Прва кола ми беше Пунто II, 1.2 16V. Ја возев цела зима без возачка, и не ги заприметував маните бидејќи кефот е голем. Со спортски лонец вадеше и добар звук.
- Се однесуваше како да е на дрвени тркала - по дупките се ака, а по кривини се навалува (мислам дека не беа сменати амортизери, 153 000км, јбг)
- Звукот од лонецот пречеше при подолго возење
- Еднаш дувнат дихтон и изгорен вентил - тоа се среди, доби и рамнета/спуштена декла, моторчето беше како ново)
- Чуден но прекрасен кумплунг, бараше внимание бидејќи фаќаше на средина но многу нагло, како на тркачка кола. Од друга страна затоа имаше чудо од мењач и колку брзо дозволуваше промена на брзина
- Тресење на воланот над 140 од кое никогаш не се отарасив
Трампа, со Гранде Пунто кое сега го имам, и некои работи ме нервираат:
- Друк лагерот
- Во ентериерот една од сијаличките за парното знае да се исклучи, чукни малце и ок е
- Кога вртам брзо во место, има некој звук, најверојатно е сличен проблем како кај Scorpion на неговото гранде пунто, треба да се сменат некои гумици
- Со фабричките 17ки, тврдо камен, до охрид ако одиш бубрезите на дијализа, малце бучна суспензиј. Но, неверојатно стабилно
- Бучен мотор при повисоки обртаи. Дали јас се навикнав на звукот или шо е, незнам.
- Неверојатно многу се валка задното стакло
Колата повеќе иди до израз на отворен пат, од колку низ град.