Денес прв проблем со меривата. Светна EPS додека стоев во место и изгуби серво. Ја угасив и ја запалив и сега е ок. Дали проблемот е до сервото или па слаб акумулатор. Некаде како да прочитав дека од слаб акумулатор се гаси прво сервото.
Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk
Пред 3/4 години ист проблем, во 99% од случаеви се палеше на паркинг, и се средуваше со гаси пали на мотор. Варираше и струјата.
Проблемот се среди со сервис на Алтернатор.
Сега после толку време (во меѓувреме само 3/4 пати можеби на кратко светна ЕПС) денес ми уклучи ЕПС во вожња и никако не се гаси.
Колата се вози ама знаеме како е со исклучено серво.
Моментално не сум во Скопје, се надевам ќе најдам некој да ја стави на компјутер да видиме грешка.
Совет за мајстор во Скопје.
П.С. пред 2/3 недели исто светна сијаличка кола со клуч, а пред месец дена батеријата (Акумулатор сменет пред 2 месеци).
Можно ли е пак да е до алтернаторот, напоменувам воопшто не се гаси ЕПС, скроз е различно од пред 3/4 години.
Се работи за Мерива 2006 година, 1.7 Дизел