имам помлаку од 50 км на бензин, дека имам малку течност за брисачи, дека имам прегорена позиција, дека темп. е под 3 степени па може да е лизгаво итн.
И на крај, си ја сакам старата Вектра,колата имаше се што требаше да има на неа, а да не биде комплицирано и да те нервира,башка што трошеше малку, тромичка беше низ град ама на отворено беше неприкосновена, далеку од брза но сосема доволна за комотно возење.