Автор Тема: Мојата кола е тапа...!  (Прочитано 229657 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #30 на: 19 Ноември 2011, 21:15:47 pm »
- Возачкото седиште треба делумно да се претапацира.

За овој проблем има решение во комшии...И тоа професионалец!!!

Кога би требал да пишувам за негативни работи за 306-ката ондак тоа би биле следниве:
-Бучен мотор, што е типично за француз, + бензинец...Тука нема муабет.
-На поминати 156 до 20к километри, сигурно ке треба замена на некој стабилизатор (500 денари комад)...
-Исто така знаат да страдаат и гумици на виљушки (350 денари по виљушка)

Друго спектакуларно околу маани не би можел да наведам, освен лоши мајстори кој не знаат да работат...
Инаку за 230 000 км, сменето на колата е:
(на 180 000 така да речам голем сервис)
-Ламела, потисна и друк лагер (заборавив)
-Спојнички лагер - мењач и мотор (400 денари лагер, а рука 100 евра)
-Дискови, плочки (околу 4500)
-Ребраст, клинаст, затегач, свекици
-Дихтунг на поклопец и духтунг на глава (лигавеше уље од кај гумицата која го дихтува каналот низ кој поминува уљето), а пошто сум невидена пицајзла и педантерија, тоа страшно ме нервираше и болен бев додека не го средив. Штом отворив мотор ставив и нови гумици на вентили за да биде се како што треба (Направено на 200000 км)
-Торзија средена комплетно од А до Ш (Направено на 200000 км) околу 300 евра
-Заменети задни клипчиња и гуртни (50 евра)
-Заменет заден лонец
-Заменета полуосовина (150 евра)
-Сменети лева и десна јабучица , гумици на баланштангла и стабилизатори (околу 4000 денари)
-Заменето моторче за прскање вода на брисачи

Ова е одприлике све што е заменето за 10 години возење на колата.
Дали е многу или не, оценете вие...
Моторот од 1.6 е одличен за каросеријата...И товарен и празен, со туле, кука со точаци, приколка итн :)
Гуми не спомнувам, пошто тоа е потрошен материјал, мада и еден куп други работи ги пишав.

На 206-ката како недостаток можам да ги кажам овие работи:
-Многу полоша изработка во споредба со 306-ката, ентериер, тапацири итн
-Како мана би ја навел бомбината која по статистика лесно се сјебува кај овие коли
-Седиштата се како кај грото коли - како да седиш на клупа, за разлика од 306-ката кај која седиштата се кади, барем на мојата

За година дена како ја имам сменето е:
На 52 000 км:
-Комплет каиши, затегачи, филтри, свекици, уље (300 евра во овластен сервис)
-Бомбина (100 евра)

Другите работи сега за сега се ок.
Моторот од 1.4 е солиден за оваа каросерија.

Темава нема да ја гушам со позитивни особини затоа што и местото не им е тука :))

А и ке ми треба релативно многу време за да изгубам за пишување...
Идам да кснам, а после ке се навратам да дадам критики за Фиат Добло 1.3 ЈТД и Цитроен Немо 1.4 ХДИ...


Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Dejan_156 alfista

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #31 на: 19 Ноември 2011, 21:31:50 pm »
Епа ајде и ја да кажам некој недостатоци
нерамномерно работи термостатот варира температурата и споро загрева првите 5-10 мин смрзнувачка термостат мана на алфа, при палење варијаторот некој 1-2 секунди тропа па се смирува, долните виљушки отидени и не е чудно на овие улици, потрошња бензин од 10-11 во град што мене не ми е многу со оглед на таа коњажа и сила што ја дава моторот, и уште една мана според мене најголема при возење во некоја си брзина да речеме 4та ја избациш и ја оставиш во лер гаста варира од 1300рпм -800 што страшно ме нервира ама тој проблем никој не може да го реши па си терам така се тешам што не праи стално. што се однесува до пофалби има многу ама не е тука соодветно да пишувам зашто темата е друга.. ;D
Djevojka može da bude sa sela,
al' auto mora da bude iz Italije! ♥

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #32 на: 19 Ноември 2011, 21:40:45 pm »
мене на моево сеатче најголема нервоза ми праи таа ебана тврда амортизација, која со 16 фабрички и 45ка гума премногу ми лупа по скопскиве улици. Кога ке ги сменам на 15ки со зимските гуми мислам дека се возам во француз :D

Моторот воглавно за низ град и лагана вожња надвор е ок да имаше уште 20кс ке беше оптимум

проблеми некои сум немал сепак само 52К има поминато

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #33 на: 19 Ноември 2011, 21:48:15 pm »
1. Даеву Шевролет Спарк 0,8л 51кс, 67нм вртежен момент. Прва кола која сум ја купил со сопрствен буџет за чисто мои потреби. За нова кола со фул опрема и цена до 7500 евра немаше многу избор. Подоцна некој месец излезе Хундаи и10 ама после тест возењето не сум пишман. Има неколку фалинки колата кои се сосем оправдани за мало и евтино, да не речам корејско возило:
- не сум задоволен од задните амортизери. Многу се бучни. Размислувам на пролет да најдам сервис за амортизери, да ги проверат и да ги заменам со нешто потивко. Кога возам по јужен булевар секоја пукнатина на улицата ми мава директ во мозок. Ова многу повеќе ме мачеше порано но сега изгледа дека се навикнав.
- колата е 870 кила тешка, а моторот е 800 кубика и 51 коњска сила, што е тотално бедно. Сепак е подобро отколку југо но не ме задоволува. За низ град е добро ама за на отворено на магистрален пат е очајно. На автопат нема проблем, но штом се јави нагорнина или потрба од претекнување неуспешните обиди за претекнување со 5-та брзина многу нервираат
- пропорциите на менувачот и брзините се многу кратки, што е својствено за градско возило со ниска потрошувачка и слаб мотор. Низ град не ми пречи, дури е и предност но за на оторено е проблем. Во 5-та брзина при 90км/ч има 3000 вртежи, при 100км/ч има 3400 вртежи, а преи 115км/ч има 4000 вртежи. Ме нервира да возам со релативно нормална брзина на отворено а моторот да врти со 4к вртежи.
- климата е слаба. Треба многу возење со климата на максимум за да се излади колата особоно ако е стоена на сонце
- стабилноста не е задоволителна. Колата е висока а тесна, нема ЕСП што е одличен рецепт за беља при непромислени маневри при поголеми брзини. Кога ги имав фабричките пластични Кумхо  гуми, повеќе пролизгуваше што лесно го контролирав а полесно беше и намерно да се стави во пролизгување. Сега со Мишелинот ја осеќам реалната можност од многу полесно превртување

Позитивни страни кои позитивно ме изненадија:
- многу тивок мотор. Особено на отворено буквално никаков звук од моторот не се чувствува. Немам абсолутно никакви проблеми со подолги патувања, дури е и пријатно чувството на лебдење
- потрошувачката е исто така јака страна, 6,5л до 7,5л бензин во град лето-зимо. Кога би живеел некаде во карпош или аеродром ил ина периферија кога би имал слободно место за паркирање сигурен сум дека потрошувачката би паднала на 6л
- не знам дали постои друга кола со толку евтин сервис. 2л масло и 160 денари филтер за масло
- кочењето е многу сигурно и предвидливо. Неколку пати сум се прашувал како сум прошол без сообраќајка

До сега 4 години и 40.000 километри колата се покажа беспрекорно квалитетно без ниеден дефект

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #34 на: 19 Ноември 2011, 22:01:23 pm »
- Тресење на воланот над 140 од кое никогаш не се отарасив

Кога воланот тресе само на големи брзини, тоа обично значи дека некоја полуосовина е мааааалку, микроскопски искривена (вероватно на некоја дупка).

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #35 на: 19 Ноември 2011, 22:03:25 pm »
Кога го читам сево ова, се чудам на сите полемики    xxxxx vs yyyy.... ;D

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #36 на: 19 Ноември 2011, 22:36:04 pm »
Кога го читам сево ова, се чудам на сите полемики    xxxxx vs yyyy.... ;D
Маршер, тука си во право, тука ше се види дека колите се железо, се расипуваат и се прават, ние сме фанатиците шти си ги мериме на маса ;D

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #37 на: 19 Ноември 2011, 22:46:01 pm »
Да се навратам на уште неколку модели за да упатам критики.

Фиат Добло 1.9 Д
За 150 000 сменети се 3 бош пумпи :)
Задна баланштангла сменета 3 пати...
Пукање на црева и други ситници.
Споро и тромаво.


Фиат Добло 1.3 ЈТД
Бучно што е чудно за еден дизел...
Моторот вришти како на бензинец, и уште повеќе...
Голема потрошувачка - Град во просек од 8-9 а на отворено со возење до 110 од 5,7 па нагоре, а при брзина поголема од 110 120, потрошувачката оди над 6,5 литра.
Многу тврда вожња, доста неудобна.
Ефтина изработка, многу многу пластика, никакви тапацири на вратите
Многу неудобни седишта и лошо изработени.
Нема ролетна односно капак за да го покрие багажниот простор.
Колата не се загрева...И треба многу време за да постигне работна температура и да почне да дува парно.

Цитроен Немо 1.4 ХДИ
Ефтина изработка, ефтина пластика, но далеку поинтересен дизајн за разлика од доблото.
Мал багажен простор.
Нема ролетна односно капак за да го покрие багажниот простор.
Немање на централна брава и прозори на дугме.
Заборавив да кажам дека мењачот прва фтора е тапа невидена...за натака е Ок, али на мала узгорница ако не ставиш у прва, гарант ти застанува, не оди и ке ти угасне.
Лоша прегледност од страна и позади заради немање на задни прозорци
« Последно менување: 20 Ноември 2011, 17:11:38 pm SaleSk »
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #38 на: 19 Ноември 2011, 22:58:00 pm »
На татко ми ладата ја утепавме од акање, јадната да имаше уста у пм ќе не отераше.
Немам коментар за таа кола, маани има 100 ама Лада е, значи не се бројат маните, купи си лада, фрли го карбураторот у Вардар стај си плин и тераш најевтино од сите 9л на 100км плин.

Либрата е моја прва кола од мои пари, гледав Лагуна, алфа 147, за малку ќе оставев капар за Мондео 2,0 бензин ама кога ја поразгледав либрата немаше веќе двоумење.

+ Лукс ентериер,
+ Опрема,
+ Средно мека вожња но сепак лежи во кривини,
+ Сила,
+++ BOSE, all mighty BOSE!!!
+ Задната клупа многу удобна,
+ Потрошња просек 7л.

- Бучен е моторот на повисоки обртаи, можда за тоа што е V5,
- Не ми се свиѓа звучната изолација внатре на повисоки брзини на автопат, низ град сосем спротивно е,
- Не дека е минус ама мењачот е со подолг од, но не е колата наменета за драг,
- Малку е високо седењето ама и јас сум 200цм но сепак само уште некој сантим фали пониско.
- 5,5л уље собира  ;D кој ми е крив  :D

Друго не ми текнува...
 

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #39 на: 19 Ноември 2011, 23:14:05 pm »
 ;
Кога го читам сево ова, се чудам на сите полемики    xxxxx vs yyyy.... ;D
Маршер, тука си во право, тука ше се види дека колите се железо, се расипуваат и се прават, ние сме фанатиците шти си ги мериме на маса ;D
Токму така..... ;D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #40 на: 19 Ноември 2011, 23:27:20 pm »
Pirat,кај мене 7л масло собира---никој не ти е крив  :D :D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #41 на: 20 Ноември 2011, 04:03:32 am »
Мојата кола не припаѓа во темава, пошто не соодветсвува со името на истата ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен NetworX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 929
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #42 на: 20 Ноември 2011, 05:22:37 am »
Епа вака... и јас да ви се исповедам,
Имам 2 коли ко што знаете поголемиот дел од вас Skoda Felacio и Tico

Да, не се којзнае какви коли но вршат работа.

Паа да почнеме со шкодата.
Мааалата добра страна.
+ Иако колата има поминато 170000км кои голем дел се во град до сега немала ниту еден голем квар.
+ Вожњата е удобна мека, не тропа на дупки а сепак држи во кривини
+ Удобни седишта, не се ко на мерцедес ама добри се.
+ Евтина за оддржување.
+ Тивка е

Негативности (бајаги ги има...)

- Слаб мотор за таа кола 1.3 65Hp со 15 мртви од плинот :)
- Голема потрошувачка во град 9.5 10 во град.
- Лош менувач
- Нема клима, серво, ел на прозори
- итн...

Ај сега Тикото:

+ Стартно е У ПМ за таква кола
+ Со 800 кубика не троши многу 5.5/6.5 лето/зимо
+ Евтино за оддржување
+ Моторот е одличен кога станува збор за кварови (иако нема многу поминато до сега ништо му немаме сменето освен масло кабли и свеќици)
 
- Бучно е зашто е лименка лименкосана и нема воопшто изолација.
- Стабилност, НЕМА
- Удобност... па напред не е лошо ама позади не е удобно ако си 180цм+
- Простор во за багаж никаков, можеш само еден куфер да ставиш и ништо повеќе, а ако ја спуштиш клушата се претвара во мини компбе :)
- Лошо исфарбана каросерија, фаќа ’рѓа ако мавнало некое камче по силно
- Интериер? Кој интериер?.
Dear God. Thank you for providing us with the direct-port nitrous injection, 4 core intercoolers, ball bearing turbos, and titanium valve springs, Amen.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2746
  • Слобода или смрт
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #43 на: 20 Ноември 2011, 13:35:17 pm »
Ајде да видиме колку страни ќе испаднат за кадетот. :D

-Генерално има слаби кочници. Доволно е да кажам дека секаде се гуртни дури и напред. А нема ни вакум пумпа па секој допир со кочница е приказна сам по себе. Инаку сите други кадети имаат дискови напред и вакум пумпа само мојот нема!
- Мотор од само 1000 кубика и 40 коњи. И згора на се 300 000 во газот без ремонт и 36 години.. ма каков ремонт тоа е мисловна именка на него дури и вентилите му се штелувани последен пат пред десетина години. Заклучок све во него е раштимано. Компресија е непозната од некоја сосема тешка равенка.. кабли за свеќици прелепувани а некои беа изгорени па две заменивме другите кога ќе изгорат.. и да не заменивме со нови туку старите од 101 што го возел татко ми до 90 ги ставивме пред некој месец. ги чувал хаха
- Гумите? Е они се посебна приказна. Буквално се од минатиот милениум на некои од нив пишува made in yugoslavia. Доволно ви кажува за староста. :D
- Во последно време почна да зеза вентилаторот на парното па знае некогаш да свири. Обично кога долго не е пуштано запече па откако ќе се пушти свири некое време.
- ламелата е при крај. секогаш кога ќе седнам во него татко ми мисли дали ќе издржи ламелата :D
- Менувачот има интересна положба. Но кога ќе се навикнеш на него после си е супер.
- предни седишта.. катастрофа!

Генерално во кадетот со години не е ништо бркнато посериозно да се замени па се е дотраено доста години и километри се во прашање. Не се сменети ни гумите а камо ли амортизери и остало.. а има пројдено премногу време а и често знаеме да го товареме до максимум.
И пак никогаш не се јавува дилема ако треба да се оди некаде. Никогаш не се расипал да не остави на пат. А србија му беше стална дестинација до пред 3 години имав дедо во београд. Исто и за одмор кога треба.
Со сите овие фактори јас најодговорно тврдам дека без проблем може да тргнам со него и на подолги патувања.
Заклучок пробајте да си замислите кола на која ништо не е променето со години.. секако дека има маани но има некаков посебен шмек возењето во него. Во автошколата возев ц3 и пежо 206 али кадетот е посебно нешто. Сосема поинакво чувство имаш во него.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7275
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #44 на: 20 Ноември 2011, 13:44:06 pm »
Воглавно сум задоволен од Леонтина, али..

- Возачкото седиште треба делумно да се претапацира.


Е треба, многу клецаш ...  8)
Кога го читам сево ова, се чудам на сите полемики   xxxxx vs yyyy.... ;D

Некои работи за колата ги дознаваш откако ке ја поседуваш колата одредено време ....
Земи го Спортекс за пример со неговиот ц4