Автор Тема: Мојата кола е тапа...!  (Прочитано 229661 пати)

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Мојата кола е тапа...!
« на: 19 Ноември 2011, 11:29:34 am »
Многумина од нас овде слепо си го бранат брендот што моментално го поседуваат.
Во тоа нема ништо лошо нити страшно!
Повеќето од нас си ги сакаат своите возила а тоа што го сакаш, нормално е да го браниш.

Но дали сте се запрашале, колкумина од нас си го бранат своето возило, не затоа што го сакаат и се задоволни од него, туку затоа што сакаат да си го оправдаат својот избор?
Дали има и такви?

Па сигурно дека има, прашање е само колку се тие спремни да си ја признаат својата грешка?

Секому може да му се случи да згреши, кој од недоволна информираност. кој од самоувереност, некого го понела еуфоријата и потпаднал под иммпресиите што ги остава првата средба со ново возило, и тн.

Без разлика на причините, такви случаеви имало и ќе има, но како што реков колку сме ние спремни јавно или под маската на нашето форумско име, накитено со омилениот аватар, да ги признаеме?

Признавање на грешка не со цел исповедување и исмејување, туку со цел да се помогне некому да не ја повтори истата грешка.

Еве јас ќе почнам прв.

2009 година купи Цитроен Ц 4, со основниот мотор од 1.4 литри и  90 Кс.
Во целина гледано, купуваш ново возило па ти останува да го пробаш и видиш како се понаша на пат, дали задоволува моторчето, ергономија во текот на возењето, како функционират сите тракатанци внатре и нормално спрема она што тебе ти треба и го очекуваш од возилото.

Со оглед на тоа дека имав возено доста автомобили (90% од нив беа со дизел мотори и над 2 литра кубикажа) се осеќав самоуверен и мислев дека нема да погрешам при изборот.
Да се разбереме, целта ми беше да купам фамилијарно возило од компакт класата, доволно за (тогаш) 4 члено семејство, а да не е поскапо од 13.000 евра, максимум14.000, зато ашто за 15.000 па нагоре имав поволни понуди од странство на за две класи подобри возила но сепак половни.

Го провозев она што ми беше дадено за пробно возило, прво низ Скопје а потоа излегов и на автопат.
Со оглед дека ме оставија сам да се возам, ме немаше едно добри 2 часа.
Првите впечатоци беа добри. Завршна обработка повеќе од солидна, ефтина пластика имаше на предната конзола кај радиото и на воланот, се друго беше фино и меко на допир. Се функционираше меко и убао, сите команди сета електроника која патем ја имаше на претек, работеше тип топ.

Мотор како за 1.4 не беше лош, чак што више бев пријатно изненаден. За неговите 1.4 литри и 90 коњи супер си бркаше работа.
1.6 ХДИ беше мнооогу попримамлива варијанта ама и 2.500 евра поскапа а и не сакаа да чујат за попуст.
Од пуста самоувереност не ми текна да прашам дали тест возилото што ми го дадоа да го возам е 1.4 или 1.6 ??
Јас бев уверен дека е 1.4 у ствари не ни помислив дека може да е 1.6 што после се покажа дека е така, кога отидов на прв сервис и поразговарав со дечките, ама веќе беше касно.

Нејсе, Тогаш за тогаш немав многу потреба од патување со сопствено возило бидејќи имав службено на користење, значи град и тек тук надвор до Скопје ваму таму.
Со тогашната цена од 12.800 ЕВРА за 1.4 моторот со металик боја, алу фелни, клима, електрика на прозори, подесување седишта, волани, магленки, темпомат, лимитер на брзина и сл, ми се виде како супер опција.
Сотоа што примаа пари на рака и плус делнавме нешто као попустче, ми дојде ептен петка.

Се арно се убаво, додека не почнаа проблемите со електрониката, борд комјутер, помошен дисплеј и така натаму. Од кога тоа се направи се појави потреба да патувам почесто надвор од државава со сопствена кола и тогаш тињата од мотор си дојде до израз. Нити можеш ко човек да претицаш, нити е пријатно да се возиш во неа ако тераш над 120 (бучи), нити потрошњата е на некое прифатливо ниво.
Се на се, на горниште ако успориш мораш и втора да ставиш па додека земеш залет ќе се усереш, не можеш да претицаш ако нема 300 метра бришан простор пред тебе и сето тоа уз просечна потрошња од 10 литра.

Повторниот дефект на електрониката (цркна скроз борд компјутерот) ме наведе на озбилно размислување да ја сменам колата.
А кога после еден обилен дожд почна да ми покажува дека вратата не ми е затворена, дека немам доволно течност во кочниците, дека горивото ми е на резерва, дека акумулаторот ми е празен, решив да ја однесам на сервис да ја направат за последен пат и да ја продадам.

Со оглед на тоа дека пред тоа имав скоро две години возено Ксантија 1.8 која ми беше оставена на располагање, си мислев дека нема утка што се однесува до квалитетот на изработката и доверливоста. За моторот не бев баш најсреќен но со оглед на цената која ја имаше тогаш возилото и дека нема потреба од многу патување надвор, ми изгледаше како супер опција во однос вложено-добиено.

Доста мои пријатели ме убедуваа да не земам Цитроен, посебно не Ц4 поради проблеми кои ги имале со електрониката ама јас едноставно останав глув на нивните совети.

После 15 месеци го продадов Цитроенот со поминати 20.000 Км, направени два сервиса редовни и 4 вонредни од кои едниот траеше цели два месеци, Купен за 12.600 неофицијално (официјално 12.800) а продаден за 8.000 евра (замена старо за ново).

Знам дека темава нема да има многу приврзаници, особено во поглед на отворање на душата да си кажат она што навистина го мислат, и тоа нјповеќе од страв од исмејување и омаловањување, но сепак, мое е да пробам! :)



« Последно менување: 19 Ноември 2011, 12:40:32 pm Sportex »

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5543
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1 на: 19 Ноември 2011, 12:38:41 pm »
Eve jas da si pisam za sebe.
Se mislev edno vreme dali da zemam 1.8 motor ili da si zemam oprema za tie pari, razlikata vo cena beshe kolku sto ja plativ opremata i plus pola od sumata sto ja potrosiv za bandashite i gumite.

Se odluciva za vtoroto samo zaradi toa sto so 1.8 ne doaga 6st stepen menuvac tuku istiot 5 stepen.
A edinstveno nesto sto mi fali na Lancerot e 6ta brzina toa za na otvoren pat.

Gumite bea tinja (fabrickite) ali eve i tie se zamenija i sega mi e top.

Zadovolen od voznja, prostor vnatre i udobnost, posebno od zadnata klupa za koja dobivam mnogu pofalbi, zaradi polozbata za sedenje i delot na sedistata sto e dodaden megu vratata i sedisteto, toa ja pravi cela razlika.

Znam deka za tie pari sto gi dadov mozev da si zemam dieselce od nekoj drug proizvoditel, ali sepak benzin si e benzin, postartno, so pomalku problemi zaradi kvalitet na gorivo.

Ce na se sum zadovolen i ne se kaam za izborot, normalno ima nekoj falinki sto gi navedov pogore, ali toa mi e normalna rabota zasto sto i da kupish ne mozesh da bides 100% zadovolen.

Sega koga bi kupuval, bi odbral Lancer, ali seriozno bi razmislil za 1.8 diesel motorot zasto e odlicen motor.

Overall, ne deka branam brend, ali sum zadovolen od kupuvanjeto, go dobiv toa sto go barav od parite.



Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7275
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #2 на: 19 Ноември 2011, 13:38:30 pm »
ja oва веќе го пишав, ке си го пишам и пак ....

Ко средношколец, веднаш карши школата имаше типац со Opel Astra GTC ....
Колата немаше на кого не ми носеше воздишки ... Една од првите во Куманово ...

Беше најдоброто нешто што излегло како ново купе ...

Нормално, првите 9 000 Е што си ги заработив, отидоа на Астрата, и тоа од истиот момак кој ја купи првата, ја истумба, па зеде втора(мојата) ...
Нит гледав опрема што после се покажа како грешка, ама како што кажа Спортекс, те носи еуфорија, а и ја зелен, детиште ...

Мани на колата ...

Пред се, моторот 1.4, 90 кс, добар е за во град, ама ја нема онаа потребна сила да се искубеш од ситуација ....
Кога сакаш да претекнеш некого, мака намачиш ...
Кога се враќав од Грција, со уште 4 особи, плус багаж, ми требаше 25 минути да поминам шлепер ....

Голфот за тоа е неприкосновен ....
Второто нешто е што нема дискови на задниот трап ...

втората кола што ја имам дома е знаете сите, лимитираната серија на ГТИ, и оставам времето да покаже ....
Сега за сега ми изгледа како одлична одлука да го купам ... :)

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #3 на: 19 Ноември 2011, 14:26:02 pm »
Алфицава е прва кола што е купена во мое семејство по моја иницијатива. Ја купив од дечко болен за одржани коли, кој не сакал апсолутно ништо да му фали на возилото, и за тоа сум му многу благодарен.

Изборот не го спорам, нити сакам да докажам на луѓето дека не сум згрешил, зошто тоа го знам. Мене оваа марка на автомобили ми лежи и почињам да ги учам како дишат, со сите нивни позитиви и негативи.

Како и секоја кола, и мојата има мани:
- 1.4 мотор слаб за каросеријата
- треба да се посветува константно внимание во сите области на механика и електроника (мене тоа лично ми одговара зошто времето поминато со колата не го сметам за изгубено)
- стара е
- има тврда вожња... и така натаму.

Овие мани за некого се иритирачки и никогаш не би можел да живее со таков автомобил, но јас и стариот сме навикнати до тој степен, што откако ја продадовме првата Алфа и купивме Лагуна, овие особини и те како ни недостигаа. Беше очајна за возење, не оставаше простор да се врткаш околу неа и да пазиш дали се е во најдобар ред, вожњата внатре беше досадна... И затоа (и зашто почна да гние и да се распаѓа), решивме да ја продадеме. Со лимитиран буџет тргнавме накај Скопје во потрага по Алфа, и откако разгледавме најмалце 10-12 коли, се решивме за оваа. Имав чест да ги предадам парите на Дејан, и враќајќи се накај Гостивар да осетам среќа која долго ќе остане во меморија. Боксер мотор кој рика на 7000 rpm при брзина од 190 km/h.

Сума сумарум, НЕ ЖАЛАМ што ги дадов парите за колава. Никогаш нема ни да жалам, зошто после само неколку месеци се заљубив во неа и во срце ме заболе кога ми налета шахта и ја нагмечив издувната грана. Вечерта око не склопив и во школо бев крајно непродуктивен. Откако (делимично) ја средив, ми се врати душата.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8532
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #4 на: 19 Ноември 2011, 15:13:24 pm »
Ако уште еднаш ми се случи квар со алфава поозбилен како овој со вентиливе, ќе има што да пишам. Еднаш се случува и се простува.

Сега за сега сум задоволен. Нормално осетлива кола но некои работи како звукот и вожњата осетот на папучата неможат многу коли да го дадат, не дека неможат има коли многу пообри но сигурно нема коли од таа цена. Доста километри поминав доста малтретирање помина колата. 4 луѓе пуна кола багаж, легната скроз, 800 километри и натака и навака. Не писна супер ги извозе.

Деловите кој сакада верува и не се така скапи, може да прбаме некогаш и да израчунаме и ќе видите дека нема толку скапи делови.

Проблемот кај мојата алфа се случи како што кажаа повеќе механичари кои го видоа отворен моторот од стоење на колата и невозење долго време. Се заглавило рѓа вовентилите заглавил и изгорел.

Многу случнав викаат вентилот скршен. Ако бил скршен ќе беа и цилиндри и клипови искршени а кај мене само фалеше изгорениот дел од вентилот кој сигуено беше изгорен пошто нигде го немаше.

Многумина незнаат но мене Алфата со изгорен вентил ме однесе од првата патарина Тетово па се до Охрид и наза до Скопје. Тоа било која кола не го може. Ипак и тоа е за почит.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #5 на: 19 Ноември 2011, 15:13:49 pm »
ќе почнам од мојата прва кола, во 2001 година кога првпат се дозволи увоз на стари возила, од дома ми дадоа буџет од 4000 евра за да си купам кола, на почеток сакав да земам голф 3, ама голфовите тогаш одеа по 6000 до 7000 евра и тие што ги гледав беа скапаници, па затоа се одлучив за клиото и искрено никогаш не сум се покајал што ја одбрав таа кола, ја возев 10 години без никакви проблеми, сега ја вози татко ми, колата иако 1.2 мотор со 43 kw е доста стартна и брза барем до кај 140 km/h, што за низ град е повеќе од доволно, што ми сметаше кај колата:
1. на колата скоро сите делови беа фабричките и беа дотрајани, па така во старт имав доста трошоци
2. ентериерот беше многу застарен за тоа време, премногу пластичен и има доста крцкање
3. колата има многу нежно подвозје и често менував лагери и зглобови

освен тоа немам други забелешки за колата, за скоро планирам да ја продавам, па тој што ќе ја купи мислам дека ќе ја изнавози.


Мојата втора кола е кангуто, купено е наменски како транспортно возило, го имам една година, задоволен сум во смисла што досега имам сменето само гуми и масло, инаку има одлична комоција во него се осеќам како во дневна соба, потрошувачката е добра и моторот одлично влече, не сум задоволен од следните работи:

1. проблемот што оди во лимп мод на топло време кога возам на удолница на помали обртаи.
2. возачката врата не се затвара на прво, морам уште еднаш да ја повлечам
3. колцето што го регулира парното дали да дува или да го прекине дувањето во кабината, е заглавено некаде на пола и не функционира
4. нема клима

од мојата трета кола пумата не сум задоволен само од една работа, корозијата, но затоа се друго е перфектно на колата, а корозијата планирам за брзо да ја средам.

Генерално сум задоволен од сите три коли што досега сум ги избрал, за парите што сум ги имал, сигурно можело и подобро, но по природа сум нестрплив и најчесто првата кола што ќе одам да ја видам ако ми се допадне ја купувам

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5543
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #6 на: 19 Ноември 2011, 15:39:47 pm »
Ако уште еднаш ми се случи квар со алфава поозбилен како овој со вентиливе, ќе има што да пишам. Еднаш се случува и се простува.

Сега за сега сум задоволен. Нормално осетлива кола но некои работи како звукот и вожњата осетот на папучата неможат многу коли да го дадат, не дека неможат има коли многу пообри но сигурно нема коли од таа цена. Доста километри поминав доста малтретирање помина колата. 4 луѓе пуна кола багаж, легната скроз, 800 километри и натака и навака. Не писна супер ги извозе.

Деловите кој сакада верува и не се така скапи, може да прбаме некогаш и да израчунаме и ќе видите дека нема толку скапи делови.

Проблемот кај мојата алфа се случи како што кажаа повеќе механичари кои го видоа отворен моторот од стоење на колата и невозење долго време. Се заглавило рѓа вовентилите заглавил и изгорел.

Многу случнав викаат вентилот скршен. Ако бил скршен ќе беа и цилиндри и клипови искршени а кај мене само фалеше изгорениот дел од вентилот кој сигуено беше изгорен пошто нигде го немаше.

Многумина незнаат но мене Алфата со изгорен вентил ме однесе од првата патарина Тетово па се до Охрид и наза до Скопје. Тоа било која кола не го може. Ипак и тоа е за почит.
Kolku vreme alfata ne bila vozena?
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #7 на: 19 Ноември 2011, 15:48:31 pm »
Ај и јас да си кажам за БМВ-то...Кога ја продадов Алфата барав стриктно дизел и тоа јак дизел...Отидов гледав Алфа 156 2.4џтд,готов бев да ја земам ама пошо колата беше 2000евра и плус 2000 да ја префрлам на Мак.табли,се премислив и падна одлуката на БМВ-то,кое се на се ме фати 3100евра(со се табли)...е сега пофалби за БМВ-то
-Мека вожња,удобна,тивка(само моторот се осеќа при 200км/х,и при високи обртаи)  ;D,дупки не се осеќаат,значи нема тропање,лупање и слично иако возилото е 95година и со ХХХХХХ км поминати
-Моторот е перфектен,снага имаш кога сакаш и колку сакаш  ;) ;D,а притоа потрошувачка повеќе од задоволителна
Од шо не сум задоволен-----Од НИШТО(само од корозијата),значи комплетно сум задоволен од колата,за тие пари не верувам дека има нешто подобро да се земи,е сега шо имам поправено до сега и шо треба да поправам
-сменети се некои гумици на бош пумпата(пошо капеше нафта по малку),и тоа не не сум имал друга поправка....а треба да направам
-да го исфарбам,пошо стварно има потреба од тоа,
-да си наместам отпорник на перката за климата(да си го лади фреонот)
-и на задните тркала треба да им ги наместам тие ‘ламарините‘ кои ги држат плочките(едната е во ред,другата не е во ред,ама јас ке ги сменам двете),тоа е се
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #8 на: 19 Ноември 2011, 15:51:36 pm »
Alfa 147 1.9 ЈТД е првата кола што сум ја купил и е лично моја.

Како и многу други така и јас, долго време барав кола, имав лимитиран буџет, и нормално го барав најдоброто за моите пари (value for money) башка и прва кола купувам во мојот живот. Никогаш не сум ни помислувал дека ќе купам Алфа, ниту пак некој во мојата фамилија имал.

После 3-4 месеци, и ~3000 км поминати можам да ги истакнам следниве недостатоци:

1. Лоша изведба на горните виљушки (ситуација кај 147/156/ГТ), што резултира со пократок век на траење, и кај мене моментално Алфата е во распеано разположение ;D од звук на гума што се трие, во ситуации кога има нерамнини на патот ~ . Ова дојде до израз со опаѓањето на температурите, и за оваа маана не бев свесен кога ја купував. Секако нашите патишта и 17“ фелни си го прават своето, али јбг со такви ја купив.
Решение: пред монтирање на нови или репарирање на постоечките, обавезно силиконска маст на се што е гумено. Цена со работна рака; 3000 за репарирани и 6000 нови за лев и десен.

2. Совозачкиот електричен прозор нешто споро ми иде откако температуриве отидоа -, јбг и така не ми требаат зимно време ;D  а на пролет, ќе ги отворам тапацирот, и ќе подмачкаме со силиконски спреј гумите и со уље механиката, и нормално убаво чистење на сите првњаштини што го кочат.

3. Колата си бара центрирање и на предницата и задницата.


За мене ова е прифатливо како недостаток, од причина што секоја кола ги има (нормално освен Гољф :D ;D) и предностите ги надминуваат недостатоците.

п.с. Клабери, темава е само за недостатоци, колку и да сакаме да ја пофалиме, некако тука не е место. Или да ја преименуваме темата или да си отвориме нова ;)

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #9 на: 19 Ноември 2011, 16:08:38 pm »
Од кога го имаме голфот,скоро година дена можам да кажам:
Како секоја кола што има мани има и оваа,па ке истакнам што намногу не ми се допаѓа
-Бучниот вентилатор за парното греење
-Бучавата во кабината при повисоки обртаи
-Гепекот собира премногу прашина на задното стакло
-Тврдата вожња

Се на се голфот ни е доволен во фамилија,па така овие “проблеми“ не ни сметаат..пред се има одлично моторче од 90 кс ,коа е доста еластично,лесен за одржување,евтини делови, и најбитно има поцинкована шасија па нема покажано никаде рѓа,како н еговите врсници (ке ја зеам пумата на Деан за пример)
« Последно менување: 19 Ноември 2011, 18:04:25 pm JoveVW »
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #10 на: 19 Ноември 2011, 16:21:33 pm »
А од шо собира гепекот прашина...сигурно некаде не диктова убо  :D :D :D :D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #11 на: 19 Ноември 2011, 16:35:32 pm »
Ми се прља задната шофершајбна кога возам низ прљави улици...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #12 на: 19 Ноември 2011, 17:44:58 pm »
Секоја кола си има и свои негативни работи. До сега не можам да кажам дека посебно сум се заебал со некој избор, итаљаниве кај мене се покажаа доста солидно, Но, ќе го кажам примерот на брат ми со неговото Renault Laguna II 2.2. dci. По лемон кола од таа, не сум видел. Ја зема од на жена му татко и` (може дилот беше „земи ја колава - и ќерка ми ќе ти ја дадам“ :P) кој ја имаше од нова, а брат ми ја зема со 40-тина иљади км, со нецели 3 години. Уште кога ја зема имаше полн сервисен тефтер: акумулатор, дихтунг, прекидачи за врата, брава за гепек итн. Брат ми имаше една статистика дека од 12 месеци во годината, 1 месец му е колата во сервис - секоја година (ја имаше колата 3 години). Не можам да се сетам што се` имаше правено, ама доста работи беа :) жив среќен беше кога ја даде (пошто под цена не се вика продавање - него давање) и што се спаси од неа. Се надевам дека тоа ќе биде запаметен како единствен лемон во наша фамилија :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8532
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #13 на: 19 Ноември 2011, 17:46:29 pm »
Ако уште еднаш ми се случи квар со алфава поозбилен како овој со вентиливе, ќе има што да пишам. Еднаш се случува и се простува.

Сега за сега сум задоволен. Нормално осетлива кола но некои работи како звукот и вожњата осетот на папучата неможат многу коли да го дадат, не дека неможат има коли многу пообри но сигурно нема коли од таа цена. Доста километри поминав доста малтретирање помина колата. 4 луѓе пуна кола багаж, легната скроз, 800 километри и натака и навака. Не писна супер ги извозе.

Деловите кој сакада верува и не се така скапи, може да прбаме некогаш и да израчунаме и ќе видите дека нема толку скапи делови.

Проблемот кај мојата алфа се случи како што кажаа повеќе механичари кои го видоа отворен моторот од стоење на колата и невозење долго време. Се заглавило рѓа вовентилите заглавил и изгорел.

Многу случнав викаат вентилот скршен. Ако бил скршен ќе беа и цилиндри и клипови искршени а кај мене само фалеше изгорениот дел од вентилот кој сигуено беше изгорен пошто нигде го немаше.

Многумина незнаат но мене Алфата со изгорен вентил ме однесе од првата патарина Тетово па се до Охрид и наза до Скопје. Тоа било која кола не го може. Ипак и тоа е за почит.
Kolku vreme alfata ne bila vozena?


4 години.

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #14 на: 19 Ноември 2011, 18:04:04 pm »

А од шо собира гепекот прашина...сигурно некаде не диктова убо  :D :D :D :D
Дени одговори на  твоето прашање....Се прља задната шофешајбна т.е гепекот  :)

Ми се прља задната шофершајбна кога возам низ прљави улици...
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)